Синозелени АФА алги

Кламатските синозелени алги се најбогата храна со хранливи материи која може да се најде на планетата, бидејќи содржат гликопротеини, витамини, минерали, прости јаглехидрати, липиди и биолошки активни ензими. Благодарејќи на хранливиот, мек клеточен ѕид на алгите, овие хранливи материи се лесно достапни и телото може брзо да ги искористи. Бидејќи телото користи само мала количина енергија за да ја претвори оваа суперхрана во гориво, консумирањето на кламатските синозелени алги е брз, ефикасен и енергичен начин да се подобри сечија исхрана. Откривањето на неверојатната хранлива вредност концентрирана во алгите АФА (Aphanizomenon Flos Aquae), дамнешни синозелени микроалги, ја популаризираше оваа храна богата со хранливи материи, констатирајќи дека содржи повеќе протеини, Б-12 и хлорофил од кој било друг извор на храна. Кламатските синозелени алги имаат комплетен нутритивен профил, достапен во форми кои се директно расположиви и подобри од сите други алги на пазарот, па заради тоа се наоѓаат во фокусот на вниманието на индустријата за здрава храна.

„Дојде времето за да се трошат повеќе средства во истражувањето на исхраната, за новата технологија за храна и начините како да се зголеми продуктивноста по хектар. Треба да ги истражиме начините за капитализирање на фотосинтезата и подобра употреба на сончевата енергија.“ Џејмс Кендрик Помладиот, поранешен потпретседател на катедрата за земјоделски науки на Универзитетот Беркли во Калифорнија.

АФА алгите содржат хранливи материи во изобилство, кои ги надополнуваат скриените недостатоци од нутриенти во Вашиот организам и го детоксифицираат Вашето тело. АФА алгите се најбогатата со нутритиенти и најлесно апсорбливата храна во светот, која има способност:

  • Да го забави предвремено стареење, да го поправи оштетувањето на клетките;
  • Ги елиминираат токсините и тешките метали кои се натрупале во ткивата со текот на времето;
  • Да помогне за одржување на нормален апетит;
  • Подобрување на менталното здравје и концентрација;
  • Зголемување на нивото на енергија и чувство на благосостојба и исполнетост;
  • Поддршка за враќање на младешкиот изглед, младешките чувства, и едноставно да овозможи Ваше подмладување;
  • Го зголемува и го прави посилен Вашиот имунолошки систем;
  • АФА алгите овозможуваат зголемување на нивото на НК клетките природни убијци за 40%, при редовно консумирање на алгите;
  • Помош за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта;
  • Овозможува оптимално функционирање на дигестивниот тракт, оптимално разложување на храната, здрава цревна флора какo и редовно празнење на дебелото црево;
  • Го стабилизира расположението и не дозволува да дојдете во состојба на депресија;
  • Поддршка на физичкото здравје и работоспособноста;
  • Со редовно консумирање АФА алгите овозможуваат да се изјасни и изостри Вашиот вид;
  • Овозможува одржување на здраво ниво на холестерол во крвта;
  • Обезбедуваат хранливи материи кои ги подобруваат метаболичките функции и овозможуваат оптимална размена на материи;
  • Буквално имаат способност да ја исчистат Вашата крв, да ја збогатат со хранливи материи, и да ја направат здрава и функционална;
  • Зголемете ја вашата издржливост и сила со АФА алгите.

Алгите зависат од директната сончева енергија, повеќе од која било друга храна. Колку и да изгледаат примитивни, најголемиот број од нив се високоефективни фотосинтетизери. Алгите ја користат светлосната енергија од сонцето (ефективноста на преобразување е поголема од 10%), јаглеродниот диоксид од воздухот и водородот од водата за да синтетизираат биохемикалии. Она според кое кламатските синозелени алги се единствени помеѓу сите други видови на алги, е тоа што тие го метаболизираат молекуларниот азот директно од воздухот за да произведат протеини и други биомолекули кои содржат азот.

Помеѓу неколку фамилии на алги, кламатските синозелени алги се во класата: цијано-бактерии (cyano-bacteria). Како низа од бисери, нивните клетки имаат желатински клеточен ѕид околу хлоропластот и протопластот на ДНК резервоарот. Алгите се класа сама за себе, манифестирајќи карактеристики и на растенија и на животни.

