Трагедијата во Јапонија ни дава прилика да соучествуваме, сочувствуваме, да одговориме на низа позитивни начини, било да се вклучиме во активност на испраќање помош, добра енергија, молитви...; прилика е тоа всушност да бидеме дел од едно човечко семејство. Ниту еден друг народ не би можел на ваков начин да ја поднесе ваквата катастрофа. Од раѓањето па натаму, низ целиот живот, Јапонците работат на себе, се учат на трпеливост, ја јакнат самодовербата, негуваат добро организиран живот и токму поради сè ова, посебно и големо внимание посветуваат на исхраната (Ана Карловиќ - цитат).

Доминантна тема на денот е - како да се заштитиме од радијација во овој актуелен миг на таложење радиоактивни материи во нашата земја? На прашањето - има ли навистина ефективна заштита од радијација, на наша среќа, одговорот е - да!

Претераната изложеност на радиоактивното зрачење може да настане поради:

  • остатоци по нуклеарни експерименти;
  • хаварии во големите атомски централи како што се Three Mile Island и Чернобил;
  • несреќи во центрите за стерилизација и зрачење на храната;
  • радиоактивни излачувања по необјавени помали несреќи;
  • постојано зрачење од некои технички направи и производи на атомската технологија;
  • радијација на медицински инструменти како што се рендгени, флуороскопи, мамографии и томографии;
  • воена атомска активност: инциденти во фабриките на атомско оружје, несреќи во атомските подморници;
  • супстанцијата - „радон“;
  • пушењето.

Радон е радиоактивна супстанција која настанува по природното распаѓање на уранот. Радонот се наоѓа во каменоломите, во слоевите глина и во фосфатните стени, но и во бетонот и во циглите. Може да биде присутен во подрумите и во приземните простории со слаба вентилација. Добрата вентилација и потполнување дупки на подовите и подрумите може да го спречи течењето на овие опасни гасови.

Кога вдишуваме чад од цигари во нашите бели дробови влегуваат две радиоактивни честички: полониум 210 и олово 211, честички кои настануваат со распаѓање на радиум 226. Радиум 226 се наоѓа во вештачкото ѓубриво со кое се нагнојуваат полињата со тутун. Докажано е дека тутунскиот чад содржи радиоактивен радиум 226 и калиум 40.

Спротивно на општото мнение, најголема опасност од радијација не е експлозија на атомска бомба! Ниското рамниште на зрачење во подолг временски период предизвикува најголеми разорувања на клеточната структура. Радиоактивни честички се наоѓаат во воздухот, во водата и во почвата, од каде и доаѓа нашата храна. Крајниот резултат од таква долгорочна изложеност на радијација е настанување голем број слободни радикали. Слободниот радикал настанува кога молекулата со мошне реактивен електрон ќе ги „украде“ електроните од другите атоми. За слободните радикали може да се размислува како за молекули со пореметена рамнотежа на електроните. Во настојување повторно да се воспостави рамнотежа, тие молекули почнуваат да „крадат“ електрони од соседните молекули, па така ги чинат нестабилни, со што предизвикуваат верижна реакција. Кога таквите „кражби“ ќе се случат во биолошките структури, изградувањето и функциите на таквите структури се доведува во прашање. Слободните радикали можат да ги уништат протеините, липидите, ензимите, па да предизвикаат и смрт на клетките. Тие можат да предизвикаат воспалителни процеси, да ги повредат клетките на белите дробови и на крвните садови, разни мутации, дегенеративни и малигни оболувања. Тие ја уништуваат мембраната на клетката, нејзината внатрешна содржина, па и самата ДНК.

Д-р Карл З. Морган, долгогодишен директор на одделот „Физика на здравјето“ во Националната лабораторија на Oak Ridge, во Билтенот на атомските научници, 1978 год. го има напишано следново: „Нема безопасна изложеност на радијација и според ова нема толку ниска доза на радијација кај која ризикот од настанување малигни формации би бил еднаков на нула...“

Кој е заклучокот? Од сето ова може да се заклучи дека вестите на радио или на телевизија од типот - „не е опасно за човечкото здравје“, или „ова е во граници на нормала“, не треба да се сфаќаат сериозно зашто властите сакаат да ги смират луѓето и да ја одбегнат паниката.

Добра вест во ова е што ние сме во состојба многу да сториме за да го спуштиме негативниот ефект на радијацијата до минимална мера. Првиот чекор во таа насока се состои во подобрувањето на општата здравствена состојба, за да се намалат подложностите од негативните влијанија на радијацијата. И покрај правилата кои се однесуваат на „здравиот живот“, има конкретна диета со чија помош може да се неутрализира штетниот ефект на радијацијата, за да се сочува добро здравје до максимална граница.

Темелните принципи на диетата против радијацијата се четири вида: првиот принцип е принципот на селективно усвојување кое гласи - кога во организмот влегува доволно количество минерали, клетките се заситени со минерали, така што се смалува веројатноста за усвојување на радиоактивни минерали. На пример, - ако се однесува на минералите - калциум и јод, доколку во организмот има големо количество природен калциум и јод, телото нема да го усвои радиоактивниот стронциум 90, којшто е сличен на калциум или јод 131. Морските алги - келп, дулсе, нори...богати се со јод: препорачана доза е 80 грама морски алги седмично, но ако човек има проблеми со штитната жлезда, со срцето, крните садови, со хиперактивноста, во тој случај потребно е консултација со лекар. Со јод се богати и листовите на рдоквата, на дивиот лук, на тиквата, листовите на горушица, спанаќ, кељ, шпарога, цитрус - грејп, портокал, лимон, лубеница, ананас. Минерали корисни за здравјето се - калциум, калиум, јод, железо, цинк, витамин Б12, сумпор.

Во таа насока АФА алгата има извлечено од алкалните води на Кламатското езеро огромна количина квалитетни минерали од вулканско потекло, а овие минерали се одлична одбрана од радијација. Едновремено, нужно е да се исклучат од исхраната продукти кои се високо во скалата на синџирот на исхрана, а тоа е храна од животинско потекло (месо, млеко...) и тоа поради висока концентрација на радиоактивни минерали. Нужно е да се знае дека сето она кое е поблиску до почетокот на синџирот на исхрана, помалку е веројатно дека е загадено од радиоактивност.

Вториот принцип на диета против радијација е таканаречениот - „хелатен ефект“, а тоа значи дека има определени храни кои се во состојба од организмот да ги извлечат штетните радиоактивни супстанции. Најдобар хелатоформирачки лигант за извлекување радиоактивен материјал надвор од системот - е натриев алгинат. Морски алги кои содржат алгинат се - келп, араме, уокаме, комбу и хиџики. Молекулите на натриев алгинат се лепат на радиоактивните честички како магнет и ги извлекуваат по дигестивниот тракт.

Втор хелатен агент е - зибиколин, билно влакно кое се наоѓа во мисо. Друга храна богата со билни влакна кои се со изразити хелатни својства се - житарките, ореовите плодови, семките и махунарките. Пектин, вид растопливи билни влакна, се наоѓа во овошјето и во семките, посебно во сончогледовите семки; овие производи имаат особени хелатни квалитети. Фитатите кои се наоѓаат во житарките и махунарките, аминокиселини богати со сумпор присутни во семејството на зељето (кељ, карфиол, брокула), исто така се силни хелатни агенти. Особено богата со хелатни агенти е Кламатската алга.

Трет принцип на исхрана против радијација е храна која ќе обезбеди доволно количество антиоксиданти и ензими за неутрализирање на слободните радикали во организмот. На пример - пченични клици, цветен полен, млеч, овошје и зеленчук богати со хлорофил, сите овие продукти се извонредни извори на ензими и антиоксиданти. Ензимите се клучни за метаболизмот, а тие се наоѓаат во живата храна, во овошјето, зеленчукот, особено во изртеното семе: две - три лажички изртени семки на ден ќе му помогнат на организмот поквалитетно да ја свари храната и да ја искористи најуспешно нејзината енергија. Овошјето и зеленчукот кои се богати со хлорофил, ќе внесат во организмот доволно количество кислород и со тоа ќе ги зголемат енергетските резерви. Во таа смисла - Кламатската алга содржи огромно количество ензими, алфа и бета каротен, од кои настанува витамин А, а позната е по тоа што е побогата со хлорофил и од луцерката (се смета дека луцерката е билка со најголем степен хлорофил).

Четвртата концепција во битка против радијација е примање храна која директно штити од негативното влијание на радијацијата. Една од нив е - мисо: мисо е ферментирана паста од соја која може да се помеша со ориз или со јачмен. Непастеризирано мисо (само ова треба да се употребува) содржи полно полезни бактерии и ензими кои му помагаат на метаболизмот и ја одржуваат цревната флора. Неговиот витамин Б12 штити од апсорбирање на Кобалт 60; во мисо има уште и други минерали во големо количество, кои не допуштаат да се усвојат радиоактивни минерали.

Цвеклото е исто така добро против радијација, зашто е богато со железо кое штити од усвојување - плутониум 238 и 239, и - железо 50 и 59. Цвеклото го детоксицира црниот дроб и потпомага во лечењето анемија. Сок од свежо цвекло е добро средство против леукемија и рак.

Поленот е исто така мошне ефикасна храна против радијација. Со редовно земање цветен полен ќе се подобри здравјето и ќе се зголеми степенот на имунитет. Поленот ги штити белите и црвени крвни клетки од исцрпување кое настанува од радијацијата; полен е богат со витамините А, Б, Ц и Е, со нуклеинови киселини, со лецитин, цистеин и со минерали од животно значење како што се селен, калциум и магнезиум. Цветниот полен е репродуктивна животна сила на целиот растителен свет.

Лукот е исто така добра храна против радијација. Тој содржи аминокиселини - цистеин, кој ги спречува слободните радикали: цистеин се врзува со кобалт 60 и го деактивира. Лукот содржи големо количество висококвалитетен сумпор и една неидентифицирана супстанција која спречува усвојување на радиоактивни изотопи и помага тие да се исфрлат од телото.

Од старина е познато дека храна богата со хлорофил штити од радијација: зелен зеленчук, спирулина, хлорела, луцерка и сите изртени семки... особено е богата со хлорофил модрозелената алга од Кламатското езеро.

Еве што вели Д-р Габриел Казанс во својата книга „Свесна исхрана“ токму за Кламатската алга: „Оваа алга е чудесна храна против радијација поради нејзината клеточна неменливост и регенеративна енергија, како и поради високата содржина на хлорофил. Забележав кај себе и кај моите пациенти дека АФА алгата има исклучително високо и фино организирано енергетско поле кое ја регенерира енергијата на телото и умот! АФА штити од Криптон 85, Целзиум 137 и ја смалува склоноста на клетките кон мутација.“

Есенцијалните масни киселини ги штитат клетките од слободните радикали, зашто ја јакнат клеточната мембрана и ја чинат отпорна на било какви интервенции однадвор, па воедно придонесуваат кон јакнење на имунитетниот систем во организмот. Со внесувањето ЕМК во телото се зема она што е најдоброто од билниот свет - есенција на семето! Познато е дека семето ги содржи сите неопходни состојки за развој на билката: од ситното семе станува огромно дрво и тоа е чудо на природата!

Од сето ова може да се заклучи следново: Храната која е сиромашна со масти, а богата со природни јаглени хидрати и билни влакна, храна која содржи 80% свежо овошје и свеж зеленчук, создава блага алкална средина во телото, што е од клучно значење при заштита од радијација. Со придржување кон таква диета човекот консумира храна која се наоѓа на почетокот на прехранбениот синџир, едновремено одбегнувајќи ги месните и млечни производи во кои се наоѓаат големи количества јод 131 и стронциум 90. Со откажувањето од пушење се отвора врата на телото за кислород и се спречува неговата дегенерација. Со консумација на сите полезни додатоци за кои се зборуваше, сигурно човек ќе се заштити од радијација, а АФА ќе помогне да се истрае, зашто таа го храни умот! Истрајноста е нужна, зашто во овој случај не се работи за краткотрајна диета по која се тргнува по старо! Треба да се сфати дека ова е прашање на промена на начинот на размислување и на начин на живот од кој зависи опстанокот на човечкиот род.

Радијацијата е присутна секаде околу нас, таа не може да се спречи, а можно е дека ќе се зголемува и ќе јакне. Мора да се преиспитаат вредностите, приоритетите, да се отфрлат старите заблуди, лошите навики, и да се насочи вниманието кон она што е битно во животот. Кога ќе се стори ова, луѓето ќе бидат здрави, а животот ќе стане потполн, луѓето ќе се чувствуваат слободно и ќе бидат во состојба со сите луѓе на планетата да се дели радоста на суштествувањето. За да истраеме во ова ќе помогне АФА алгата! Кламатската алга и широката палета производи на Нутри Вита, без сомнение се доминантни во заштитата од радиоактивно зрачење. Ова го потврдува и праксата на Јапонците: „Во голем степен во нивната исхрана се вклучени алгите, а особено морските макро алги, но откако се покажало во истражувањето дека АФА алгата е извонредна храна за мозокот, во Јапонија почнале редовно да ја консумираат децата во училиштата, со тоа што државата одлучила да субвенционира 50% од трошоците“, вели Ана Карловиќ.

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator