Ве молиме наведете неколку или сите причини зошто се обративте кај нас, односно зошто се одлучивте да ги користите производите од НУТРИ ВИТА?

За алтернативното лечење на мојата мајка и за целосна примена на Герсоновата терапија со 13 свежо-цедени сокови дневно, потребен беше соковник кој ќе цеди СÈ што е витаминско и хранливо од овошјето и зеленчукот. Во Македонија бавниот соковник Hurom Slow Juicer беше единствениот кој знаев дека ќе ги задоволи потребите во процесот на оздравување и одржување на здрав живот.

Што се обидовте и кои производи ги пробавте пред да се обратите кај нас и дали дејствуваше?

Наjпрво од Солун го купивме соковникот од марката Severin ES 3560. Но, после еден месец од користењето тој се поткрши и забележивме дека пулпата која остануваше по цедењето можеше со рака да се исцеди дополнително. Тоа беше доволен знак дека имаме несоодветен соковник, кој за жал овошјето и зеленчукот не го искористуваше во целост.
Откако добро проверивме на интернет и направивме споредба со други видови на соковници, и после презентацијата во просториите на НУТРИ ВИТА, соковникот веднаш беше купен од наша страна. Откако го купивме Hurom Slow Juicer-от, веднаш почнавме со неговата употреба и разликата е евидентна!!! Квалитет, вкус на вистински здрав сок со сите потребни хранливи материи, витамини и ензими во него!

Кои производи од нашата палета одбравте да ги користите и зошто?
(Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf, Активен органски германиум Ge132, Природна козметика Olivella и Sex&Olive, Ланолин и производи за доилки Lansinoh, Апарат за сребрена вода NEVOTON, Блендер Vitamix, Бавен соковник Hurom, Алкализатор Chanson VS70?)

Во мојот дом се користи Бавен соковник Hurom Slow Juicer и геловите за туширање „Sex&Olive“.

Како корисник на овие производи, дали и како се смени состојбата на вашето здравје и дали ги добивте очекуваните резултати?

Кога го конзумиравме сокот од центрифугалниот соковник, имаше вкус на овошје, но повеќе беше како растворена вода.
Со бавниот соковник сокот има вистински вкус на овошје и зеленчук. Откако ќе се напијам од сокот, низ телото чувствувам живот. Тој живот ми го овозможуваат единствено овошјето и зеленчукот.
Инаку, го користам и гелот за туширање Sex and Olive. После секое бањање со овој гел се чувствува мекост на кожата бидејќи во самата структура на гелот има маслиново масло. Прекрасно искуство, плус мириса одлично и го има со повеќе мириси.

Дали добивте повеќе од очекуваното? Ако е така, кои други придобивки ги забележавте?

Бидејќи добро сум запознаена со тоа што е центрифугален соковник и тоа особено она што останува во пулпата откако ќе се исцеди сокот со него, количината на ензими и витамини кои се неопходни за здрав живот, а за жал тие се фрлаат. Со бавниот соковник Hurom се добива вистински сок за кој само сонуваме дека ни го продаваат во добро спакуван тетрапак. Мал број на луѓе се информирани дека ензимите во соковите егзистираат само 20-тина минути. Ниту еден ензим во тетрапак не може да живее повеќе од 20-тина минути, а ниту може да остане ензим ако имаме загревање на сокот над 47°С. Значи, на полиците во супермаркетите некој навистина добро заработува од илузијата која ни ја создаваат дека е тоа 100% овошје.
100% овошје моето семејство добива секојдневно и единствено со бавниот соковник Hurom Slow Juser!

Колку долго сте корисник на производите од НУТРИ ВИТА?

Бавниот соковник Hurom и геловите за туширање Sex and Olive ги користам неполн месец. Hurom-от во мојот дом се користи 13 пати дневно, секој ден.

Пред да се обратите кај нас, дали претходно сте слушнале за нашите производи?

Не, за НУТРИ ВИТА и конкретно за Hurom бавниот соковник дознав преку мојот дечко, кој интензивно ми помагаше во потрагата за пронаоѓање навистина солиден соковник во Македонија, кој нема да биде центрифугален. За тоа особено сум му благодарнa.

Што најмногу ви се допаѓа во нашата канцеларија односно советувалиште?

Првиот контакт со вработените во НУТРИ ВИТА беше неверојатно пријатен. Кадарот кој работи во оваа компанија е навистина обучен за продуктите кои ги нуди. Научив многу работи од нив и навистина, ги добив одговорите кои ми беа потребни. Значи, знаат што продаваат и како тоа навистина помага во животот на луѓето кои сакаат да бидат витални и здрави. Вработените веднаш ни организираа презентација на бавниот соковник и конечно, она што во гледав на Youtube, го видов и во живо.

Дали другите членови од вашето семејство ги користат производите од НУТРИ ВИТА? Зошто/зошто не?

Да, дома сите го користиме бавниот соковник Hurom и сме особено задоволни со квалитетот на соковите. Дури некои членови од семејството почнаа да пијат повеќе сокови, па дури имаме и посети од пријатели во нашиот дом специјално за да го пробаат сокот од Hurom-от.

Дали и зошто во иднина би ги препорачале производите од НУТРИ ВИТА на вашите најблиски, пријателите и познаниците на кои сакате да им помогнете?

Топло ги препорачуваме. Најпрво бидејќи не се работи за лага, туку оние производи кои јас ги користам се навистина ефикасни и евидентна е разликата во однос на претходниот соковник. Овие производи водат кон здравје и претставуваат основа за здрав животен стил. Не се работи за продажба како Топ Шоп продукти, туку за навистина одлични производи кои луѓето треба да ги користат во секојдневниот живот, а не да бидат вклучени во машинеријата на брзата храна и убаво спакуваниот маркетинг.

Александра Стефановска, Психолог - Скопје
21.11.2011

Споделени искуства

Напомена: Имињата и контакт телефоните на лицата чии стории се објавени во рубриката „Искуства“, со нивна согласност, се достапни во Нутри Вита. Доколку сакате да остварите директен контакт со некој од нив Ве молиме контактирајте нè.