Ако мислите дека симптомите на хормоналниот дисбаланс се ограничени со непријатностите на ПМС, жешките „бранови“ и другите вообичаени неудобности за време на менопаузата и дека решението е медикамент, не сте единствените.

Хормоналниот дисбаланс придонесува до безброј вообичаени поплаки кои повеќето луѓе не ги сметаат поврзани со хормоните, вклучувајќи ја неспособноста да се симне вишокот на телесни масти, умор, губење на коса, срцебиење, кожни проблеми и многу други. Хроничните и исцрпувачките болести како фибромиалгија, дијабетес, остеопороза и срцевите заболувања се исто така поврзани со хормоните.

lady with plant

Има 7 есенцијални, а сепак често пропуштени стратегии за баласирање на вашите хормони, што претставува клучен фактор за витален, здрав и балансиран живот.

  1. Присвојте став на благодарност. Стресот е еден од клучните придонесувачи на хормоналниот дисбаланс. Кога сте во стресна ситуација, вашето тело произведува цела низа на хемикалии -хормони, ензими и невротрансмитери - кои го мобилизираат телото да избега или да се бори. Тоа е она што често се нарекува режим на борба и најголемиот дел од Американците живеат така 24/7. Кога тоа е хронично, дополнителното оптоварување на надбубрежните жлезди - „војниците против стрес“, предизвикува помалку нутритивни и хормонални претходници за да се создадат другите хормони како естроген, прогестерон, тестостерон и ДХЕА (дехидроепиандростерон). Студиите покажуваат дека можете да ја трансформирате стресната состојба преку моќта на длабокото дишење и благодарноста. Често правете паузи со длабоко дишење и благодарност во текот на денот за да ги поттикнете вашите хормони.
  2. Наспијте се доволно. Бидејќи нема единствено мерило за времето на сон кое ви е потребно, треба да сфатите што навистина му треба на вашето тело и постојано да му го овозможувате. За време на спиењето, вашето тело ги вади „метлата“ и „четката“ и се фаќа за работа, чистење на „нередот“ од целиот ден. Недоволното спиење ќе ве остави уморни од метаболичкиот отпад кој не е исчистен и ќе доведе до нагло опаѓање на хормоните. Еден посебен хормон, наречен лептин е посебно чувствителен на варијациите во циклусот на спиење. Лептинот го контролира вашиот апетит и метаболичната брзина. Недоволното спиење ќе резултира со пониски нивоа на лептин што води до добивање килограми и забавувње на метаболизмот.
  3. Оптимизирајте ја вашата дигестија. Јадејќи набрзина, јадење на обработена храна, храна која содржи транс масти и тешки метали кои се тешки за дигестија водат до необработени честички од храната, оштетување на вашиот дигестивен тракт и физички стрес. Тоа значително може да влијае на надбубрежните жлезди како физиолошкиот стрес, водејќи до истиот хормонален дисбаланс како во состојбата на стрес. Консумирајте необработена, свежа храна, јадејте ја бавно и со благодарност. Исто така, може да земете ензими и пробиотици за подобрувње на дигестијата.
  4. Избегнувајте пластични садови за пијалак и храна. Тие содржат тоа што е познато како ксеноестрогени, кои се доста слични со естрогенот и се сврзуваат со рецепторите на естрогенот. Ксеноестрогените можат да предизвикат ендометриоза, цисти во јајниците, рак на градите и фетусни аномалии. Други извори на ксеноестрогени се детергентите, некои лосиони и сапуни за лице, комерцијално огледуваната живина и месо, спермици и хербициди. Ксеноестрогените се испуштаат од пластичните садови во храната ил водата. Топлината ја зголемува количината на ксеноестрогенот кој се наоѓа во храната или водата. Употребувајте керамика или стакло, колку што е можно повеќе, НИКОГАШ не загревајте нешто во пластичен сад и користете само чисти производи за тело и средства за чистење, без хемикалии.
  5. Прочистувајте го вашето тело. Вашиот црн дроб работи напорно за да ја одржи чиста вашата крв, но преголемиот број на токсини и од надворешни и од внатрешни извори, може да го намали неговиот капацитет. Како резултат на тоа, токсините се складираат во мастите, што води до губење на тежина. Освен тоа, кога црниот дроб е преоптоварен со токсини, не може адекватно да ги претвори „искористените“ хормони во форми растворливи во вода за излачување. Како резултат на тоа, овие „искористени“ хормони повторно циркулираат и се поврзуваат со рецепторите на хормоните, истиснувајќи ги активните хормони. Тоа е посебно проблематично за естрогенот, и може да води до одредени симптоми како ПМС, жешки „бранови“, промени во расположението и непријатни менструации. Периодичните паузи во акција со прочистување со зелен сок или зелен напиток може да ве врати во рамнотежа.
  6. Јадете многу морски зеленчук. Освен тоа што ги содржат сите познати минерали важни за човечкото здравје, а веројатно и многу треба да се откријат, морскиот зеленчук е моќен детоксификатор. Тие имаат способност да се сврзуваат со тешките метали и да ги отфрлат од телото. Тешките метали можат да го нарушат хормоналниот баланс. Една студија од 1998 година во Журналот за човекова репродукција ги поврза тешките метали со повторен абортус. Нивниот заклучок беше дека тешките метали негативно влијаеле на двата јајника функцијата на хипофизата.Морскиот зеленчук е особено важен за производството на тироидниот хормон, бидејќи содржат јод, минерал кој недостасува во земјениот зеленчук поради минералното исцрпување на нашите почви. Истражувањата покажале дека одредени видови на морскиот зеленчук комбу, наречен ламинарија дигитата всушност содржи Т3 и Т4, тироидни хормони.
  7. Избегнувајте загреани масти. Кога се загреваат над околу 48°С, незаситените масти оксидираат, произведувајќи слободни радикали кои ги оштетуваат вашите жлезди, органи и клетки. Оштетувањето од слободните радикали е еден од клучните причинители на хормоналниот дисбаланс и многу други здравствени нарушувања. Загреаните масла ја нарушуваат вашата природна продукција на простагландини, мали „разнесувачи“ кои регулираат сè од продукција на хормони до нежни мускулни контракции. Јадете масти во нивната сурова и необработена состојба и секојдневно внесувајте доволна количина на омега 3 масни киселини, во форма на чија семе, ленено семе, семки од тиква и секако незаменливите сино-зелени алги (АФА, хлорела...итн.)

Хормоналниот баланс е сложен процес. Кога условите се правилни, вашите жлезди ќе функционираат нормално и ќе забележите разлика во вашето расположение. Потребно е малку време и внимание да се направат за да ги направите потребните промени за да имате здрав хормонален баланс и вреди да се направи. Дадете си време за да ги направите промените. Побарајте поддршка од нутриционист кој може да ја персонализира вашата програма и да додаде одредени билки и храна која ќе ја поткрепи вашата уникатност. Не заборавајте да останете фокусирани на решението отколку на проблемот и да ги цените изборите кои се пред вас. Иако ова не е детална листа, претставува одличен начин за да започнете да ги балансирате вашите хормони и да живеете среќен, здрав живот.

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.