Викторија Бутенко
Автор на: „12 чекори до сурова храна“

„Квалитетот на храната што ја јадеме е од витално значење.“

Зелена салатаКога првпат слушнав за луѓето кои јадат само сурова храна, никако не можев да ја прифатам идејата. Ми изгледаше навистина екстремно, како некоја модерна диета или потоплно непотребно нагласување на идејата дека овошјето и зеленчукот се добри за нашето здравје.
Потоа, почнав сè повеќе да слушам за суровата храна и сфатив дека воопшто не е екстремна. Спротивно од она што го мислев, не значеше дека треба да престанам да се бањам, или дека треба да се придружам кон некој култ, да пуштам долга коса или да станам „хипик“.
Исто така, не значеше дека треба целосно да се откажам од готвената храна и да се хранам потполно сурово, туку сфатив дека е доволно само да јадам сè повеќе сурова храна и да се чувствувам здраво и витално. Сите знаат дека овошјето и зеленчукот во нивната природна состојба се добри за нашето здравје, па секое нивно дополнително внесување во исхраната, може да биде само дополнителен бонус, односно здравствена придобивка.
И еве што всушност се случи: почнав да ги забележувам придобивките, запознав некои прекрасни луѓе од светот на суровата храна, и навистина посакав да преминам на „потоплно сурова исхрана“.
Да јадеш сурова храна значи да ја воспоставиш хармонијата меѓу телото и природата. Не е погрешно ако каснете и зготвена храна, туку погрешно е ако не јадете доволно свеж зеленчук и овошје, или ако не пиете доволно свежо цедени или кашести сокови.
Понекогаш ќе слушнете дека суровата храна се нарекува „диета со сурова храна“, но тоа не е диета во традиционална смисла, туку претставува начин на живот, односно дел од здравиот животен стил. Се разбира, многу луѓе можат да ослабат хранејќи се на ваков начин, но навистина е уникатно што кај многумина се решаваат присутните здравствени проблеми. Некои се привлечени од овој начин на исхрана само затоа што сакаат дополнителна енергија, чувство на здравје или едноставно се љубопитни за ефектите кои ќе ги доживеат јадејќи ја храната што ја дава природата.
За жал, не ги разбираме доволно природните закони, и тоа ни носи дегенеративни заболувања. Жално е кога гледаме дека болестите упорно се појавуваат, и покрај целиот напредок во светот. Повеќето луѓе сметаат дека тоа е природен процес, ја обвинуваат староста или генетиката. Но дали е така? Тогаш зошто се разболуваат само луѓето и животните кои за храна зависат од луѓето? Прашајте се, посомневајте се, барајте одговори, учете од оние кои се здрави и долговечни, и кои одговорите несебично му ги оставиле на човештвото.

Да се вратиме на првобитното прашање: Што е сурова храна?

На англиски јазик се нарекува Raw food, на германски Rohkost, а ние ја викаме Сурова храна. Со зборови не може да се опише животната сила која се наоѓа во оваа храна.
Најлесниот начин за да се опише е да се рече дека суровата храна е храна без производи од животинско потекло, и храна која не се загрева над критичната температура од 47°С за која се смета дека ги уништува сите ензими. Секако, важно е продуктите да се органски, еколошки одгледани, без пестициди, хербициди и штетни хемикалии. Во процесот на обработка (сушење или подготовка), храната не смее да се подложи на повисока температура, затоа што во таков случај ќе се изгубат витамините, минералите и другите протеини.

Што се ензими?

Зелена супаЦелиот растителен свет (овошјето, зеленчукот, семките), во својата природна форма содржат атоми и молекули, а во нив се наоѓаат животните елементи познати како ензими. Ензимите се изградени од протеини и се неопходен дел од секоја наша телесна функција, вклучувајќи ги видот, слухот како и системот за варење на храната. Сè што се случува во организмот, сите процеси во телото, од обновување на матичните клетки до создавање на нови клетки, зависи од ензимите. Едноставно кажано, без ензими не можеме да функционираме, односно без ензими нема живот.
Тешко е да се објасни што сè се ензимите. Но она што го знаеме со сигурност е дека го поддржуваат принципот на животот, дека не можат да се произведат вештачки, дека ги добиваме преку суровата храна, и дека се уништуваат доколку храната термички се загрева над 47°С. Кога ова ќе го сфатиме, ни станува јасно зошто храната треба да ја бираме внимателно.
Постојат ензими кои ги произведува нашето тело, но ензимите ги добиваме најмногу од храната што ја јадеме. И овде е критичната точка: ако јадеме храна со недопрени ензими, тогаш телото не мора да се преоптоварува при разложувањето на храната. Постојат различни видови на ензими, и природата завршила одлична работа со тоа што сите тие различни ензими ги сместила соодветно во храната за која се потребни при нејзината обработка во нашиот организам. Така, кога јадеме сурова храна, таа ги содржи истите ензими кои ѝ се потребни за нејзино разложување во дигестивниот тракт. Со тоа многу малку се оптоваруваат внатрешните органи за лачење на ензими, при што нивната функција е многу подолговечна.
Јас не сум нутриционист, а тоа што го научив е преку мое лично истражувње; има толку многу информации за тоа зошто суровата храна е нутритивно супериорна и одлична за нашите тела и ќе добиете многу повеќе информации и мислења отколку што можам јас да ви прикажам во овој мал простор – ве охрабрувам да истражувате и да читате за тоа.
Сурова храна, не значи дека таа не е загреана - туку само дека не е зготвена на традиционалниот начин. Со користење на процесите како дехидрирање, цедење, ’ртење, блендирање и обработка на храната, вашето дневно мени може да биде доста возбудливо и разновидно; дури можете да предизвикате позитивен интерес и кај вашите роднини и пријатели!

„Само животот создава живот.“

КоктелДенес е тешко да се снајдеме низ мноштвото информации за храната, посебно кога читаме за различните видови исхрана што се препорачуваат. Се појавуваат контрадикторни информации и совети, пласирани од луѓето кои се дел од големите индустрии што се борат за профит и контрола врз луѓето.
Ако барате одличен вовед во суровата исхрана, навистина ви советувам да ја прочитате „12 чекори до сурова храна“. Дефинитивно ќе ви пружи одлични информации на почеток, и ќе ве научи неколку работи. Посетете ја страницата www.Vitamix.mk за да проверите. Дел од мојата мисија е да понудам рецепти и храна, и да ви покажам дека суровата храна може да е возбудлив, привлечен и прифатлив начин на исхрана.
Сите ние сакаме да бидеме здрави. Само здрави сме од полза за себе, за семејството, за општеството. Затоа денес кога на секој чекор сме изложени на брза храна, мораме повеќе од било кога да сме свесни дека здравјето зависи од нас самите. Денес во овој брз свет, го уништуваме организмот со јадење на брза храна, и така си создаваме физички и душевен конфликт. Денес во овој брз свет, мора да најдеме време да бидеме здрави.
Поентата е да се движиме кон работите кои ги сакаме, и да ја разбудиме свеста дека самите сме одговорни за своето здравје. Да ја пронајдеме хармонијата меѓу духот и телото.

„Знаењето кое е навистина вредно, се стекнува само преку искуството.“

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.