Автор: Викторија Бутенко
Краток преглед на научните истражувања како одговор на статијата
„Како зелените сокови можат да го уништат вашето здравје“
од Сара, The Healthy Home Economist

Вообичаена заблуда

Драги пријатели, во оваа статија ви претставувам многу цитати од оригинални документи од истражувања. За да го олеснам читањето, означени се клучните зборови.
Околу 85% од сите бубрежни камења содржат калциумови соли, калциум оксалат и/или калциум фосфат. Се чини логично да се поврзе калциум оксалатот со оксалната киселина во некои видови храна како спанаќ, соја, чај, кафе, пченица и други. Меѓутоа, нема да најдете никаков научно документиран доказ дека оксалната киселина во храната предизвикува формирање на бубрежни камења. Напротив, значајните научни истражувања во различни земји покажаа дека оксалната киселина во храната не игра значајна улога во создавањето на бубрежни камења.
На пример, според Журналот на Американското здружение за нефрологија во 2007 година, една од најголемите и најдолгите студии (44 комбинирани години) беше спроведена во Бостон. Оваа студија планирано го испитувала односот меѓу внесот на оксалати и зачестеноста од бубрежни камења кај луѓето. Во текот на оваа студија, истражувачите испитале 240 681 луѓе (45 985 мажи, 92 872 постари жени и 101 824 помлади жени). Беа документирани вкупно 4605 случаи на бубрежни камења. Заклучокот беше: „односот меѓу окслатите во храната и ризикот од камења е нејасен. Внесот на оксалати и спанаќот не е поврзан со ризик кај помладите жени. Овие податоци не имплицираат дека оксалатот во храната е главен ризик фактор за бубрежни камења. “1
Еве еден заклучок од друга голема медицинска истражувачка група во Северна Каролина: „Улогата на оксалатот во храната во создавање на бубрежни камења од калциум оксалат останува нејасна.“2

Спанаќ

Вишокот животински протеини се главен ризик фактор во создавање на бубрежни камења
Мноштво студии во различни земји покажале дека прекумерната употреба на животински протеини е главниот ризик фактор за создавање на бубрежни камења. Јас одбрав девет опсежно документирани студии кои јасно ја прикажуваат вистинската причина за бубрежните камења.
Според истражувањето спроведено од страна на болницата при Лејден Универзитетот (Холандија), „прекумерното користење на животински протеини и/или сол се покажале како ризик фактори во создавањето на бубрежните камења од калциум оксалат.“
Резултатите покажуваат дека високиот внес на животински протеини и/или натриум ја намалуваат способноста на урината да го спречи натрупувањето на кристалите калциум оксалат и обезбедуваат возможно физичко-хемиско објаснување за несаканите ефекти од лошите прехранбени навики во создавањето на бубрежни камења.3
До слични заклучоци дојде и Центарот за минерален метаболизам и клиничко истражување во Далас, Тексас: „Исхраната богата со животински протеини е поврзана со највисоко излачување на неодвоена уринарна киселина како последица од намалувањето на уринарното рН ниво. Излачувањето на окслати беше пониско за време на вегетаријанска исхрана.“4
Истражувачите од Општинската болница Каизука во Јапонија дошле до истите заклучоци. Тие ги истражувале секојдневните прехранбени навики кај 241 мажи со историја на бубрежни камења. Тие откриле дека овие пациенти внесувале „вкупно многу повеќе протеини и животински протеини отколку здравите Јапонци. Количината на внесените нутриенти за време на вечерниот оброк од страна на пациентите бил околу 50% од дневната количина со преку 60% од дневните животински протеини внесени за време на вечера.“
По евалуацијата на собраните податоци, пациентите ги примиле следниве општи препораки:

  1. Зголемено внесување течности.
  2. Корегирање и избегнување на небалансираната исхрана (исхраната треба да ги вклучува сите видови храна, зеленчук да се зема со секој оброк и избегнување на прекумерна количина на месо).
  3. Јадете три оброка на ден и избегнувајте обилни вечери.
  4. Зголемете го интервалот од вечерање до легнување.

Со придржување на овие индивидуални прехранбени препораки,стапката на 5-годишното повторување на бубрежни камења и стапката на случаи со камен значително се намалиле во период од, не само на амбулантски посети, туку, исто така, и во период кога амбулантските посети биле прекинати. Од овие резултати, научниците заклучиле дека индивидуалното прехранбено управување треба да биде првенствена мерка за заштита од бубрежни камења во Јапонија.5 Ве молиме, запомнете, нивните четири основни препораки не вклучуваат никакво ограничување на спанаќ.
Британските истражувачи извлекле слични заклучоци.Била испитана претпоставката дека зачестеноста од калциумови камења е поврзана со конзумирањето на животински протеини. Кај машката популација, периодичното повторување на камења е кај субјектите кои конзумирале повеќе животински производи отколку нормалните субјекти. Единечните случаи со бубрежни камења земале животински протеини на средно ниво меѓу оние на нормалните мажи и тие со периодично повторување. Високиот внес на животински протеини предизвикало значително зголемување на уринарна екскреција на калциум, оксалат и уринарна киселина, 3 од 6 главни уринарни ризик фактори за создавање на калциумови камења. Севкупната релативна возможност за создавање камења, пресметана од комбинацијата на 6 главни уринарни ризик фактори, била забележително зголемена од исхрана богата со животински производи. Наспроти тоа, малиот внес на животински протеини, како кај вегетаријанци, бил поврзан со мала екскреција на калциум, оксалат и уринарна киселина и мала, релативна возможност од создавање камења.6
Во Италија за исхраната се смета дека има големо влијание од ризикот за создавање на бубрежни камења. Поради тоа, италијанските истражувачи имале за цел да испитаат:

  • а) дали вообичаената исхрана на жените со идиопатски калциумови бубрежни камења кои живеат во Парма (Северна Италија) е различна споредено со здравствените контроли,
  • б) како нивната исхрана се разликува од Националните италијански совети и
  • в) дали е поврзана со клинички тек на бубрежни камења.

Биле вклучени 143 жени со периодично повторување на бубрежни камења и 170 здрави жени. Кај оние со бубрежни камења било забележано поголемо внесување на колбаси, шунка, месо и слатки отколку кај здравите субјекти. Внесот на овошје и зеленчук било забележително понизок од основните препораки.
Италијанските научници заклучиле дека „вообичаената исхрана на жените со периодично повторување на бубрежни камења е различна од онаа на контролните субјекти и се карактеризира со низок внес на овошје и зеленчук и поголемо конзумирање на прости шеќери и храна богата со протеини и сол. Прехранбената нерамнотежа може да игра улога во патогенезата на ИКН (идиопатска калциумова нефролитијаза), посебно кај помлади жени. Овој проект бил финансиран од грантовите од Италијанскто министерство за универзитет и истражување како дел од поголем проект за спречување на бубрежни камења.“7
Друга студија во Јапонија ја испитувала статистичката поврзаност меѓу создавањето на различни бубрежни камења и исхраната. „Прекумерното конзумирање кафе, чај и алкохолни пијалоци значително го зголемиле ризикот од бубрежни камења. Многу прехранбени елементи биле предложени од бројни клинички и експериментални истражувања, но неколку елементи се потврдени од аналитичките епидемиолошки истражувања. Зголеменото снесување на животински протеини и шеќер и намаленото внесување на растителни влакна и зелено-жолт зеленчук се поврзани со повисока можност од создавање на бубрежни камења во индустриските земји.“8
Според истражувањето на Медициниш Клиник од Вадензвил во Швајцарија, „Прекумерното внесување на животински протеини (месо, риба, живина) е литогенско бидејќи го зголемува уринарниот калциум, оксалатот и уринарната киселина, а го намалува цитратот. Од друга страна, исхрана богата со алкални производи (зеленчук, овошје) е поврзана со намален ризик од создавање на камења. „Разумната исхрана“ која содржи доволна количина на течности, 1200 мг калциум на ден и намалена количина на животински протеини, како и сол е во можност да ја намали 5-годишната стапка во создавање на калциумови камења за 50%.9
Еве еден цитат од ново истражување спроведено на Медицинскиот факултет при Универзитетот Калифорнија: „Контролирање на исхраната, употребата на лекови и внесот на нутриенти може да го спречи создавањето на бубрежни камења. Дебелината го зголемува ризикот од бубрежни камења. Сепак, намалувањето на тежината може да ја наруши превенцијата од бубрежни камења ако е поврзана со висок внес на животински протеини, злоупотреба на лаксативи, брзо губење на мускулното ткиво или слаба хидрација. За превенција од калциум оксалат, цистин или камења од уринарна киселина, урината треба да биде алкализирана со исхрана богата со овошје и зеленчук, земајќи цитрат на рецепт или како суплемент или пиење на алкална минерална вода.10

Студија не покажува поврзаност меѓу внесот на оксалати и вулводинија (синдром на хронична болка во пределот на гениталиите кај жени)
Училиштето за јавно здравје при Универзитетот Минесота неодамна спроведе голема студија за поврзаноста меѓу внесот на оксалати и вулводинија. Истражувањето вклучило 242 жени со и 242 жени без вулводинија од девет етнички различни заедници во областа на Бостон. Се покажало „дека нема зголемен ризик од вулводинија со зголемување на проценетиот внес на оксалати. Освен тоа, не видовме поврзаност меѓу зголеменото конзумирање на различни прехранбени продукти богати со оксалати и ризик од вулводинија.“
Заклучокот на истражувачите: „конзумирањето на прехранбени оксалати нема поврзаност со зголемен ризик од вулводинија.“11

Успешен третман на бубрежни камења со хлорофил
Како што можеби се сеќавате од хемија, магнезиумот е главниот минерал во хлорофилот. Речиси пред еден век, во 1929 година, прочуената шведска истражувачка Грета Хамарстен12 во нејзините истражувачки документи опишала дека недостигот од магнезиум водел до зголемување на уринарната екскреција на оксалати кај луѓето, а процесот се повлекол кога имало доволно магнезиум.
По декади истражувања, таа заклучила дека: „Намалувањето на содржината на магнезиум и калциум, или обата, во исхраната ќе придонесе за создавање на бубрежни камења. Ако, освен тоа, и содржината на витамините А и Д е многу ниска, фрекфенцијата на бубрежни камења се зголемува и камењате ќе бидат значително поголеми. Понатаму, храната која предизвикува киселост води кон зголемена калциумова екскреција во урината резултирајќи со поголем ризик од создавање на бубрежни камења.
Јас сметам дека зборовите на оваа жена се неверојатно пророчнички: „За таканаречената „вештачка“ исхрана може да се смета дека ѝ недостасуваат одредени неопходни, но сепак непознати супстанци, присутни во млекото и зелените листови.“13
76 години подоцна, во 2005 година, Линда Масеј, истражувач од Универзитетот Вашингтон Стејт во Спокејн, потврдува: „Магнезиумот (Mg) дејствува како натпреварувач во сврзувањето на оксалатот. Сепак, магнезиум оксалатот (MgOx) е порастворлив од калциум оксалатот (CaOx), 0.07g/100 mL наспроти 0.0007 g/100 mL, така што MgOx не формира камења на физиолошки уринарни концентрации.“
Истражувањето на Масеј покажува дека недостигот од магнезиум предизвикува формирање на камења и теоретските размислувања и студиите со животните го поткрепуваат испитувањето за суплементите со магнезиум како терапија за бубрежни камења.
Според клиничките студии во Германија: „Прехранбениот магнезиум не може да недостасува ако во исхраната е вклучен зеленолиснат зеленчук и цели зрна затоа што магнезиумот е главен минерал во хлорофилот.14
Др. Ерик Тејлор од Портланд, следел 45,619 мажи за 14 години со прехранбено оценување на секои 4 години. Неговиот тим на истражувачи претставил доказ за ефективноста од зголемениот магнезиум во спречување на симптоматски бубрежни камења.15
Во Германија, медицинските истражувачи „успешно ја спречиле кристализацијата на калциум оксалат кај зајаци третирајќи ги со хлорофил.“16

Здравствени придобивки на оксалната киселина
Најраното спомнување на оксална киселина како придобивка за човечкото здравје, веројатно му припаѓа на д-р Норман Вокер. Во неговата книга „Свеж зеленчук и овошни сокови“ тој изјавува: „Суровата оксална киселина е еден од важните елементи потребни за одржување и стимулирање на перисталтиката.“
Во книгата „Оксалната киселина во Биологијата и Медицината“ Алберт Хоџкинсон изјавил дека: „Средна вредност од 288 мкг безводна оксална киселина/100 мл била пријавена за нормалната човечка крв.“17
Во Турција, научниците откриле дека кај животните оксалатот може да поттикне брзо зголемување на белите крвни клетки: „Неодамнешните студии покажуваат дека нивоата на оксалат се превисоки за супстанцата да биде само краен продукт од метаболизмот на животните. Оттука, било сугерирано дека би можело да има начин за оксидаза на оксалатите кај животните, при што се користи оксалат за да се произведе водород пероксид (Н2 О2) кој потоа би можел да се користи за да се поттикне „замав“ од фагоцити, бели крвни клетки кои ги голтаат и раскинуваат туѓите честички, клеточните остатоци и микроорганизмите кои поттикнуваат болести.18
Др. Суприја Јадав од Истражувачкиот институт Агаркар, Индија, изјавила дека „оксалната киселина кога се комбинира со цинк сулфат и други соли можела значително да го запре растот на ешерихија коли.19
На полковникот Џо Харт од Арканзас му биле одобрени три патенти за примената на оксалната киселина за третман на рак, бактериски и вирусни инфекции и васкуларни болест. Можете да го прочитате текстот од неговиот патент на веб страницата: http://www.patentstorm.us/patents/6133317.html. Веб страницата на Џо Харт е: http://www.coljoe.com.
Џенифер Прескот20 по нејзиното сопствено истражување заклучила дека оксалната киселина е лекот за рак: „Истражувањето открива дека има заеднички именител во сите видови храна познати како одлични антиоксиданти. Тие сите се богати со оксална киселина.“
„Оксалната киселина му е потребна на нашето тело за многу функции и игра толку значајна улога во здравјето на цревата, што кога не се прима преку исхраната, телото ја синтетизира од аскорбинската киселина.“21
Би сакала да ги додадам и моите лични размислувања. Откога ја објавив мојата прва книга за зелените сокови, „Зелено за здравје“ во 2005 година, постојано примав лавина од електронски пораки со исцелителни приказни. Напишав уште неколку книги и електронски книги со повеќе упатства за зелените сокови, како што е важноста од ротирање на зелените растенија во секојдневните рецепти, која количина да ја употребувате, кога и колку често да ги конзумирате зелените сокови и многу повеќе. „Зелено за здравје“ е преведена на повеќе од 40 јазици.
Кога луѓето ги пробуваат зелените сокови и забележуваат како се чувствуваат, тие сведочат сами за цврстиот доказ за исцелителната моќ на зелените растенија и зелените сокови. Можете да видите дузина снимани сведоштва на интернет и да прочитате уште многу исцелителни приказни. Додавањето на зелени сокови во вашата исхрана не е каприц, туку чекор во насока на природното живеење.

Зелен сон

Рецепти за зелени сокови со малку оксална киселина
За тие кои, сепак, не сакаат да конзумираат голема количина на оксална киселина, напишав девет рецепти за зелени сокови со многу мала содржина на оксална киселина.

Слатки ’ркулци

  • 1 глава зеленолисна марула
  • 1 грст ’ркулци од луцерка (алфалфа)
  • 2 зрели јаболка, излупени со отстранети семки и дршки
  • 2 зрели излупени банани
  • 2-3 чаши вода

Добро изблендирајте. Се добиваат 2 литри.

Зелена империја

  • 1 глава обична марула
  • 2 зрели јаболка, излупени и со извадени семки и дршки
  • 1 зрело манго, излупено и извадена семка
  • 3 чаши вода

Добро изблендирајте. Се добива 2 литри.

Зелено освежување

  • 1 глава црвенолисна марула
  • 1 зрела диња, излупена и со отстранети семки
  • 1 чаша свеж јаболков сок
  • 2 чаши вода.

Добро изблендирајте. Се добиваат 2 литри.

Сок со нектарини и грозје

  • 1 глава марула
  • 4 зрели нектарини со отстранети семки
  • 1 чаша зелено грозје
  • 2 чаши вода

Добро изблендирајте. Се добиваат 2 литри.

Сок од марула за Ваше здравје

  • 1 грст црвенолисна марула
  • 1 грст зеленолисна марула
  • 1 чаша цреши со отстранети семки
  • 2 зрели банани, излупени
  • 2 чаши вода

Добро изблендирајте. Се добиваат 2 литри.

Едноставно и вкусно

  • 1 глава марула путерка
  • 1 зрела медена диња, излупена и со отстранети семки
  • 2 чаши вода

Добро изблендирајте. Се добиваат 2 литри.

Пудинг „Зелен сон“

  • 1 глава ајсберг марула
  • 1 зрела мексиканска папаја, излупена и со отстранети семки
  • ½ лимон (само сокот)
  • ½ чаша суво грозје
  • 1 чаша вода

Добро изблендирајте. Употребете ја рачката ако е потребно. Се добива 1 литар.

Зачинета кремаста супа

  • 1 чаша зелениот дел од синап
  • 1 средно авокадо со отстранета семка
  • 1 црвена бабура, отстранети семки
  • 1 лимон, само сокот
  • 2 чаши вода

Добро изблендирајте. Послужете со р’кулци од луцерка (алфалфа). Се добива 1 литар.

Супа од копар

  • ½ глава обична марула
  • 1 средно авокадо, отстранета семка
  • 1 излупена краставица
  • 1 гранче свеж копар
  • 2 чаши вода

Добро изблендирајте. Послужете со р’кулци од луцерка. Се добива 1 литар.

Референци:

[1] E. Taylor, G. Curhan, "Oxalate Intake and the Risk for Nephrolithiasis." The Journal of the American Society of Nephrology, Jul. 2007, Channing Laboratory, Brigham and Women's Hospital, Boston, MA USA.
[2] R. Holmes, D. Assimos, "The Impact of Dietary Oxalate on Kidney Stone Formation." Urological Research, Oct. 2004, Department of Urology, Wake Forest University Medical School, Winston-Salem, NC, USA.
[3] Dirk J Kok et al, "The Effects of Dietary Excesses in Animal Protein and in Sodium on the Composition and the Crystallization Kinetics of Calcium Oxalate Monohydrate in Urines of Healthy Men." The Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism, Oct. 1990, Department of Endocrinology, University Hospital, Leiden, The Netherlands.
[4] Neil A Breslau et al, "Relationship of Animal Protein-Rich Diet to Kidney Stone Formation and Calcium Metabolism." The Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism, Jan 1988, Center in Mineral Metabolism and Clinical Research, Department of Internal Medicine, Dallas, Texas, USA.
[5] M. Iguchi, T. Umekawa et al ,"Dietary Habits of Japanese Renal Stone Formers and Clinical Effects of Prophylactic Dietary Treatment." Hinuokika Kiyo. Acta Urologica Japonica, Dec. 1989, Department of Urology, Kaizuka Municipal Hospital, Japan
[6] W. Robertson et al, "Should Recurrent Calcium Oxalate Stone Formers Become Vegetarians?" British Journal of Urology, Dec. 1979
[7] T. Meschi et al, "Dietary Habits in Women with Recurrent Idiopathic Calcium Nephrolithiasis." Journal of Translational Medicine, Department of Clinical Sciences, University of Parma, Parma, Italy.
[8] H. Kodama, Y. Ohno, "Analytical Epidemiology of Urolithiasis", Hinuokika Kiyo. Acta Urologica Japonica, Jun. 1989, Department of Public Health, Nagoya City University Medical School, Japan.
[9] B. Hess, "Pathophysiology, Diagnosis and Conservative Therapy in Calcium Kidney Calculi". Therapeutische Umschau. Revue Therapeutique, Feb. 2003, Medizinische Klinik, Spital Zimmerberg, Wädenswil, Switzerland.
[10] L. Frassetto, I. Kohlstadt, "Treatment and Prevention of Kidney Stones: an Update." American Family Physician, Dec. 2011, University of California School of Medicine, San Francisco, CA, USA.
[11] Bernard Harlow et al, "Influence of Dietary Oxalates on the Risk of Adult-Onset Vulvodynia." Division of Epidemiology and Community Health, School of Public Health, Mar. 2008, University of Minnesota, Minneapolis, USA, harlow@epi.umn.edu
[12] Hammarsten G. On calcium oxalate and its solubility in the presence of inorganic salts with special reference to occurrence of crystaluria. C R Trav Lab Carlsberg 1929
[13] Greta Hammarsten, "Dietetic Therapy in the Formation of Calcium Oxalate Calculi in the Urinary Passages." From the Medico-Chemical Institute, Lund, Sweden, June 1938.
[14] Linda Massey, "Magnesium Therapy for Nephrolithiasis" Magnesium Research, Jun. 2005, Food Science and Human Nutrition, Washington State University, Spokane, WA, USA
[15] Eric Taylor, et al, "Dietary factors and the risk of incident kidney stones in men: New insights after 14 years of follow-up." The Journal of the American Society of Nephrology, 2004
[16] W. Berg, C. Bothor, H. Schneider, "Experimental and clinical studies concerning the influence of natural substances on the crystallization of calcium oxalate." Der Urologe, Jan. 1982, Germany
[17] Albert Hodgkinson, Oxalic Acid in Biology and Medicine, Academic Press, London, New York,1977
[18] Mahmut Caliskan, "The Metabolism of Oxalic Acid," Mustafa Kemal University, Nov. 1998. Department of Biology, Hatay, Turkey.
[19] Nathan Gray, "Probiotic Effect May Benefit from Micronutrient Boost, Suggests Study." Jan. 2011, http://www.nutraingredients-usa.com/Research/Probiotic-effect-may-benefit-from-micronutrient-boost-suggests-study?utm_source=copyright&utm_medium=OnSite&utm_campaign=copyright
[20] "Oxalic Acid - The Cure For Cancer", Jan. 2008, http://EzineArticles.com/912295
[21] "In Defence of Oxalic Acid", http://www.dewsworld.com/FInDefenseofOxalicAcid.html

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator