Ве молиме наведете неколку или сите причини зошто се обративте кај нас, односно зошто се одлучивте да ги користите производите од НУТРИ ВИТА?

Бидејќи сум личност која долго време се бори против анемијата (имав особено ниско железо и хемоглобин), одлучив дека нема што да изгубам ако ги пробам овие производи, посебно поради тоа што сите се природни производи, без никакви хемиски додатоци, и за разлика од останатите кои сум ги користела немаат никакви нескани ефекти, нуспојави и сл. што лично сметам дека е голема предност затоа што се чувствувам многу посигурно кога знам дека подоцна нема да имам никакви последици на мојот дигестивен тракт, па и на организмот во целост.

rezultati-od-grozde

Што се обидовте и кои производи ги пробавте пред да се обратите кај нас и дали дејствуваше?

Имам користено разновидни лекови и производи за покачување на железо како: хеферол, тотхема, ферум од златна пчелка; и можам да кажам дека со користењето на овие производи имав само минимално покачување на железото и хемоглобинот и тоа само за време на нивната употреба бидејќи одредени лекови од овие не можеа да се користат подолго од 3 месеци. Увидов дека тие не можат да ми помогнат затоа што ми беше потребно долгорочно решение.

Кои производи од нашата палета одбравте да ги користите и зошто?
(Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf, Активен органски германиум Ge132, Природна козметика Olivella и Sex&Olive, Ланолин и производи за доилки Lansinoh, Апарат за сребрена вода NEVOTON, Блендер Vitamix?)

Ги користам: Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Lactoferrin 100%, Стевиа SweetLeaf, Olivella и блендерот Vitamix.

Како корисник на овие производи, дали и како се смени состојбата на вашето здравје и дали ги добивте очекуваните резултати?

  • Се разбира, здравјето во голема мера ми се подобри:
  • Железото и хемоглобинот ги достигнаа нормалните граници;
  • Имам многу повеќе енергија, не се заморувам лесно како порано;
  • Имам подобра меморија и зголемена концентрација;
  • Станав поотпорна на вируси;
  • Се чувствувам посмирено, не избувнувам лесно и помалку се нервирам.

rezultati-od-grozde

Дали добивте повеќе од очекуваното? Ако е така, кои други придобивки ги забележавте?

Добив многу повеќе од очекуваното: забележав дека ноктите ми стана поцврсти, некршливи и почнаа побрзо да растат; исто така, исчезнаа белите дамки на ноктите кои се знак на недостиг од минерали во организмот; косата почна побрзо да расте, влакното стана поцврсто и доби сјај; имам поголема кондиција, дигестијата ми се подобри, тенот ми се освежи, немам повеќе бледа кожа и многу други придобивки.

rezultati-od-grozde

Колку долго сте корисник на производите од НУТРИ ВИТА?

Производите ги користам 5-6 месеци.

Пред да се обратите овде, дали претходно сте слушнале за нашите производи и дали имавте каков било сомнеж во врска со нив?

Не бев слушнала, но немав сомнеж.

Ако сте се сомневале, што е тоа што придонесе да го смените мислењето?

Не се сомневав.

Дали мислите дека вашиот живот ќе беше поразличен без користење на нашите производи?

Да, мислам дека ќе беше поразличен со тоа што уште ќе си имав работа со препишаните лекови кои едно лечат, но друго оштетуваат.

Што најмногу ви се допаѓа во нашата канцеларија односно советувалиште?

Советувалиштето е одлично средено, кое одговара на намената; зелената боја дејствува смирувачки, а се добива впечаток дека сопствениците навистина имаат желба да ви помогнат со несебично споделување на совети и рамислувања.

Дали другите членови од вашето семејство ги користат производите од НУТРИ ВИТА? Зошто/зошто не?

Секако, сите од моето семејство (мојот сопруг, моите два малолетни сина и татко ми) ги користат производите,
затоа што се ефикасни, делотворни, имаат многукратни придобивки и дејствуваат токму така како што е објаснето за нив.

Дали и зошто во иднина би ги препорачале производите од НУТРИ ВИТА на вашите најблиски, пријателите и познаниците на кои сакате да им помогнете?

Се разбира, ги препорачувам и ќе продолжам да го правам тоа затоа што на мене многу ми помогнаа. Сметам дека сите луѓе треба да сфатат дека природата е најдобриот лекар што може да постои, односно ниту еден друг вештачки лек не може да ги замени скапоцените дарови кои ни ги дала таа.

Грозданка Шопова - професор - Скопје
06.10.2010

Споделени искуства

Напомена: Имињата и контакт телефоните на лицата чии стории се објавени во рубриката „Искуства“, со нивна согласност, се достапни во Нутри Вита. Доколку сакате да остварите директен контакт со некој од нив Ве молиме контактирајте нè.