Жетва на природата

Кламатските синозелени алги, за разлика од култивираните алги, опстануваат сосема природно. Нивниот опстанок зависи од способноста сами да се репродуцираат како и нивната мистериозна способност да комуницираат со животната средина и нивното својство секоја да расцути од нишка. За време на рана есен, алгите сами се репродуцираат на секои четири дена, создавјќи масовно цветање, чија тежина може да достигне и до 90 милиони килограми годишно. Кламатските синозелени алги се собираат свежи од езерото секој ден, се прегледуваат за да се отстранат отпадоците и вишокот вода, потоа се микрофилтрираат за да се исчистат потенцијалните загадувачи и дури потоа се продолжува процесот за понатамошна обработка. Кламатските синозелени алги темелно се тестираат лабораториски, се сушат на ниска температура, никогаш топлински не се обработуваат и ги задржуваат сите неопходни биолошко-активни хранливи материи во природно-балансиран однос. Ова се должи на патентираниот процес на обработка на алгите, BioActive Dehidration®.

Основна храна

Преку плодоносното создавање на протеини и шеќери, алгите ја обезбедуваат основата на хранливите материи за развојниот екосистем на планетата. Како што алгите се размножуваат, така на земјата и ги даваат сировите материјали кои и се потребни за брзо создавање на покомлексни форми на живот.

Алгите, со илјадници години се јаделе во разновидни форми.Тие се богати со бета-каротен и Б-комплекс, биолошки активни витамини, ензими, хлорофил, масни киселини, неуропептидни претходници (пептидите се соединенија на аминокиселини), масти, јаглехидрати, минерали, олигоминерали, пигменти и други есенцијални фактори за раст. Ги содржи сите осум есенцијални аминокиселини и полуесенцијалните аминокиселини. Тие се концентриран извор на аргинин, познат по своето својство да го гради и да го тонизира мускулното ткиво. Најважно, односот на есенцијалните аминокиселини на АФА е идентичен со оној што му е потребен на човечкиот организам. Ниедна од значајните аминокиселини не е изгубена.

Во обидот да се разберат физиолошките придобивки на синозелените алги, мораме исто така да ја земеме предвид импресивната листа на шеќери кои тие ги создаваат: „Да наброиме само неколку: аlginics, fucoidins, galactans, agars, laminarins, mannans, ribose.“- (Армстронг, Ф., 1983). Алгите ги користат овие комплексни шеќери за сите биохемиски потреби, како што се градење, регенерирање и заменување на оштетените структури.

Истражувањата покажаа дека е од голема важност, не само тоа што го јадеме, но и тоа што нашето тело го апсорбира и го вари. Микроалгите, кои постојат на почетокот од синџирот на исхрана, ја обезбедуваат наједноставната форма на балансирани хранливи материи. Кламатските синозелени алги се многу хранливи, лесносварливи, со мек клеточен ѕид и содржат гликопротеински комплекс. Ова овозможува брзо апсорбирање на неопходните хранливи материи со 95% апсорпција и со скоро никаква потрошувачка на резервите на дигестивна енергија на телото. Најголемиот број од хранливите материи кои се наоѓаат во АФА се активни и во форми кои се директно употребливи за телото.

Храна за мозокот

„Најголемата вредност на АФА не е само нивната нутритивна концентрираност, туку и нивниот ефект врз нервниот систем, посебно врз хипофизата, епифизата и хипоталамусот. Луѓето кои користат АФА покажале севкупно подобрување на менталната будност, менталната кондиција, краткотрајната и долготрајната меморија, решавањето на проблемите, креативноста, сеќавањето за сон, поголемо чувство за благосостојба.“ Д-р Габриел Коузенс, доктор по медицина, автор на „Тело, ум, душа“, април 1995.

Колониите на АФА покажуваат интелигенција со комуницирање помеѓу клетките со невропептидите, учејќи и прифаќајќи ги промените во животната средина (Бери, В.Т, 1977). Секоја втора форма на живот се обликувала самата себеси според некое влијание од алгите. Изобилството на невропептидни претходници придонесува за зголемување на способноста на мозокот да ги обработува информациите, да добие чувство на благосостојба и како да ја одржи добрата состојба на умот.

„Малиот протеин наречен супстанца П, е моќен невротрансмитер. Се состои од аргинин, лизин и пролин, и сите тие ги има во АФА. Неверојатниот ефект на супстанцата П се состои во тоа што ја подобрува способноста за учење и го издигнува чувството на благосостојба. Тоа го прави со стимулирање на мозочните клетки, да израстат повеќе дендрити на мозочните клеточни „раце“ кои ги достигаат и комуницираат со другите мозочни клетки.“ - Алги за спас, Карл Џ. Абрамс.

Метаболизмот на азотот кој се зема директно од воздухот, овозможува биосинтеза на пептидните групи со мала молекуларна тежина. Тие се претходници на невротрансмитерите, кои се користат од повеќе области на мозокот и телото, за да поттикнат секреција на супстанциите (како хормоните), кои пак, влијаат на метаболичките функции. Овие претходници имаат општ позитивен ефект на нервниот систем. Способноста на мозочните неврони да произведат и да ги користат невротрансмитерите, зависи од концентрацијата на аминокиселините во крвотокот. Некои од аминокиселините во АФА, всушност, поминуваат преку крвно-мозочната бариера во сосема истата форма како што се во алгите. Само уште неколку други видови храна можат да го направат тоа.

Комплетни протеини

Протеините се централен дел од енергијата на телото, овозможуваат размножување и регенерирање на клетките, органите и органските системи. Протеините го опфаќаат најголемиот дел од крвта и лимфата, и создаваат природен имунитет, обезбедувајќи му на телото средства за препознавање и напаѓање на туѓите клетки и вируси.

Поголемиот дел од храната содржи липопротеини кои пред да бидат употребени, телото мора да ги преобрази во гликопротеини. Кламатските синозелени алги содржат и гликопротеини и јаглехидрати, така што телото има пристап до овие нутритиенти без да ги користи самите резерви на дигестивната енергија на телото за нивно преобразување. Еве зошто мали количини можат да имаат огромен ефект.

Протеините се направени од аминокиселини, „градежните блокови“ на целото тело. Осум аминокиселини се сметаат за „есенцијални“, затоа што телото не може да ги произведе, па тие мора да се примаат од храната која ја јадеме. Две се сметаат за полуесенцијални затоа што се неопходни за правилен раст на децата. Другите 12 аминокиселини, се произведуваат во телото. Правилната количина на сите 22 аминокиселини (малата количина ќе ја ограничи апсорпцијата на поголемата количина) е потребна за да се одржи здравјето на телото, помагајќи ја изградбата на нови ткива, ензими и хормони.

 

Табела за идеалниот сооднос на аминокиселини

tabela-soodnos-aminokiselini

Од приказот можеме да забележиме дека има скоро совршено совпаѓање помеѓу соодносот на аминокиселините во АФА и потребите на човечкиот организам. Совет за храна и исхрана.

Есенцијални аминокиселини Полуесенцијални аминокиселини
изолеуцин 
леуцин 
лизин 
метионин 
фенилаланин 
треонин 
триптофан 
валин 
29 mg
52 mg
35 mg
7 mg
25 mg
33 mg
7 mg
32 mg
аргинин
хистидин
38 mg
9 mg

Кламатските синозелени алги се совршена анаболична зелена храна (терминот анаболизам се однесува на сите биохемиски реакции кои вклучуваат градење на поголеми молекули за создавање и регенерација на клетките). Шестпати се побогати со протеини (преполни со разгранети синџири на аминокиселини како кај човекот) и содржат повеќе минерали од самото мајчино млеко, а нивните минерали се во форма која телото лесно ја апсорбира.

Хлорофил, витамин Б-12 и хемоглобин

Веројатно најосновната сличност помеѓу алгите и човечкиот живот е врската меѓу хлорофилот, витаминот Б-12 и хемоглобинот. Сите три молкули претставуваат иста геометриска структура околу еден минерал: хлорофилот околу магнезиумот, хемоглобинот околу железото и витаминот Б-12 околу кобалтот. Оваа врска се огледува и во животот, со многу природни и езотерични феномени кои ја исполнуваат истата геометрија. Кога јадеме алги, ние сме блиску до јадење светлосна енергија, што во моментов, е возможно за човештвото.

„Добрите особини на хлорофилот, делумно се поради неговиот централен атом на магнезиумот. Овој редок минерал има значајна улога во 325 различни ензимски системи и помага скоро во секој од нашите животни процеси.“ Брунер, Е.Ф., Ефектите од оралниот магнезиум врз белите дробови; 1985 г.

АФА имаат еден од највисоките проценти (2-3%) хлорофил од сите други видови храна на планетата. Кога магнезиумот се доставува до телото поврзан со хлорофилот, неговата асимилација е особено лесна. Хлорофилот ја закрепнува цревната слузница, го засилува перисталтичкото движење, го смирува воспалението, го намалува вишокот пепсин и го лекува запекот.

tabela-hlorofil

Табела за содржина на хлорофил во 1 грам

кламатски синозелени алги
хлорела
спирулина
јачменова трева
пченична трева

30.0 мг
20.0 мг
11.5 мг
14.9 мг
5.5 мг

Витамини

Витамините се органски соединенија кои во мали количини се неопходни за создавање ензими и поттикнување на растот и регенерацијата на клетките. АФА алгите содржат широк спектар на витамини, кој е необично комплетен за некој вид на храна. Тие се богати со Б-витамини и се најголем растителен извор на витамин Б-12 и бета-каротен.

„Два грама од АФА обезбедуваат идентична количина на бета-каротен од 80 грама моркови, 1200 грама марула, четири домати или четири сварени јајца.“ Критички осврт на храна, наука и исхрана, 1991 г.

Кламатските синозелени алги, исто така, содржат висока количина на двете `цис` и `транс` форми на бета-каротен (претходник на витаминот А), познат засилувач на имунитетот, моќен детоксификатор и антиоксидант, градител на кожата и (според Националниот институт за здравје), помага во превенирањето на рак. Бета-каротенот помага да се одржи здравјето на очите. Како тим, бета-каротенот, витаминот А и цинкот, се способни да ги стабилизираат клеточните мембрани, да ги обновуваат ткивата, да синтетизираат колаген и го намалуваат времето на лекување.

АФА имаат 12 витамини, 27 есенцијални минерали и 11 пигменти од кои некои се претходници на други витамини, ензими и коензими. Покрај бета-каротен, АФА исто така содржат и биофлавоноиди, РНК, супероксид дисмутаза, каталаза, глутатоин, селен и цистеин, правејќи ги АФА еден од најголемите познати извори на антиоксиданси кои природно се јавуват како чистачи на слободни радикали.

„Денес, бета-каротенот е најпознатиот, најмоќен неутрализатор или чистач на слободни радикали. Бета-каротенот (но само во природна форма) го блокира процесот со кој нормалните клетки можат да се претворат во малигни.“ Др. Чарлс Симон, лекар и автор на Ракот и исхраната (Мекгроу-Хил, 1983 г.)

АФА содржат 8 мкг/гр витамин Б-12 кој катализира многу хемиски реакции. Б-12 дејствува синергетски со многу други нутритиенти и ензимски системи, па затоа е наречен „подмладувачки и енергизирачки“ витамин. Помага во градењето на црвени крвни клетки, може да ја зголеми енергијата и да го обнови нервниот систем. Значаен е за клеточното дишење, има резултати кај пелагра, дерматитис, мускулна слабост и замор.

Количина на витамини кај алгите во 1 грам

провитамин А (бета-каротен)
тиамин Б1
рибофлавин Б2
пиридоксин Б6
кобаламин Б12
аскорбинска киселина (витамин Ц)
ниацин
фолна киселина
холин
пантотенска киселина (витамин Б5)
биотин
витамин Е
2260 ИЕ
40 мкг
6 мкг
13 мкг
6 мкг
6 мкг
130 мкг
1.0 мкг
2 мг
8 мкг
0.3 мкг
0.2 ИЕ

Минерали

Минералите, генерално имаат две функции во телото – градење и регулирање. Секое вознемирување или недостаток од минерали, придонесува до намален квалитет/енергија на животот или намален животен век. Тие го градат скелетот и сите меки ткива, го регулираат чукањето на срцето, засирувањето на крвта, внатрешниот притисок на телесните течности, нервниот одговор и транспортот на кислород од белите дробови до ткивата. Кламатските синозелени алги содржат широк спектар на органски врзани колоидни минерали и олигоминерали, од кои неколку се есенцијални за оптимално функционирање на телото. Минералите во АФА имаат стапка на апсорпција во организмот од скоро 100%. АФА алгите можат да ја надополнат исхраната доколку има недостаток од минерали, што често се среќава кај голем број луѓе, заради современиот начин на живеење.

На пример: Хромот е значаен за производство на енергија внатре во клетката, го намалува штетниот ЛДЛ холестерол и го зголемува благотворниот ХДЛ холестерол. Тој е главен нутритиент за контролирање на крвниот шеќер (Интер Здравје, 1996 г.), дури и мала количина од АФА алгите може да го надомести недостатокот од хром во телото. Со помош на хромот, клетките гладни за гликоза, дозволуваат гликозата многу полесно да помине од крвотокот во клетката (скоро дваесет пати поефективно). Само оваа особина може да објасни, зошто луѓето кои користат АФА алги добиваат „пораст на енергијата“.

Количина на минерали кај алгите во 1 грам

бор
калциум
хлор
хром
кобалт
бакар
флуор
германиум
јод
железо
магнезиум
10 мкг
7 мг
464 мкг
0.51 мкг
2.0 мкг
4.0 мкг
38.0 мкг
0.27 мкг
7 мкг
410 мкг
2.0 мг
манган
молибден
никел
фосфор
калиум
селен
силициум
натриум
титаниум
ванадиум
цинк
20 мкг
3.3 мкг
5.3 мкг
5.1 мкг
17 мг
0.7 мкг
186.7 мкг
2.7 мг
23 мкг
2.7 мкг
10 мкг

 

Јаглехидрати

Јаглехидратите се примарниот извор на енергија за сите телесни функции и мускулното напрегање. Тие помагаат во дигестијата и апсорпцијата на другите видови хранливи материи и го обезбедуваат телото со леснодостапни калории за енергија. Јаглехидратите во кламатските синозелени алги, се вистински синџири од молекули на гликоза, кои се скоро идентични со тие што се наоѓаат во гликогенот, јаглехидрат кој се наоѓа во црниот дроб и го регулира нивото на гликоза во крвниот серум.

Липиди

Липидите го обезбедуваат најконцентрираниот извор на енергија за телото. Тие функционираат како носачи на витамин А, Д, Е и К, и се значајни за претворањето на бета-каротенот во витамин А. Овие липиди кои се наоѓаат во кламатските синозелени алги, обично се познати како гликолипиди, што значи дека во својот состав имаат и шеќер и липиди. Половината која содржи липиди е значајна за пренесување на витамини и минерали преку крвно-мозочните бариери и исто така, се имуномодулатори и стимуланти. Во овие алги нема стероидни липиди (холестерол).

„Суптилната стимулација на белите крвни клетки од страна на липидите во АФА, предизвикува имуностимулирачки одговори од кои има придобивка целиот имунолошки систем.“ Рејчел, Т.Р., Бактериски ендотоксини, Scientific American, август 1992 г.

Во липидниот дел од синозелените алги, се содржани есенцијалните масни киселини (извор на масти во АФА) кои се потребни за искористување на витамините растворливи во масти во телото. Кламатските синозелени алги имаат висока количина на гама-линоленска киселина, која помага во одржувањето на хормоналниот баланс и ефикасност, здравјето на срцето и исто така, помага во превенцијата и намалувањето на симптомите на дегенеративните болести.

Табела на масни киселини

палмитинска
палмитолеиска
палмитолинолна
стеаринска
олеинска
линолна
линолна 6,9,12
(16:0) 43.4
(16:1) 9.7
(16:2) во траги
(18) 2.9
(18:2) 2.9
(18:2) 12.4
(18:3) 21.4

АФА алгите не содржат холестерол, а вкупната количина на масти, е во есенцијалните масни киселини, од кои голема количина се незаситени и значајни за оптималното клеточно функционирање. Овие масти го помагаат одржувањето на флексибилноста на клеточниот ѕид.

Хемиски состав на афанизоменон флос-аквае (Aphanizomenon Flos Aquae):

протеини
јаглехидрати
минерали
липиди
хлорофил
до 70%
21%
4%
2%
3%

Микроалгите – балсам за клетките

Извадок од дневниот весник „ДНЕВНИК“, Број 2738, вторник, 19 Април 2005г., НУТРИЦИОНИЗАМ
Душан Матиќ – Специјалист за исхрана на здрави и болни

Алги AFA Klamath, капсули, 60 х 500мг Алги AFA Klamath, капсули, 60 х 500мг 940 ден.
Алги AFA Klamath, капсули, 130 х 500мг Алги AFA Klamath, капсули, 130 х 500мг 1.890 ден.
Алги AFA Klamath, капсули, 500 х 500мг Алги AFA Klamath, капсули, 500 х 500мг 6.690 ден.
Алги AFA Klamath, капсули, 1000 х 500мг Алги AFA Klamath, капсули, 1000 х 500мг 10.710 ден.
Алги AFA Klamath, таблети, 60 х 500мг Алги AFA Klamath, таблети, 60 х 500мг 990 ден.
Алги AFA Klamath, таблети, 130 х 500мг Алги AFA Klamath, таблети, 130 х 500мг 1.970 ден.
Алги AFA Klamath, таблети, 500 х 500мг Алги AFA Klamath, таблети, 500 х 500мг 6.920 ден.
Алги AFA Klamath, прашок, 80 грама Алги AFA Klamath, прашок, 80 грама 1.970 ден.
Алги AFA Klamath, прашок, 454 грама Алги AFA Klamath, прашок, 454 грама 8.840 ден.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator