Лампа од хималајска сол, Пирамида, ≈2 кг.

Цена: 1.950 ден.
1.750 ден.
Заштеда: 10%


Прашајте нè за овој производ

Во магацин: Обично стигнува за:   24h.gif

  • Димензии: 152x127x127 мм.
  • ослободува негативни јони кои го чистат воздухот од бактерии, чад, прав, полен...
  • ослободува негативни јони кои ослободуваат од симптоми на поленска грозница, астма, депресија, хроничен замор...
  • ослободува негативни јони кои ги подобруваат моќта на забележување и концентрацијата што резултира со подобро учење и поквалитетно решавање на задачите пред кои е изложен умот
  • ослободува негативни јони кои влијаат на нивото на серотонин во крвта како и на стабилизирање на алфа-ритмите
  • го подобрува воздухот кој го дишете
  • го неутрализира електросмогот
  • создава пријатна микроклима
  • опуштена светлина со пријатна боја на праска
  • совршено тивка
  • без мирис
  • природна
  • 250 милиони години стар производ на мајката Земја

За оптимално подобрување на климата во просторијата треба да внимавате на соодносот меѓу подрачјето на делување на лампата и големината на просторијата, како и бројот на луѓето кои се наоѓаат во неа (секое домашно животно се брои како едно лице).

Големина/тежина на лампа Големина на простор Број на лица
2-3 кг. cca 12 м2 1
4-5 кг. cca 18 м2 2
5-6 кг. cca 25 м2 3
6-8 кг. cca 30 м2 4
10-12 кг. cca 34 м2 5
25-30 кг. cca 40 м2 7
30-40 кг. cca 45 м2 10
40-80 кг. cca 50-90 м2 до 20

Напомена: Во табелата се дадени приближните односи.

Упатство за чување

Кристалите од хималајска сол се хигроскопни (имаат својство да апсорбираат вода или влага од околината). Оттука, лампите од кристална сол треба да се користат во суви простории. Во случај на зголемена влажност, на пример, за време на дожд, лампите од хималајска сол треба да се вклучени. Топлината која се испушта од сијалицата која е во лампата ги загрева кристалите сол и помага водените честички да испарат на надворешната површина. Ако планирате да ја чувате лампата од хималајска сол подолг временски период во влажна средина (на пример, гаража, поткровје, визба итн.) ставете ја во пластично ќесе и залепете ја убаво со селотејп.
Исто така, пожелно е да се придржувате кон одредени упатства кога ги користите лампите во канцеларија или во соба.
Прво, ако се случи кондензација на надворешната површина, капењето на водата може да ја оштети површината на лампата (на пр. обезбојување, да се појават меурчиња на дрвената површина итн.) Кога ја ставате лампата на површина која може да се оштети (антички или канцелариски мебел) треба дополнително да ја заштитите површината со гумена или плутена основа или, пак, чинија за да се слива кондензираната вода. Овде, повторно, добар начин за да се исуши лампата е да се вклучи.
Второ, ако лампата е во место каде си играат деца или кучиња, НЕ ТРЕБА да се става на работ од мебелот или, пак, електричниот кабел да е достапен на дофат на децата. Лампата треба да биде поставена на начин што ја спречува веројатноста на пад од висина и да предизвика повреда на детето или миленичето.
Ако лампата од хималајска сол има влага одвнатре, треба веднаш да се извади електричниот кабел од напојување. Земете ја основата на сијалицата и испитајте ја влажноста. Ако основата е влажна, ставете ја на суво и топло место. Избришете ја лампата со памучна крпа додека не се отстрани влажноста. Следете ја влажноста на основата и на лампата и повторно склопете ја за неколку часа.
Треба да ги следите овие упатства кога ја менувате сијалицата од лампата:

  1. Извадете го електричниот кабел од напојување.
  2. Свртете ја лампата наопаку за да ја видите основата на сијалицата.
  3. Фатете го долниот, видлив дел од основата на сијалицата и нежно повлечете надолу (не влечете го кабелот освен ако не е неопходно).
  4. Потоа, откога ќе ги видите двете метални штипки, притиснете ги, убаво фатете ги со дланка и полека повлечете ја основата од лежиштето. Внимавајте да не ги отпуштите пребрзо металните штипки бидејќи може да се повредите.
  5. Заменете ја сијалицата.
  6. Откако ќе ја замените сијалицата, фатете ги убаво двете метални штипки, соберете ги за да ги собере во лежиштето и внесете ја сијалицата во лежиштето од лампата.

Понекогаш, домашните миленичиња (најчесто кучиња) инстинктивно ја лижат лампата за да ги надоместат минералите во нивното тело. Лампите од хималајска сол не се наменети за јадење, но не се штетни по здравјето затоа што се направени од 100% природна сол.

НЕ ЈА ОСТАВАЈТЕ ЛАМПАТА ВКЛУЧЕНА БЕЗ НАДЗОР!
НЕ ЈА СМЕСТУВАЈТЕ ЛАМПАТА ВО БЛИЗИНА НА ВОДА!
НЕ ЈА ВКЛУЧУВАЈТЕ/ИСКЛУЧУВАЈТЕ ЛАМПАТА СО ВЛАЖНИ РАЦЕ!
ЧУВАЈТЕ ЈА НА СУВО И ТОПЛО МЕСТО СЕКОГАШ КОГА Е ВОЗМОЖНО!

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator