Во денешно време земјоделците употребуваат пестициди и инсектициди со маслена структура врз зеленчукот затоа што хемикалиите на база на вода лесно можат да бидат измиени од дождовите. Со други зборови, миењето на зеленчукот и овошјето со вода од чешма е речиси бескорисно. Детергентот е еден ефикасен начин да се отстрани маслото, но дали би го миеле овошјето и зеленчукот со уште хемикалии!

Силно алкалната вода е исклучително значајна затоа што лесно може, без употреба на хемикалии од каков било вид, да ги отстрани овие токсични хемикалии со маслена структура кои ги употребуваат земјоделците.

Јонизаторот VS-70 произведува алкална вода со 4 нивоа на алкалност и кисела вода со 2 нивоа на киселост кои служат за различни намени. Когa е поставено високо алкално ниво, водата која ја произведува достигнува до pH 11,7 со што овозможува растворање на мастите и измивање на пестицидите и другите хемикалии со кои е третирано овошјето и зеленчукот.

Можете да направите експеримент во вашиот дом: употребете вода од чешма и силно алкална вода за да го исчистите овошјето и зеленчукот и сами ќе ја увидите разликата.

Нашиот идеален рН баланс за телото да биде здраво е благо алкалната вредност – рН 7,4. (Прочитајте тука)

Ако имате некој здравствен проблем, најверојатно е дека организмот ви е скиселен. Истражувањата покажуваат дека доколку рН нивото на телото не е благо алкално телото не може да се исцели. Па така, без разлика кој метод ќе изберете за да го решите вашиот здравствен проблем, нема да биде ефективен додека рН нивото на телото не се покачи. Ако рН нивото на вашето тело не е врамнотежено, не можете ефективно да ги асимилирате витамините, минералите и додатоците во исхрана.

Со постојаното пиење на алкална вода, киселата тенденција на вашето тело може постепено да се корегира до алкална. Пијте најмалку 2 литри на ден за постепено да ја промените киселата состојба во вашето тело до алкална.

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.