Интервју со доктор Габриел Косенс

Доктор Габриел е еден од најпознатите нутриционисти на светско ниво кога е во прашање здравата исхрана, холистичкиот животен стил и комплементарната медицина. Тој дипломираше на Медицинската школа Колумбија во 1969 година како специјалист по биохемија. Тој е холистички лекар, психијатар, хомеопат и семеен терапевт. Тој не само што има голем придонос во полето на природното здравје, туку е и блескав пример за здравје како индивидуалец. Д-р Габриел е автор на книгата „Свесно исхранување“, „Депресија - слобода за живот“, „Духовна исхрана“ и „Диетата виножито“, како и некои други книги.
Следново интервју е врз основа на филм снимен на 1 февруари 2000 година, во центарот на д-р Габриел „Дрво на живот“ во Патагонија, Аризона. Интервјуто беше водено од Елион Џеј Розен, автор на книгата „Искуство на душата“, прогласена за бестселер од Лос Анџелес Тајмс.

Елиот Џеј Роузен: Пред да зборуваме за алгите, ве молам кажете ми повеќе за прекрасниот храм во Аризона?

д-р Габриел: Целта на центарот „Дрво на животот“ е да даде поддршка на искуството за целосно подмладување, да им понуди на луѓето „мени за свесно живеење“, да станат целосно ослободени од ограничувањата со цел да ги живеат своите животи во целост и да ја доживеат светата радост на живеењето која им е дадена со самото раѓање.
Ние се фокусираме да им помогнеме на луѓето да апсорбираат повеќе витални сили од природата преку „жива“ храна, сончева светлина, свеж воздух, чиста вода, медитација, јога и некои други вежби. Ние ги охрабруваме луѓето, без разлика на нивната определба, да навлезат подлабоко во себе и да стапат во допир со своето внатрешно „јас“, и на тој начин преку таа точка на зголемена свест, да се регенерираат. Тоа е нашата функција и нашиот фокус овде.

Елиот Џеј Роузен: Вие го споменавте терминот „жива“ храна. Дали можете подетално да објасните што значи тоа и каква е таа храна?

д-р Габриел: Живата храна е онаа храна која не поминала низ некаков процес кој негативно ја менува нејзината биохемиска структура и енергија. Живата храна не е подложена на топлина, таа е незготвена, и ништо есенцијално не е отстрането од таквата храна по пат на процесирање. Живата храна е целосно свежа храна, и таа сè уште има неоштетена животна сила. Најдобрата жива храна е органски одгледана, бидејќи целосниот додаток на нутриенти во почвата е есенцијален за нашето здравје. Бидејќи нашето здравје зависи од високиот степен на квалитетот на храната што ја јадеме, така конзумирањето жива храна е вистинскиот избор на телото, и е насоката по која сакаме да чекориме.

Елиот Џеј Роузен: Како што знаеме, вие ги конзумирате и ги препорачувате АФА алгите, вид на сино-зелена алга која расте во езерото Кламат, подолго од секој доктор во светот, речиси 20 години, со што во мојата книга тоа ве прави на некој начин експерт.

д-р Габриел: Тоа е точно. Jас сакам да појаснам дека јас ги препорачувам единствено најквалитетните алги, односно АФА алгите. Немам никакви симпатии ниту некаков финансиски интерес кон компаниите кои стојат зад АФА алгите. На овој начин го имам најчистиот, најнаучниот пристап. Лесно можам да преминам кон подобри продукти и да не правам компромис со мојот интегритет кога се работи за препорака на она што е најдобро за моите клиенти. Јас ги споделував АФА алгите со илјадници клиенти во текот на годините. Причината поради која јас разговарам денес со вас е моето лично искуство со АФА алгите, чиј квалитет не се споредува со останатите синозелени алги.

Елиот Џеј Роузен: Во најопшта смисла, зошто исхраната е важна за нашето здравје?

д-р Габриел: Исхраната е витална за здравјето, бидејќи храната покрај дишењето, е нашиот главен начин за добивање енергија, а воедно ја зголемува нашата духовна поврзаност која нè исполнува со животна сила. Кога ги внесуваме нутриентите во нашето тело, ние добиваме подарок од Бога. Ние го земаме тој подарок од живата планета. Тажно е тоа што најголемиот број членови од нашето општество не се хранат природно, и од таму појавата на физичка, ментална, морална и спиритуална дегенерација.
Луѓето грешат кога мислат дека со додатоци од витамини или со погрешна храна можат да останат здрави и ЖИВИ. Кога јадете природна, жива, органска, свежа храна, храна која нема пестициди и хербициди, постигнувате огромна разлика во квалитетот на животот, во квалитетот на енергијата, во квалитетот на здравјето. Конзумирањето на сиромашна храна е како на автомобилот да му ставите погрешно гориво, и да очекувате дека возилото ќе работи на ист начин како и со премиум гориво. И кога возилото ќе се расипе затоа што не му е ставено соодветното гориво, некои луѓе, дури и некои медицински лекари, сè уште не ја сфаќаат поврзаноста.
Супериорната исхрана ја зголемува нашата можност да се надминеме себеси како човечки битија на физички, ментален, емоционален и спиритуален план. Слабата исхрана придонесува кон она што јас го нарекувам „биолошки изменет мозок“, при што ние функционираме на некое пониско ниво. Резултатот е зголемена зависност од лекарства, алкохолизам, зголемена хиперактивност, нарушување на концентрацијата и вниманието, како и депресија.
Дали знаете дека постојат 40 милиони луѓе во САД кои имаат клиничка депресија? Таквите состојби се резултат на биолошко променет мозок кој е резултат на слабата исхрана и сиромашната генетика. АФА алгите се клучни за нашиот нервен систем, функциите на мозокот и квалитетот на нашата свест. АФА алгите се специјална храна за оние кои се зависни од дрога, алкохол, кои имаат зголемена хиперактивност, нарушувања на концентрацијата, и депресија. Повеќе од било која храна овие алги ни помагаат да создадеме парадигматична промена и да уживаме во она што се нарекува добросостојба. Постои квалитететна радост која е вистински суптилна, а која многумина ја искусуваат преку АФА алгите.

Елиот Џеј Роузен: Кога некои луѓе ќе ги слушнат зборовите „алги“ и „храна“ во иста реченица, за нив претставува нов концепт идејата дека определени алги може да се јадат.

д-р Габриел: Не само што некои алги може да се јадат, туку тие претставуваат вистинска супер храна. Аглите се храна на домородните луѓе илјадници години. Не знам дали сè уште работат на проектот, но вселенската програма НАСА во САД еден период развиваше систем за одгледување храна во вселената со примероци од алги кои се одличен извор на протеини. Денес повеќе од било кога, алгите се сметаат за целосна храна во сè поширок размер. Ова не се смета повеќе за нешто невообичаено како порано.

Елиот Џеј Роузен: Како и дали можат да се споредат АФА алгите со минералите и витамините купени од продавница?

д-р Габриел: Јас не гледам на овие алги како на колекција од витамини и минерали. Во природата постојат определен вид на енергии кои ни биле дадени нам од страна на Бог за да ги употребиме за човечкиот развој. На пример, билката млечен осот е добра за црниот дроб. Сибирскиот жен-шен (гингсенг) е добар за надбубрежните жлезди, итн.
На ист таков начин, АФА алгите имаат уникатна енергија која е добра за функциите на мозокот. Постојат резултати од клиничко истражување кои покажуваат дека АФА алгите ги балансираат тестовите за ЕЕГ и го подобруваат здравјето на централниот нервен систем. Затоа не сакам да кажам дека АФА алгите се само одличен извор на витамини и минерали. Навистина, тие содржат големи количества на витамин Б12 за разлика од било која друга неживотинска храна, но ова претставува само дополнителен бонус кон она што АФА алгите навистина се, во целата величествена шема што е креација на Бог. Јас дури мислам дека оваа алга е многу повеќе од тоа. Затоа, да ги споредите со додатоците кои се направени од човечка рака, значи да ја намалите вредноста на АФА алгите. Тоа што АФА алгите ни се достапни во жива форма, за мене претставува навистина возбудлив момент.

Елиот Џеј Роузен: Вие бевте еден од првите лекари кои ги препорачувавте АФА алгите?

