Ве молиме наведете неколку или сите причини зошто се обративте кај нас, односно зошто се одлучивте да ги користите производите од НУТРИ ВИТА?

Како родител на 3-годишно дете, ме загрижуваше постојаната слабокрвност на мојот син (имаше многу ниско серумско железо како и низок хемоглобин), која и покрај различните терапии кои ги применуваме и исхраната која ни ја препорачуваа лекарите, не успеавме да ја подобриме. Слабокрвноста резултираше со ослабнат имунитет, па неколкупати завршувавме и на детската клиника Козле, заради воспаленија на дишните патишта.

По сугестија на наши пријатели, кои како корисници на овие производи ни ги објаснија сите нивни придобивки, одлучивме да пробаме и со нив, особено затоа што дотогашните терапии имаа минимално дејство. А да не зборуваме и за контраиндикациите од лекарствата кои, исто така ни задаваа дополнителни проблеми.

Што се обидовте и кои производи ги пробавте пред да се обратите кај нас и дали дејствуваше?

Природни продукти кои ни ги препорачаа лекарите: жолчка од јајце, телешко месо, спанаќ и сè од зеленчуци... На контролите немаше видно подобрување, потоа преминавме на сирупи со железо: Фероглобин, Легофер, од кои после повеќемесечна терапија серумското железо се подобруваше одвај над долна граница, што значи, пак без видни резултати.

rezultati-od-i-s

Кои производи од нашата палета одбравте да ги користите и зошто?
(Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf, Активен органски германиум Ge132, Природна козметика Olivella и Sex&Olive, Ланолин и производи за доилки Lansinoh, Апарат за сребрена вода NEVOTON, Блендер Vitamix?)

Кламатски АФА алги, Colostrum за џвакање со вкус на портокал и алги Power3.

Како корисник на овие производи, дали и како се смени состојбата на вашето здравје и дали ги добивте очекуваните резултати?

Се разбира, ги добивме очекуваните резултати и би рекол, и многу повеќе од тоа. При последната контрола која ја направивме за серумското железо прво помисливме дека резултатите се грешни и дека евентуално се заменети со некои други. Тие беа зачудувачки и дури неверојатни знаејќи дека серумското железо се покачува со долготрајна и макотрпна терапија. За само 2-3 месеци користење на Кламатски АФА алги и Алгите Power3, серумското железо од 5,2 се покачи на 14,6.

rezultati-od-i-s

Дали добивте повеќе од очекуваното? Ако е така, кои други придобивки ги забележавте?

ДА! Син ми сега има одлична крвна слика.

  • Како што споменав, нивото на серумското железо неверојатно бргу се покачи во нормалните граници, какво што не било никогаш порано.
  • Освен тоа, имунитетот му зајакна, стана поотпорен на настинки, вируси итн.;
  • Забележавме дека има подобра концентрација и меморија (рецитира и пее песнички наизуст по само едно слушање);
  • Помалку полемично и проблематично однесување;
  • Се ослободи од констипацијата која редовно ја добиваше при користењето на сирупите со железо.

Навистина чудесно!

Колку долго сте корисник на производите од НУТРИ ВИТА?

Производите ги користиме 2-3 месеци.

Пред да се обратите овде, дали претходно сте слушнале за нашите производи и дали имавте каков било сомнеж во врска со нив?

Морам да признаам дека се сомневав, делумно и поради тоа што не бев слушнал за нив никогаш порано. Јас сум од оние луѓе кои не веруваат во нешто додека не се уверат „со свои очи“. Особено неверојатно ми звучеа искуствата кои ми ги кажуваа пријателите во врска со придобивките од кламатските АФА алги. Тоа претставуваше уште една причина повеќе зашто се одлучивме да ги користиме. Сакавме сами да се увериме дали навистина се толку делотворни.

Ако сте се сомневале, што е тоа што придонесе да го смените мислењето?

Сега кога ќе го погледнам син ми сфаќам дека сум грешел што воопшто сум се сомневал. Тој сега е здраво и среќно дете! Сите родители сакаат да им го пружат најдоброто на своите деца. Сега сум потполно сигурен дека тоа го правам за својот син.

Дали мислите дека вашиот живот ќе беше поразличен без користење на нашите производи?

Апсолутно! Да не ги користевме овие производи уште мака ќе мачевме со сирупите кои како медицинска терапија ни ги препишуаа лекарите, кои освен што не беа ефикасни, дополнително ни ја отежнуваа работата со несаканите ефекти, како што беше случај со констипацијата на син ми. Освен тоа, овие сирупи имаа ограничен временски период на користење (најмногу 2-3 месеци) што доволно кажува за тоа колку се безбедни за консумирање.

Што најмногу ви се допаѓа во нашата канцеларија односно советувалиште?

Советувалиштето е навистина многу добро средено, со стил. Но, тоа што сакам да го истакнам е самата веб страна. Ми се допаѓа што има детални објснувања за сите производи – што содржат, како влијаат, од каде потекнуваат, научни студии и истражувања напишани во јасна и концизна форма итн. И што е најважно производите дејствуваат навистина така како што е напишано за нив, без ефтини маркетиншки трикови.

Дали другите членови од вашето семејство ги користат производите од НУТРИ ВИТА? Зошто/зошто не?

Бидејќи бевме посветени на здравјето на нашиот син, јас и мојата сопруга не ги користевме, но се разбира, планираме и ние да почнеме.

Дали и зошто во иднина би ги препорачале производите од НУТРИ ВИТА на вашите најблиски, пријателите и познаниците на кои сакате да им помогнете?

Секако, ги препорачум овие производи и на сите им кажувам за тоа колку ни помогнаа на нас. Сигурен сум дека има многу загрижени родители, како што бевме и ние порано, кои не знаат каде да се обратат, а сфатиле дека со препишаните лекови и сирупи се „вртат“ во магичен круг. Затоа сите ги советувам да пробаат, нема што да изгубите.

М.С. градежен инженер - Скопје
30.09.2010

Споделени искуства

Напомена: Имињата и контакт телефоните на лицата чии стории се објавени во рубриката „Искуства“, со нивна согласност, се достапни во Нутри Вита. Доколку сакате да остварите директен контакт со некој од нив Ве молиме контактирајте нè.