За време на првите 72 часа по породувањето, млечните жлезди на женските цицачи го произведуваат „првото млеко“, кое се нарекува колострум. Колострумот е првата храна, која природата ја обезбедила со породувањето на женските цицачи. Во своите производи, Symbiotics користи колострум добиен од првите 6 часа по породувањето, односно од првите 1-2 молзења кога процентот на имуноглобулини е најголем. Затоа Symbiotics колострумот гарантирано содржи најмалку 25% имуноглобулини. Тој ги содржи сите важни компоненти кои обезбедуваат заштита и го овозможуваат здравјето на новороденчето. Честопати се посочува како „најсовршена храна во животот“, биогена храна од највисока класа, која содржи совршена комбинација на имуноглобулини, фактори на раст, антитела, витамини, минерали, ензими и аминокиселини. Колострумот е особено корисен за децата за правилно да им се развие имунолошкиот систем, а корисен е и за возрасните за да се стимулира, стабилизира и зајакне ослабнатиот имунитет. Колострумот од крави од млечните фарми содржи 10 до 20 пати повеќе имунолошки фактори од човековиот колострум.

Која е причината за големиот број на антитела?
Наспроти бебињата кои добиваат околу половина од својот имунитет од своите мајки преку плацентата, телињата практично го добиваат целиот свој имунитет од колострумот. Без колострум поголемиот дел од телињата се разболуваат и умираат во рок од 14 дена. Значи се работи за природен концентрат од хранливи и одбранбени материи, имуноглобулини и фактори на раст. Поради тоа што единствените состојки и особини на колострумот не се специфични само за еден вид, тој им обезбедува на луѓето од сите возрасти, неверојатен додаток во исхраната.

Зошто колострумот е толку исклучителен?
Како што старееме, индексот на имунолошкиот фактор и факторот на раст присутни во нашето тело почнуваат да опаѓаат. Забележуваме дека ни е сè потешко да се спротивставеме на настинката и грипот, поподложни сме на болести, нашата енергија и ентузијазам се намалува, може да станеме почувствителни на замор, да добиеме несакани килограми, кожата да изгуби од својата еластичност, како и да дојде до намалување на тонусот на мускулите.
По зрелоста, ние постепено го губиме имунитетниот фактор и факторот на раст во нашето тело. Тоа нè поттикнува да трагаме за производи и сознанија против стареење и за нашето здравје. Се свртуваме кон билки и минерали во потрага по одговори, истовремено успевајќи да изолираме и да се предозираме со големи дози витамини и минерали.
Во последно време, благодарејќи на медиумите и информираноста станавме свесни за таквиот ударен и погрешен пристап.
Стареењето, болестите и смртта се поврзани со губитокот на факторот на раст и имунитет во нашите тела. Медицинската наука покажа во многу објавени извештаи насекаде во светов дека тие во човечкото тело можат да се надоместат со колострум од крави.
Колострумот од крави не е новост. Во Индија, веќе илјадници годин Ајурведските лекари и духовни водачи ги докажуваат физичките и здравствените благодети од колострумот. Тој се суши и млекарот го носи, а е познат по лековитите и терапевтските својства. Скандинавските земји со векови прават вкусен пудинг од колострум полиен со мед, славејќи го раѓањето на телето и доброто здравје. Колострумот се користел и во САД како претходник на антибиотикот и бил многу омилен пред откривањето на пеницилинот и другите антибиотици.
Во доцниот осумнаесетти век научниците почнале да го проучуваат колострумот и да ги документираат неговите придобивки за преживување, раст и развој на новороденчињата. Денес постојат илјадници научни и клинички студии за главните здравствени придобивки кои се поврзуваат со колострумот.
Денес е добро познато дека во колострумот е присутен широк спектар на антивирусни фактори, кои за разлика од антибиотиците, успешно дејствуваат против вирусните инфекции.
Сосема здравите луѓе можат да го земаат колострумот за да ја одржат својата виталност и добро здравје. Колострумот ја поттикнува изградбата на мускулните ткива и ја зголемува силата, виталноста и издржливоста на организмот. Го засилува согорувањето на вишокот телесни маснотии, а може да ги ублажи и знаците на стареење. Го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста од инфекции.

Каде започнува имунолошката одбрана на телото?
Најважните сосотојки на драгоцениот колострум се имуноглобулини (IgG), природни фактори одговорни за неутрализација на токсини, вируси и бактерии осигурувајќи пасивна имунолошка заштита, обновување и зајакнување на здравите имунолошки функции.
Факторите на раст во колострумот EGF (epithelial growth factor ), FGF ( fibroblast growth factor ), IGF- I i IGF-II (insulin-like growth factor I i II), PDGF ( plateled-derived growth faktor ), TGF A & B (transforming growth faktors), го поттикнуваат растот на клетки во коските, мускулното ткиво, нервите и ’рскавиците.
Освен тоа, колострумот е исклучително богат со витамини (посебно со витамин А, Е, Б12, фолна киселина и др.) , минерали (пред сè калиум, калциум , фосфор), аминокиселини: помеѓу останатите таурин (дава енергија), лизин (го уништува вирусот на херпес), глутаминска киселина (уништувач на слободните радикали) и др. Содржи и коензим Q 10.
Докажано е и постоење на останати состојки кои дејствуваат антивирусно, антибактериски, антиоксидативно и анаболички, а тоа се цитокини (интерферон и интерлеукини), гликопротеини, алфа-лакталбумин, лактоферин и многу други.
Lactobacillus bifidus acidophilus го контролира и спречува развојот на туѓи бактерии во цревата, го забрзува варењето и врши заштита од бакериска и вирусно условена дијареа, а специфичните антитела против ентеро и пулмотропни вируси, бактерии и бактериски токсини обезбедуваат извонредна поддршка кај акутната дијареа, бронхопулмонални инфекции од грип, настинка, воспаление на меурот и zooster-инфекција.
Најважните имунолошки фактори од колострумот имаат единствена способност да останат во слузницата на цревата и по варењето.
Бројни медицински и клинички студии насекаде во светов покажуваат дека колострумот го поттикнува имунолошкиот состав, го помага гастроинтестиналниот тракт и општото добро здравје.
Антибактериските својства на колострумот се користат кај рани кои тешко се лечат, инфицирани повреди на кожата и слузницата.
Анаболичките својства на факторите на раст (посебно IGF-1) поволно дејствуваат на изградувањето на мускулатурата на сврзивните ткива и матрицата на коските, а помагаат на луѓето со катаболички заболувања и лоша прехранбена сосотојба, по хемотерапија и зрачење, остеопороза и појава на трошење на коскени делови.
Освен тоа, утврдено е подобрување на расположението и намалување на депресијата, а поволно делува и на тегобите во климактериумот.
Во последно време за колострумот се откриваат и поволни дејствувања на процесот на стареење на кожата, невропротективни особини како и позитивно дејствување на намалување на шеќерот во крвта. Колострумот е единствен природен додаток кој има фактори на раст, кои помагаат за зголемување на мускулната маса и фактори на имунитет кои ја потпомагаат севкупната имунолошка функција.