д-р Габриел: Тоа е точно. Јас конзумирам алги од езерото Кламат уште од 1982 година. Се случи да бидам присутен на саемот за храна во Сан Франциско каде што ги сретнав производителите на АФА алгите. Моето прво искуство со овие алги беше доста драматично и прекрасно. Веднаш ја почувствував разликата. Почувствував огромна промена во споредба со останатите алги што ги конзумирав, со тоа што денес на моите клиенти им препорачувам АФА алги, а реакцијата беше одлична и за многу други проблеми со здравјето.

Елиот Џеј Роузен: Дали луѓето би имале корист доколку ги употребуваат овие алги во исхраната, дури и кога не би сакале да ја изменат својата исхрана, без разлика што знаат дека постои подобра исхрана?

д-р Габриел: Да, апсолутно. АФА алгите ќе ви помогнат без разлика дали вие сакате да ја подобрите вашата исхрана или не. Очигледно е дека за да добиете позитивни промени, вие би сакале на некој начин да ја подобрите вашата исхрана и вашиот животен стил. Постојат многумина кои само сакаат да направат нешто за да се почувствуваат подобро. И тоа е во ред. И да, овие луѓе исто така ќе имаат корист од тоа. Јас не би сакал луѓето да мислат дека ако земаат од овие алги, тоа би значело и менување на животниот стил или пак дека треба да прават работи што не им се пријатни. Секој сам си бира што сака да прави или не сака да прави. Сепак, она што навистина се случува кога конзумирате АФА алги, е што вие почнувате да се чувствувате подобро во смисла на благосостојба по здравјето, и тогаш на природен начин вие започнувате да се интересирате за подобрување на вашиот живот, единствено поради тоа што се чувствувате подобро.
Јас постигнав одлични резултати употребувајќи ги овие алги со деца кои беа аутистични. Една од главните карактеристики на аутизмот е отсуството на вербална комуникација. Овие деца единствено мрморат и прават некои слични звуци. Се сеќавам кога едно дете почна да зборува само по еден месец откако почна да конзумира АФА алги. За жал, доколку можете да поверувате, мајката на детето немаше желба тоа да прозбори. Таа почна да се жали дека детето почнало многу да зборува и си бараше причини за да престане да му дава алги на детето, што е навистина тажно кога ќе се потсетам на ова.

Елиот Џеј Роузен: Како психијатар, дали понекогаш употребувате потрадиционални третмани за депресија како што е третманот со „Прозак“?

д-р Габриел: Имав неколку пациенти кои беа под депресија неколку години, и буквално, по неколку дена откако почнаа да конзумираат АФА алги, депресијата се надмина. Ова е поради тоа што алгите имаат способност да навлезат директно во коренот на депресијата што се наоѓа во мозокот и во функциите на мозокот, каде што е причината за многу видови на депресија. За ова прашање имам повеќе напишано во книгата „Депресија - слобода за живот“.
Луѓето немаат недостаток на „Прозак“. Овој пристап не допира до коренот на проблемот. Мојата стапка на лечење на депресија е успешна во повеќе од 90% од случаите, и само со употреба на природна храна, вклучувајќи ги и АФА алгите, природните додатоци и основни промени во начинот на живеење, без притоа да се земаат дополнителни лекарства, „Прозак“ или нешто сично. Ниеден лек не може да се спореди со алгите и точка.

Елиот Џеј Роузен: А што ќе кажете во врска со алгите и медитацијата? Ако АФА алгите се добри за менталната јасност, тогаш може да им помогне на луѓето да го подобрат нивниот фокус при медитација.

д-р Габриел: Во мојата прва книга „Спиритуална исхрана и диета Виножито“, јас се фокусирав на тоа што претставува најдобра храна за оние кои медитираат. Пронајдов дека незготвената храна е најдобра за нив. Можат да постигнат спиритуален прогрес и без неа, но живата храна е навистина од голема помош. Заедно со ова, јас дојдов до заклучок дека АФА алгите се особено добри за медитација. И дека, со АФА алгите, позитивниот ефект уште повеќе е нагласен. Па затоа ќе кажам ДА, АФА алгите се специјална храна која ќе ви помогне да го подобрите вашиот фокус при медитацијата. АФА алгите му помагаат на вашиот мозок да работи појасно, посветло и порадосно.

