Консумирањето свежи сокови ни овозможува да внесеме жива храна во организмот, полна со ензими, хранливи материи како витамини и минерали во високоапсорблива органска форма и други нутритиенти кои не можеме да ги внесеме со термички обработената храна. Во тој поглед, ќе ја истакнеме важноста од квалитетен соковник за секојдневно правење на вашите омилени комбинации на свежи сокови. Hurom Slow Juicer претставува навистина нов револуционернен соковник. Тој многу брзо се искачи на првото место на листата апарати кај секој кој практикува здрав животен стил. Овој соковник не е центрифугален соковник со сечила што го рендат зеленчукот, туку претставува потполно нова категорија во технологијата за правење сок. Освен тоа, нуди значајни предности кои го прават овој апарат да биде уникатен, што го прави доволно корисен за да најде посебно место во вашата кујна.

 

Недостатоците на центрифугалните соковници

Центрифугалните соковници всушност ја „рендаат“ вашата храна за да ја одделат пулпата од сокот. Брзо ротирачката нож-кошница овозможува сокот да излезе од кошницата додека пулпата е распространета во садот за нејзино задржување. Ова претставуваше статус-кво за потрошувачите приближно една деценија.
Центрифугалните соковници се добри – многумина ги користеа со години – но, имаат свои недостатоци. На пример, се губи многу сок кој останува во растителните влакна од овошјето и зеленчукот. Тоа значи дека ќе треба да ставите голема количина на овошје или зеленчук за да добиете релативно мала количина на сок.
Исто така, постапката претставува рендање на храната на илјадници тенки парчиња со што се изложуваат на многу брза оксидација. Многу нутриционисти веруваат дека тоа предизвикува брза загуба на нутритивниот квалитет на сокот. Постапката на рендење, исто така, може да предизвика и физичка штета на некои фитонутриенти, намалувајќи го нутритивниот потенцијал на добиениот сок. Отсекогаш постоеја сомневања во врска со тоа колку од хранливите материи се губат за време на овој процес, а реално колку од нив остануваат за да ги консумираме и апсорбираме од страна на нашиот организам.

 

Недостатоците на двобрзинските соковници

Двобрзинските соковници (со изџвакување на храната) произведуваат сок со подобар квалитет од центрифугалните соковници. Тие бавно ја цедат младата пченица, никулците и другите видови овошје и зеленчук преку еднобрзински или двобрзински процес кој екстрахира повеќе сок од центрифугалните соковници.
Токму затоа „најтврдокорните“ вегани и оние кои се на сурова исхрана, веќе неколку години користат двобрзински соковници. Недостатокот на овие машини, е дека тие многу бавно го прават сокот и е потребно повеќе време за расклопување, чистење и повторно склопување. Исто така, тие се многу тешки и прилично скапи во споредба со центрифугалните соковници.
Некои корисници дури и по неколку години имале двобрзински соковник кој само „стоел“ на работната површина во нивната кујна затоа што биле уморни од постојаното расклопување, чистење и повторно склопување. Дури и центрифугалните соковници многу побрзо и полесно се чистат од нив!

 

Ви го претставуваме „бавниот сок“ од Hurom бавниот соковник

Hurom slow juicerСега, нов епохален уред за правење сокови ги надминува сите недостатоци на центрифугалните и двобрзинските соковници. Hurom бавниот соковник е навистина извонредна машина која претставува неколку чекори понапред во технологијата за правење сокови. Оваа машина едноставно е неверојатна – и веќе стана постојан уред во кујната на многумина нутриционисти, вегани, оние кои се на сурова храна, како и многумина кои практикуваат здрав животен стил.
Оваа машина го прави сокот ПОБРЗО од центрифугалниот соковник, а сепак нема делови кои се движат брзо: Нема центрифугален нож- кошница, не го ренда овошјето и зеленчукот и воопшто не е бучна. Јас обожувам да правам сокови со овој уред!
Тој е полесен и поефтин од двобрзинските соковници, а сепак прави исто толку сок, како и тие! Освен тоа, тој е сестран уред со кој освен овошни и зеленчукови сокови, исто така можете да направите бадемово млеко, соино млеко, сусамово млеко, па дури и оризово млеко!
Тајната е во технологијата за правење на „бавен сок“ која е усовршена и патентирана од компанијата Hurom. Оваа технологија користи принцип на „дробење и изџвакување“ кој го „отстранува“ сокот од овошјето, зеленчукот, јатки и семиња. Тој користи само една брзина, не е двобрзински, а едноставноста и интелигентноста на дизајнот го прават да биде вистински и правилен избор за вашата работна површина – тој изгледа како центрифугален соковник, но функционира на потполно различен, потполно нов начин.

 

Апсолутно ОМИЛЕН соковник!

Hurom slow juicerИскуството со Hurom бавниот соковник е многу позитивно. Тој навистина е „револуционерен“. Првиот пат кога ќе направите сок во него, веднаш ќе ја забележите разликата. Ова навистина претставува просветлувачко искуство за сите оние кои сакаат да се движат напред во поглед на животниот стил.
Искуството од користењето на овој соковник покажа дванаесет клучни придобивки кои можеме да ги истакнеме:

Придобивка # 1: Значително ПОВЕЌЕ сок, a ПОМАЛКУ отпад од истата количина зеленчук, значи намалување на трошоците за сок
Бидејќи Hurom бавниот соковник е далеку поефикасен во технологијата на екстракција отколку центрифугалните соковници, вие добивате многу повеќе сок од истата количина на овошје и зеленчук.
Ова значи потполно намалување на трошоците за сок затоа што ќе употребувате помала количина на овошје и зеленчук за да направите иста количина на сок! Високата цена за органското овошје и зеленчук ќе ја надоместите со Hurom бавниот соковник, затоа што ви е потребна многу помала количина од истите.
Навистина, ќе ја забележите разликата уште првиот пат кога ќе го употребите Hurom бавниот соковник.

 

Придобивка # 2: ПОМАЛА оксидација на вашиот сок значи ПОВЕЌЕ нутриенти
Hurom бавниот соковник не прави сок со „рендење“ со брзо ротирачки сечила. Заради тоа ја избегнувате оксидацијата на вашиот сок – хемиски процес кој предизвикува воздухот да реагира со сокот и да го осиромаши за значајните нутриенти.
Свежиот сок екстрахиран со Hurom бавниот соковник е нутритивно најмоќниот сок кој можете да го направете и тоа во вашиот дом. Колку повеќе сте свесни за неверојатните исцелителни својства на свежиот зеленчук, овошјето, јатките и семињата толку повеќе ќе ја цените технологијата на „дробење и изџвакување“ на Hurom, која всушност го заштитува сокот од оксидација.
Резултатот е сосема видлив, кога сокот исцеден со Hurom Slow Juicer ќе го ставите во чаша, тој воопшто не се одделува како што тоа е случај со обичните центрифугални соковници.

Hurom разлика

Сето ова, ја зголемува ефикасноста во правењето сокови, како во поглед на количината, така и во поглед на квалитетот на исцедениот сок.

 

Придобивка # 3: ПОБРЗОТО правење на сок го прави овој соковник уште попрактичен
Hurom бавниот соковник всушност не е „бавен“ во правењето сок. Во однос на милилитрите сок кои ќе ги добиете во минута, тој е исто толку брз (дури и побрз) од центрифугалните соковници!
Ова го прави многу побрз од типичните двобрзински соковници, така што можете да правите сок за вас, па дури и за целото ваше семејство за само неколку минути. Ќе забележите дека ќе заштедите многу повеќе време со овој соковник.

 

Придобивка # 4: БАВНАТА брзина ви овозможува правењето сок да биде побезбедно за семејството и децата
Hurom бавниот соковник нема опасни, брзо ротирачки делови како остри сечила или метални кошници. Моторот работи бавно и постојано, произведувајќи изненадувачки голема количина на сок со мал број вртежи – оттаму доаѓа и името „бавен соковник“.
Ќе бидете изненадени од тоа колку многу сок се екстрахира со оваа машина дури и со наизглед така „бавното“ движење! А бидејќи е безбеден и тивок, можете да ги вклучите децата во забавата сами да си прават сок. Тие всушност можат да видат како сокот се одделува од пулпата. Забавно е да се гледа како работи овој соковник!

 

Придобивка # 5: Исто така, прави и РАСТИТЕЛНО МЛЕКО!
Тоа е толку добро... Можете да го користите вашиот Hurom бавен соковник за да направите свежо сурово бадемово млеко. Тој е неверојатен! Само ги потопувате бедемите во вода 24 часа, ги исплакнувате, ги лупите и ги додавате во Hurom соковникот заедно со вода.
Свежото бадемово млеко истекува од соковникот! И воопшто нема неред: Без вреќички за цадење растително млеко, без загревање и без компликации. Ги ставате внатре бадемите, а надвор добивате бадемово млеко -- речиси моментално! Само оваа опција го прави вреден соковникот за секој денар што сте го дале (за сите оние кои секојдневно пијат бадемово млеко).
Исто така, можете да го користите овој соковник за да направите соино млеко, сусамово млеко или дури и овесно или оризово млеко! Тоа е машина за правење млеко, а истовремено и првокласен соковник, кој веќе го освојува светот. Сега и вие можете да бидете во чекор со времето.

 

Придобивка # 6: МАЛАТА врева ја прави вашата кујна мирна и тивка
Центрифугалните соковници се бучни. Звуците од рендањето и сечењето можат да бидат вознемирувачки за мирна кујна, па дури и можат да ги разбудат другите членови од семејството додека правите сок наутро.
Но, Hurom соковникот е толку тивок што може да се нарече и „тивок соковник“. Не прави врева повеќе од обична машина за леб и е далеку помалку бучен од блендер или типичен соковник.

 

Придобивка # 7: ПОМАЛКУ отпад – поеколошки
Фактот што Hurom соковникот прави повеќе сок од помалку свежо овошје или зеленчук, не е добар само за вашиот џеб – исто така е добар и за околината!
Зошто? Затоа што производството на овошје и зеленчук изискува енергија и напор. Исто така, за транспортирањето на тоа производство потребно е фосилно гориво. Колку повеќе нутриенти ќе екстрахирате од истата фиксна количина на свежо овошје, толку ќе биде помала употребата на ограничените природни ресурси.
Ефикасното правење сок е еколошко – добро е за вас и за целата планета истовремено.

 

Придобивка # 8: Сокот има подобар ВКУС!
Можеби е до природното правењето сок со изџвакување на овожјето и зеленчукот, а веројатно нешто има врска и со недостигот од оксидација на сокот направен со Hurom Slow Juicer, но сокот екстрахиран од Hurom соковникот има неверојатен вкус исполнет со хранливост!
Сите го делат истото мислење: „Овој сок има подобар вкус од сокот кој вообичаено го правевме досега. Која е разликата?“ Единствената разлика е тоа што сега го користат Hurom соковникот наместо центрифугален соковник кој претходно го претпочитале. Испробајте сами. Навистина ќе ја видите и ќе ја вкусите разликата!

 

Придобивка # 9: Без ПЕНА
Дали сте пробале од пената на сокот која се добива со центрифугалните соковници? Таа пена е резултат од високата брзина на рендање, при што доаѓа до мешање на сокот со воздухот. Тоа е нуспојава и несакана последица од користењето на центрифугалните соковници.
Hurom соковникот речиси и да не создава пена! Тоа што го добивате е чист, течен сок. Нема пена и нема оксидација. Тоа е едноставно сок кој вие всушност очекувате да го добиете од ваква машина.

 

Придобивка # 10: ЛЕСЕН за чистење!
Доколку и вие сте како многумина на кои времето им е ограничено, навистина сакате да го подготвите вашиот сок колку што е можно побрзо и да продолжите со секојдневните обврски. Но, тука е вклучено и чистењето на соковникот.
Ќе бидете среќни кога ќе дознаете дека Hurom соковникот не е бавен кога станува збор за чистењето: Всушност е многу брзо! Се исплакнува лесно со обична вода и се чисти побрзо од типичен центрифугален соковник. Освен тоа, не морате да ја триете нож-кошницата за да ја отстраните пулпата.

 

Придобивка # 11: Полесен и ПОПРЕНОСЛИВ од многу други соковници
Ова е навистина добра карактеристика за Hurom соковникот: Тој е доволно практичен за да го носите со себе!
Однесете го на забава или во домот на вашите пријатели... Покажете им ја оваа неверојатна технологија за правење сок и дозволете им самите да ја вкусат разликата!
Hurom соковникот е полесен од типичен двобрзински соковник. Можете дури да го ставите во куфер и да го носите со вас на патување – да го користите во хотел! Тоа е единствениот начин да внесете навистина здрава храна додека патувате каде било.

 

Придобивка # 12: Доаѓа со 10-годишна гаранција на моторот!
Hurom бавниот соковник е создаден да трае доста долго и е поткрепен со едногодишна гаранција на целиот уред, плус 10-годишна гаранција на моторот. Доколку евентуално нешто му се случи на соковникот додека е под гаранција, иако е многу ретко, поправката на вашиот соковник е потполно бесплатна. Притоа е потребно да се придржувате кон упатството за употреба кое оди во комплет со соковникот.

 

Зошто целосно да преминете на Hurom бавниот соковник
Hurom бавниот соковник можете целосно да го прилагодите и сместите во вашата кујна бидејќи зафаќа многу мал простор, а со дизајнот се вклопува без никаков проблем. Достапноста во бела и хром варијанта дополнително ви го олеснува изборот.
Hurom соковникот прави сосема различен сок. Тој е брз и лесен за користење, тивок е, произведува значително повеќе сок од останатите соковници и тоа со помалку пена. И што е најважно, сокот е со многу подобар вкус! Тоа на сите ни е потребно, сакаме да добиеме максимална количина сок од овошјето и зеленчукот, да фрлиме што помалку отпад, а истовремено и нутритивниот квалитет на добиениот сок да биде на врвно ниво.

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator