Доилки третираа воспалени и брадавици со рани со НРА® ланолин и за 14 дена забележаа значително повисоки стапки на ослободување од болка со помала веројатност да прекинат со доењето од тие кои користеле измолзено мајчино млеко.

Новата студија открива дека директната употреба на Lansinoh HPA® ланолинот резултира со забележително намалување на болките поврзани со доењето и значително се повисоки стапките на исцелување на раните, споредено со употреба на измолзено мајчино млеко.

Студијата, „Позитивниот ефект на НРА® ланолинот наспроти измолзено мајчино млеко на воспалени и оштетени брадавици за време на лактацијата“ беше спроведена од докторите М. Абоу-Дакн, Џ. В. Флухр, М. Генш и А. Воекел, а е објавена во „Физиологија и фармакологија на кожа“ (Skin Pharmacology and Physiology). Истражувачите заклучиле дека „сегашната препорака за кој било надворешен третман на воспалени брадавици за време на доењето треба да се ревидира во корист на НРА® ланолинот“.

„И покрај препораката од сите Оддели за здравје во Обединетото кралство дека бебињата треба да бидат на ексклузивно доење во првите шест месеци од животот, помалку од 1% од мајките го прават тоа во тој стадиум од животот. Целта на Lansinoh е да обезбеди продукти кои ќе им бидт од помош на доилките и оттука да го зголемат периодот на доење“ вели Дајен Емери, директор за односи со здравствени професионалци при лабораторииите Lansinoh Laboratories, Inc., Велика Британија. „Воспалените, суви или испукани брадавици може да бидат една од главните пречки кои треба да надмине една мајка-доилка. HPA® ланолинот се покажа како ефективен во надминувањето на овие пречки. Ослободувањето од болката и започнувањето на исцелувањето колку што е можно побрзо и поефективно, плус работењето со здравствен професионалец за да ја одреди причината за болката и за кожното оштетување е од клучно значење за да им се овозможи на мајките успешно да го воспостават доењето и да продолжат колку што сакаат подолго.“

Вкупно 84 доилки кои имале воспалени брадавици во време од 72 часа по раѓањето учествувале во студијата, која била спроведена во две родилишта во Берлин, Германија. Четириесет и пет учесници биле третирани со ланолин Lansinoh HPA® ултра-чиста медицинска маст, без конзерванси која создава привремена бариера која го поттикнува влажното исцелување на рани. Триесет и девет учеснички биле третирани со сопственото измолзено мајчино млеко. Сите учеснички во студијата добиле иста, интезивна едукација за доењето. Лекарите, при слепи услови, подоцна идентификувале и оцениле рани на брадавици врз основа на следниве фактори на 3-от. 7-от и 14-иот ден по запишувањето: болка во брадавици; рани на брадавици; стапка на исцелување и времетраење на доење, компликации и мајчински стрес. За време на секоја посета, биле правени стандардизирани фотографии на обете брадавици за подоцна да се идентификуваат и да се оцени раната на брадавицата. Раните на брадавиците беа дефинирани како макроскопски видливи промени на брадавицата и кругот на барем една дојка.

 

Наодите беа следниве:

  • Болка во брадавици. Разликата кај мајките кои сами ја изјавиле интензивноста на болката била значителна во сите денови по првата употреба или на измолзено мајчино млеко или на HPA® ланолинот. Во групата со HPA® ланолинот, болката во брадавиците започнала да се намалува со започнување на третманот, додека во групата која користела измолзено мајчино млеко,интензитетот на болката на иницијално се зголемил и кулуминирал на третиот ден по породувањето. Статистички, имало намалување на болката на третиот ден по запишувањето кај 65% од испитаните дојки во групата која употребувала HPA® ланолин, додека во групата која употребувала измолзено мајчино млеко, овој број бил само 30%, а пак интензитетот на болка се зголемил за 48%.
  • Рани на брадавици. 90% од учесниците кои соопштиле болки во брадавиците, исто така се покажало дека имаат и рани на брадавиците. Разликата кај раните на брадавиците оценети од лекар можат да се увидат во сите денови освен на денот на запишување, со тоа што раните се значително помалку кај групата третирана со HPA® ланолин.
  • Стапка на исцелување. По започнување на локалниот третман, групата која користела HPA® ланолин покажала поголем број на излекувани брадавици во сите денови, додека кај групата која користела измолзено мајчино млеко имало покачување на оштетувањата на кожата до третиот ден по запишувањето.
  • Времетраење на доење, компликации и мајчински стрес. Во првите 14 дена од третманот, 6 од 39 (15.4%) мајки кои користеле измолзено мајчино млеко го прекинале доењето, додека смо 3 од 45 (6.7%) мајки кои користеле HPA® ланолин прекинале со доење. Понатаму, студијата покажала разлика и кај компликациите: Кај групата со HPA® ланолин само 4 мајки искусиле повлечени брадавици и ниедна не развила маститис, додека кај групата со измолзено мајчино млеко 8 искусиле повлечени брадавици, а 3 развиле маститис.

Авторите на студијата заклучиле дека: „Соодветната употреба на HPA® ланолинот резултира со значително намалување на болката поврзана со доењето и има значително повисоки стапки на исцелување на раната за време на 14 дена од локалниот третман. Придобивките се најзабележливи за време на првите 3 дена од третманот. Треба да се нагласи и потенцира дека нема взаемна врска меѓу резултатот од болка и резултатот од рана во секоја група, што треба да се земе в предвид кога се советуваат доилките со воспалени брадавици.

Употребата на измолзено мајчино млеко како третман за брадавици е широко препорачувано, иако недостасуваат истражувања базирани врз докази за неговата ефикасност. Компанијата Lansinoh Laboratories, Inc е основана пред 25 години од страна на една мајка-доилка која имала болки во брадавиците и поради тоа ја разбрала оваа пречка за доењето. Lansinoh развил ултра-чист ланолин кој им помага на мајката и бебето доењето да се одвива удобно и продолжува да прави подобрувања кај овој продукт.

HPA® ланолинот на Lansinoh е специјално развиен да помогне во омекнување и заштита на воспалените и испукани брадавици. Хипоалергенски, може безбедно и сигурно да го употребуваат оние лица кои се алергични на другите брендови и видови на ланолин. Тоа е продукт со една единствена состојка кој се прочистува со природен процес, без обелување и без додавање на дополнителни состојки. HPA® ланолинот на Lansinoh е единствениот вид на ланолин и единствениот крем за брадавици кој е награден од Британската Алергиска Фондација со Печат на одобрување.

 

Забелешка:

Кликнете за да го видите оригиналниот документ.

Компанијата Lansinoh Laboratories, Inc е основана пред 25 години од страна на една мајка-доилка за да ги поддржи фамилиите кои избрале природно да ги хранат своите деца со мајчино млеко.

HPA® ланолин на Lansinoh можете да го најдете во Нутри Вита, аптеките Зегин, дрогериите Космо Тинекс, Галениум Фарм, Виола, ЗАМ и во сите подобро снабдени аптеки во Македонија.


Lansinoh чист ланолин (10ml) Lansinoh чист ланолин (10ml) 420 ден. во Кошничка


Lansinoh чист ланолин (40ml) Lansinoh чист ланолин (40ml) 980 ден. во Кошничка

Повеќе информации на нашата веб страна.