Елиот Џеј Роузен: Дали можете да ги споредите енергетските и хранливите разлики меѓу АФА алгите, Спирулината или пак алгата Хлорела?

д-р Габриел: Оние луѓе кои се запознати со хранливите алги, сакаат да ги споредуваат. Но, тоа не е начинот на кој јас гледам на ова прашање. Секоја од овие алги си има сопствена улога. Хлорелата е многу добра за отстранување на живата од вашиот организам. Спирулината е добра за хепатитис. Иако овие два вида на алги можат да ви го подобрат вашето ментално здравје, не е ни најмалку блиску до она што може да се постигне со АФА алгите и нивниот ефект врз вашето ментално функционирање. Па така, Спирулината делува повеќе врз физичкото тело, а вистинскиот подарок на АФА алгите за човештвото е тоа што тие делуваат повеќе врз менталното здравје, емотивноста и на духовно ниво, иако вршат и неколку физички ефекти, за кои веќе зборував. Но, менталното функционирање е областа каде што луѓето чувствуваат најголема разлика со помош на АФА алгите.

Елиот Џеј Роузен: Што ќе кажете за АФА алгите и имунолошкиот систем?

д-р Габриел: Една неодамнешна студија покажа дека АФА алгите активираат повеќе од 40% од имунолошките природни клетки. Природните клетки ги ловат вирусите и бактериите, дури и трагаат по нив длабоко во нашето тело. Една од најдобрите работи кај АФА алгите е нешто што го дознав во 1982 година, а тоа е дека значително го подобруваат имунолошкиот систем. Доколку почувствувам некаков вид на вирозен дисбаланс, јас земам АФА алги и проблемот го снемува. Исто така, јас ги препорачувам и на моите клиенти не само за да ја надминат болеста или симптомите, туку и поради превентивни причини. Јас знам за два или три случаи каде пациенти ги надминале симптомите од рак со помош на овие алги. Научниците веќе знаат дека АФА алгите имаат определени анти-ХИВ ефекти, но сè уште се потребни повеќе истражувања во оваа област.

Елиот Џеј Роузен: Дали сте имале некои клиенти кои со помош на овие алги го намалиле својот апетит и ја намалиле својата телесна тежина?

д-р Габриел: Да, сум имал, но дозволете ми да кажам дека јас воопшто не се фокусирам на овие прашања. Тоа што го сметам за полезно е тоа што им помагам на луѓето да го подобрат нивниот внес на хранливи состојки, особено во насоката на исхраната со жива храна, а тие на нормален начин се враќаат кон својата природна, нормална телесна тежина. Контролата на апетитот станува помал проблем кога повеќето луѓе преку нормализирање на работата на мозокот, успеваат да ја нормализираат и својата телесна тежина. Кога нивните тела и мозоци се хранат нормално, тие повеќе не се чувствуваат депресивно и немаат потреба да јадат многу, што е резултат на депресија. АФА алгите ви помагаат да ги балансирате нивоата на шеќер во крвта, но тие не се замена за ниските нивоа на шеќер.

Елиот Џеј Роузен: Дали досега ги имате употребувано АФА алгите кај пациенти со проблеми со алкохол или дрога?

д-р Габриел: Да. АФА алгите се есенцијален дел од мојата програма за третман. Речиси на секој што ќе го видам му препорачувам АФА алги, затоа што помагаат во надминувањето на депресијата и помагаат на биолошки начин да се надмине зависноста на мозокот што се наоѓа зад овие деструктивни однесувања. Јас верувам дека овие алги се навистина дар од Бога кон човештвото, особено кај оние со слаба генетика или со слаба исхрана. Овие луѓе страдаат многу. Еден начин за надминување на страдањето е да посегнат по алкохол или дрога. Очигледно е дека постојат подобри, помалку деструктивни начини за да се справиме со страдањето.
Кај алкохолизмот и зависноста од дрога, ние пронајдовме значителни и не толку значителни промени во хемијата на мозокот и мозочните бранови. Кај многу од овие луѓе, центрите за уживање во мозокот, допаминските рецептори, не работат правилно. Ние откривме дека со употреба на овие алги заедно со други промени во исхраната, а особено додаток на амино киселини во исхраната, може да се нормализираат ЕЕГ резултатите и да се балансира коренот на ова нарушување во централниот нервен систем.
На пример, доколку некоја функција на мозокот е исклучена, не во смисла на епилептичен напад, туку „суб-клинички“ дисбаланс, кога ЕЕГ резултатите не се како што треба, ние можеме да ги нормализираме преку АФА алги, заедно со соодветна исхрана и некои други додатоци. АФА алгите им помагаат на луѓето да ја надминат желбата на нивното тело по дрога или алкохол на тој начин што нивото на шеќер во крвта се нормализира, а мозокот функционира подобро.
Постои уште еден скриен аспект кон сево ова кој само малкумина го знаат. Хипоталамусот е витално важна жлезда за ендокриниот систем. Тој често не функционира нормално кога пациентот е зависен од дрога или алкохол. Многу е тешко да се излечи ендокриниот систем, што е речиси секогаш дисбалансиран кај луѓето кои се зависни од дрога или алкохол. АФА алгите се единствениот вегетаријански извор за кој знам што му помага на хипоталамусот повторно да функционира нормално.
Па така, како што можете и самите да видите, јас сум многу возбуден поради АФА алгите. Очигледно е дека се најдобриот производ од алги на пазарот во моментот кој е добар за лекување и му помага на хипоталамусот да се врати во нормална функција.

Елиот Џеј Роузен: Бидејќи овие алги немаат долг рок на траење, потребно е да се замрзнат. Дали постои разлика меѓу замрзнатите зеленчуци и овошје и замрзнатите алги во врска со нивните хранливи и енергетски особености?

д-р Габриел: Овие видови на алги се генетски создадени да преживеат на екстремно различни варијации на температура. Во зима, дел од езерото Кламат е под мраз, вклучувајќи ги и местата каде што растат АФА алгите. Но кога времето ќе се стопли, алгите се враќаат од замрзнатата во нивната природна форма и го продолжуваат својот активен циклус на растење. Нивната генетска структура ги заштитува од ефектите на студот, што не важи за зеленчукот и овошјето. Ова е поради тоа што АФА алгите изобилуваат со липиди и слободни масни киселини, со што се спречува нивно кристализирање при ниски температури. Поленот од пчели функционира на сличен начин: можете да го замрзнете, а при тоа да не ја нарушите неговата енергетска вредност. Па така, добрите вести се дека алгите се имуни на лошите ефекти од замрзнување.

Елиот Џеј Роузен: Терминот „адаптоген“ вообичаено се однесува на растение кое делува во телото на различни начини. Дали можеме да го примениме овој термин кон храната како што се АФА алгите, затоа што е познато дека се ефикасни за многу различни нивоа на здравјето?

д-р Габриел: Да, јас мислам дека е многу соодветно да се употребува терминот „адаптоген“ кога се во прашање АФА алгите. Тие се истовремено физички и ментален адаптоген. Ми се случува понекогаш да морам да зборувам по цел ден на конференции. Тогаш ги земам АФА алгите како еден вид на ментален адаптоген против стресното трошење на многу енергија.
АФА алгите се исто така и физички адаптоген со тоа што помагаат при зголемувањето на физичката енергија. Постојат светски познати атлети кои се хранат со АФА алгите, затоа што чувствуваат дека им дава „сила за натпреварување“.

Елиот Џеј Роузен: Докторе, вие бевте мошне великодушен со вашето време. Дали имате да додадете уште нешто?

д-р Габриел: Основата на мојата порака е ова: не е важно на која возраст сме, ние можеме да се чувствуваме млади во секој момент. Но уште поважно од тоа да се остане млад е да се сфати дека само преку физичкото здравје нема никогаш да стигнеме до среќата и љубовта што ни се потребни. Ние сакаме да вклучиме сè во животот што подразбира спиритуално и севкупно здравје. Животот е голем благослов. Здравјето е голем благослов. Вистинските дарови од Бога се вистински благослов и вреди за нив да се потроши труд или пари.

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.