Хималајска кристална сол за капење, гранули 2-3 мм., 1000 гр.

Цена: 250 ден.
150 ден.
Заштеда: 40%


Прашајте нè за овој производ

Во магацин: Обично стигнува за:   24h.gif

Кожата е најголем човеков орган на кој се отсликува целокупното здравје на нашиот организам. Кога користиме хималајска солена купка сите минерали (84) кои ги содржи солта, во организмот јонски се апсорбираат низ кожата. Овој вид на стимулација доведува до природен раст и обновување на ќелиите и враќање на Ph вредноста на кожата (зголемена Ph вредност = заболен организам, нормална Ph вредност = здрав организам). Ова претставува детоксификациски ефект на солената купка кој може да се спореди со тродневниот пост. Со поголема концентрација на солта во водата добивате поголем ефект.

За ралика од капење со обична вода, во која кожата се суши, капењето со Хималајска кристална сол помага кожата да ја задржи влажноста, посебно за оние со многу сува кожа. Со оваа купка отровите се исфрлаат од телото преку осмоза и преминуваат во солената вода, а корисните минерали од Хималајската кристална сол се апсорбираат во кожата и навлегуваат во организмот. На тој начин се добиваат потребните елементи кои ја балансираат рН вредноста за да се добие алкална средина.

Со вдишување на солени испарувања се зајакнува слузокожата на носот, синусите и дишниот систем. Капењето во солена вода потсетува на амниотичната течност во мајчината утроба, па на многу длабоко ниво ни ги задоволува примарните емоционални и физички потреби и ни носи безбедност, мир и чувство дека е сè во ред.

Хималајската кристална купка користете ја за:

  • Релаксација и ослободување од стрес
  • Регенерирање на кожата (псоријаза, дерматит, егзема, себореја)
  • Реума и болест на зглобовите
  • Убоди од инсекти
  • Проширени вени

Начин на употреба

За кожни болести во када со вода се додава 500 грама сол, два пати неделно.

За реума, гинеколошки проблеми, габични заболувања, проширени вени во када со вода се додава 300 грама сол, два пати неделно.

Доколку сакате тродневна купка на организмот тогаш секој ден во целосно наполнета када (100 литри вода) се додава 1 килограм хималајска сол.

Температурата на водата не би требало да биде повисока од 37-40 °C. Во купката не треба да останете повеќе од 30 минути. Во купката не смее да се додава никаков препарат за капење (шампон, гел за туширање...). Кога ќе излезете од кадата благо со крпа ќе го упиете вишокот вода или оставете да се исуши по природен пат.

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator