SweetLeaf logo

Што всушност е Стевиа?

Стевиа е благо растение чии листови во необработена форма се 30 пати поблаги од шеќерот. Кога е пречистена како екстракт, може да биде 250-300 пати поблага од шеќерот. Стотици студии покажуваат дека Стевиата е безбедна алтернатива за вештачките засладувачи. Таа е навистина најголемото откритие што ја зафатило индустријата за храна и пијалоци со децении наназад.

SweetLeaf Sweetener® во форма на прав, е ЕДИНСТВЕНАТА комплетно природна алтернатива на шеќерот и вештачките засладувачи направени од човекот, која е со 0 калории, 0 хемикалии, 0 јаглехидрати, 0 гликемиски индекс. Консумирањето стевиа, и покрај благиот вкус, не придонесува за покачување на нивото на шеќерот во крвта, па затоа таа е безбеден засладувач за сите дијабетичари, за секој што внимава на својата телесна тежина, како и за сите оние кои се грижат за своето здравје. SweetLeaf Sweetener® е достапен во кутии од 50 или 100 пакувања на Стевиа по 1 грам. Секое пакување заменува две мали лажички шеќер.

swplus50swplus100

SteviaClear® во форма на течност се продава во шише за лесна домашна употреба. Таа е единствената 100% природна течна стевиа, погодна и здрава за да ја дополните вашата исхрана со благ вкус. Не содржи калории или јагленохидрати, а само 2-3 капки се доволни за да со неа ги засладите вашиот чај, кафе, свеж напиток, протеински шејк или кој било друг пијалок или јадење.

Stevia liquid flavour

SweetLeaf® исто така, е достапна и во форма на растворливи таблети за практична употреба надвор од домот.

Sweat Leaf® е единствената Стевиа, која е произведена со технолошки процес во кој екстракцијата се прави само со обична вода, па затоа не остава горчлив вкус и има 0 гликемиски индекс.

 

Засладувачите чувствителна тема?!

За стотици засладувачи се тврди дека се „природни“, но дали потрошувачите прават разлика помеѓу факт и фикција? Има само еден засладувач кој успеа надалеку да ја докаже својата чистота: SweetLeaf Stevia Sweetener® производ на Wisdom Natural Brands®.

SweetLeaf® е единствениот 100% природен Стевиа засладувач, со 0 калории, 0 јагленохидрати, 0 хемикалии, без алкохол и со 0 гликемиски индекс.

SweetLeaf® нуди разновидни засладувачки решенија направени од Стевиа, растение кое е природно многу поблаго од шеќерот. Стевиата е комплетно без калории, потполно природна и со 0 гликемиски индекс.

Најпродаваните производи на SweetLeaf Stevia®:

  • SweetLeaf Stevia® Sweetener – Засладувач Стевиа во прав
  • SweetLeaf® SteviaClear™ Liquid Stevia – Течна Стевиа
  • SweetLeaf® Liquid Stevia flavor – Ароматизирана Течна Стевиа
  • SteviaTabs® – Стевиа Таблети
  • Stevia Extract – Стевиа Екстракт
  • Stevia Concentrate Dark Liquid – Стевиа Концентрирана Темна Течност

Најпосле, можете да ги засладите вашите храна и пијалоци без хемикалии од вештачките засладувачи и калориите од шеќерот!

 

Историја за SweetLeaf Stevia®:

Во почетокот на 16-от век, шпанските освојувачи дознале за стевиата од Гуарани Индијанците во Прагвај кои ги користеле листовите од стевиа за засладување на чајот и лековите. За време на Втората светска војна, Англија и САД започнале да го истражуваат нејзиниот потенцијал поради недостатокот од шеќер кој земал голем замав во комерцијалната употреба од страна на луѓето.

Претставувањето на Стевиа на светот беше долг пат кој заврши со успех. Сè започна со еден човек кој имаше сон, а тоа е г-динот Џим Меј, основач на Wisdom Natural Brands®.
Стевиа е природно блага билка по потекло од Парагвај која се употребувала со векови. По вкусувањето на листови од Стевиа, кои му биле дадени од припадник на Мировните Трупи, Меј си поставил цел и мисија да донесе екстракт од вкусната блага билка во САД.
Џим Меј е водечки експерт за Стевиа, и се смета како „татко на Стевиата“ во САД. Неговиот процес на производство вклучува земање само на најквлитетни листови од Стевиа и екстрахирање на природно благиот вкус само со прочистена ладна вода - без хемикалии, растворувачи или адитиви кои го расипуваат и прикриваат одличниот вкус создаден од природата.

Во 1982 година, Џим Меј бил во Парагвај, го пробал стевиа листот и го увидел неговиот потенцијал. Г-динот Меј ја инвестирал својата животна заштеда за да го донесе растението стевиа заедно со нејзините придобивки на Американскиот пазар. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, ФДА (Администрација за Храна и Лекови на САД) под притисок од другите конкурентски компании за вештачки засладувачи, го укинала одобрувањето за Стевиа, забранувајќи да се увезува во САД. Со години, Меј бесполезно се борел со ФДА, додека во 1994 година не се случила пресвртница. Конгресот го одобрил Актот за Додатоци во исхрана, Здравје и Едукација (DSHEA), со кој се дефинирани додатоците во исхрана како што се витамини, минерали, аминокиселини, билки, ботанички екстракти и деривати, вклучувајќи ја и Стевиа.
Иако ова беше огромна победа и за Меј и за Стевиа индустријата, сепак DSHEA имаше ограничувања. На Меј не му беше дозволено да им кажува на потрошувачите каков е вкусот на Стевиа, па наместо тоа, тој одлучил сликовито да им покаже. Во Парагвај, Стевиата е позната како „Ka’a He’ê“, што значи „блага билка“ и оттука потекнува името SweetLeaf Stevia®. Придржувајќи се на федералните упатства од DSHEA, Меј прикажал на пакувањето од SweetLeaf Stevia® дека се става во филџан кафе, илустрирајќи им на потрошувачите како се користи неговиот производ.

Најзадоволителната победа на Меј се случила во 2008 година, кога здружението GRAS, независно здружение на научници, ја наградиле SweetLeaf Stevia® со GRAS статус (Општо Прифатена како Безбедна), спрема ФДА прописите. Со ова се овозможило SweetLeaf® да се облежи како засладувач. SweetLeaf® конечно можеше да го употреби зборот „благ“ за да го опише својот производ, па така SweetLeaf Sweetener® стана производ каков што е познат денес.
Според ФДА прописите, на компаниите им се дозволува независно да одлучат, преку процес на самопотврдување, дека една состојка е општо призната како безбедна од квалификувани експерти за храна. За подобро да го докаже своето тврдење, Wisdom обезбедиле мислење од Life Science Research Office, кои независно се согласиле со автентичните наоди на здружението GRAS. ФДА го потврдила GRAS статусот на SweetLeaf® во 2009 година, признавајќи ја напорната работа на Меј.

Претставувањето на SweetLeaf Stevia® Sweetener засладувачот како единствената потполно природна алтернатива на шеќерот со нула калории, нула јаглехидрати, нула гликемиски индекс, му овозможија на овој производ да преземе голем дел од пазарот со шеќер и засладувачи.

Денес, стевиа производите од брендот SweetLeaf® го имаат најголемиот пазарен удел во производството и продажбата на стевиа во САД.

 

Информации за производителот:

Wisdom Natural Brands® е компанија - родител на следниве високо почитувани брендови: SweetLeaf® и Wisdom of the Ancients® хербални чаеви. Денес, Wisdom Natural Brands® е водечки производител и продавач на стевиа во САД. Компанијата потроши многу години во подготвување и усовршување на новата формула на SweetLeaf Stevia® Sweetener. Побарајте го SweetLeaf Stevia® Sweetener засладувачот во вашата локална аптека, продавница или во продавниците за здрава храна.