Ве молиме наведете неколку или сите причини зошто се обративте кај нас, односно зошто се одлучивте да ги користите производите од НУТРИ ВИТА?

Проблемот со кој подолг период се соочувам, а тоа е висок реума фактор (1310U/ml) како и болките во зглобовите, општа слабост, чувство на тежина (како да имам 100 кг.) и сите други пропратни тегоби кои произлегуваат од автоимуниот проблем како: лоша дигестија, констипација, а понекогаш и дијареја, гасови, надуеност, отежнато дишење, малаксаност, хормонален дисбаланс, неквалитетно спиење, тахикардија, осип по кожата, свраб и др. беа причините и проблемите заради кои подолго време, односно со години барав решение.

aneta-gogova_naod-1

Што се обидовте и кои производи ги пробавте пред да се обратите кај нас и дали дејствуваше?

Што сè немам пробано, имам пиено комбинација од треви на Ајурведа подолг период, производи на Natural Wealth, Ecomer, Swanson, разни чаеви и мешавини, NEERA Madal Bal сируп, производи на Dr.Wolz, нарачував преку интернет од Англија Витамин Ц во прав од програмот на Linus Pauling, многу пари а малку корист скоро без никаков ефект.

Кои производи од нашата палета одбравте да ги користите и зошто?
(Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf, Активен органски германиум Ge132, Природна козметика Olivella и Sex&Olive, Ланолин и производи за доилки Lansinoh, Апарат за сребрена вода NEVOTON, Блендер Vitamix?)

Ревносно веќе 4 месеци ги консумирам алгите Power3 од Нутри Вита, исклучиво во форма на прав (од 227 гр.), а при бањање го користам филтерот Chanson water (од кој сум презадоволна, бидејќи се бањам со многу топла вода и хлорот кој испарува ме тераше на кашлање, а сега со филтерот пареата е прочистена, нема хлор и не кашлам), а исто така и кожата ми е по свежа, помека и почиста. Следен чекор што планирам да косумирам се АФА алгите, исто во форма на прав од 80 грама.>

Како корисник на овие производи, дали и како се смени состојбата на вашето здравје и дали ги добивте очекуваните резултати?

После 2 месеци користење, направив анализа на крвта и реума факторот е симнат во граница на нормала 17,7U/ml. Болките се многу намалени, не се чувствувам тешка, немам констипација ниту дијареја, имам редовна столица, немам никакви проблеми со дишењето, имам квалитетен сон, како и подобрување на хормоналниот баланс. Полна сум со енергија. Искрено да ви кажам сите што ме знаат сами ми кажуваат дека многу подобро изгледам, бидејќи мене мојот проблем ме издаваше и надворешно, така што сите гледаа дека со мене нешто не е во ред, но сега веќе тоа е минато.

aneta-gogova_naod-2

Дали добивте повеќе од очекуваното? Ако е така, кои други придобивки ги забележавте?

Добив, и тоа многу повеќе. Имам полни 40 години, а се чувствувам како 20, и планирам нова бременост.

Колку долго сте корисник на производите од НУТРИ ВИТА?

4 полни месеци.

Пред да се обратите овде, дали претходно сте слушнале за нашите производи и дали имавте каков било сомнеж во врска со нив?

Не немав слушнато досега, и не се сомневав бидејќи во Македонија ниеден производ не може да влезе непроверен.

Ако сте се сомневале, што е тоа што придонесе да го смените мислењето?

Не се сомневав.

Дали мислите дека вашиот живот ќе беше поразличен без користење на нашите производи?

Сега веќе не мислам и не сакам да се потсетувам на тоа, само сакам на сите да им кажам дека за автоимуните проблеми сепак постои лек. Ви благодарам што ги имате овие прекрасни производи, и што веќе ни се достапни на сите нас на кои ни се потребни.

Што најмногу ви се допаѓа во нашата канцеларија односно советувалиште?

Едноставноста на просторот, добро распоредениот асортиман на производи и спремноста на љубезниот персонал кој секогаш одговара на сите прашања.

Дали другите членови од вашето семејство ги користат производите од НУТРИ ВИТА? Зошто/зошто не?

Поради мојот проблем предноста ми е дадена на мене, а подоцна сака и мајка ми да ги консумира алгите Power 3.

Дали и зошто во иднина би ги препорачале производите од НУТРИ ВИТА на вашите најблиски, пријателите и познаниците на кои сакате да им помогнете?

На сите им ги препорачувам производите од Нутри Вита, а посебно алгите Power3 со кои имам лично искуство. Уште еднаш ќе кажам, многу сум им благодарна на Нутри Вита, а самата јас на мое барање појдов во нивните простории и ја искажав таа благодарност со моите анализи на крвта каде се гледаат промените во вредноста на реума факторот.

Анета Гогова раководител на реон - Скопје
09.11.2010

Споделени искуства

Напомена: Имињата и контакт телефоните на лицата чии стории се објавени во рубриката „Искуства“, со нивна согласност, се достапни во Нутри Вита. Доколку сакате да остварите директен контакт со некој од нив Ве молиме контактирајте нè.