Магнезиум

Производи на база на магнезиум хлорид кои се нанесуваат директно преку кожа.

Спрејот (масло) најбрзо се апсорбира во кожата и веднаш делува на грчеви, воспаленија и други мускулни болки. Одличен е за враќање на потребно ниво на магнезиум, за главоболки, несоница, анксиозност, депресија и сл.

Гелот е формулиран за да се задржи одредена количина на кожата, што овозможува зафаќање на поголема површина. Поради тоа е одличен за терапија со масажа. Со алое вера како додаток делува терапевтски за кожни состојби како егзема, псоријаза, акни и сл.

Снегулките (купка) се раствораат во топла вода и се одлични за навечер пред спиење, за ублажување на стрес, релаксација и сл. Исто така се одлични за користење како купка на воспалени мускули и зглобови.

Лосионот е најнежна магнезиум опција (најмала концентрација на магнезиум). Има богата емулзија на органски масла како јојоба, шеа путер, кокосово масло и сл. Одличен е за чувствителна кожа, за лице, како и за деца. Исто така делува терапевтски за кожни состојби како егзема, псоријаза, акни и сл.

„Ултра“ линијата е идеалнa за спортисти, фитнес ентузијасти, лица со хронични болести, возрасни лица, лица со чувствителна или помалку од идеална здрава кожа, или пак оние кои едноставно сакаат полесна концентрација на магнезиум со придобивките на МСМ.
Квалитетот и удобноста на оваа оригинална производна линија со додавање на МСМ, формулирана да ја зголеми брзината на апсорпција на топичен магнезиум, додека обезбедува спој на бенефиции во блиска корелација со магнезиум.
Метилсулфонилметан (МСМ) е органосулфурно соединение кое го поддржува здравјето на 'рскавичните ткива. Истражувањата покажуваат потенцијал за зголемување на пермеабилноста на мембраната (зголемена апсорпција на кожата). Најчесто се користи за терапија со болки и како антиинфламаторен агенс. Добро се спарува како комплементарен додаток на магнезиум. Ние го користиме OptiMSM, најчистиот извор на МСМ што постои – добиен со користење на дестилација за да гарантира производ без тешки метали и други загадувачи.