Lansinoh TheraPearl 3 in 1 облоги за гради (2 парчиња)

Цена: 930 ден.


Прашајте нè за овој производ

Во магацин: Обично стигнува за:   24h.gif

Thera°Pearl® 3 во 1 терапевтските подлошки за гради ќе ви помогнат да ги надминете вообичаените потешкотии при доењето како подуеност, затнати канали и маститис. Единствениот дизајн овозможува подлошките нежно да се приспособат на градите и да овозможат олеснување од болка. Вклучени се две подлошки кои можат да се користат ЛАДНИ за олеснување од подуеност, ТОПЛИ за да овозможат олеснување од затнати канали или маститис или како помош при ИСПУМПУВАЊЕ при протокот на млеко и намалување на времето поминато во пумпање.

Карактеристи на производот:

  • Ладна терапија: помага при подуеност и болка
  • Топла терапија: помага при маститис, затнати канали и го поттикнува протокот на млеко
  • Помош при испумпување: користете ги топли со која било пумпа за гради за да го поттикнете протокот на млеко и да се намали времето поминато во пумпање.
  • Дизајнирани од доктор и препорачани од советник за лактација
  • Единствениот дизајн се приспособува на дојката или пумпата за да овозможи потполно олеснување

Детали за производот:

  • Содржи 2 повеќекратно употребливи подлошки
  • Чистете ги со благ сапун, детергент или со алкохол
  • Не содржат бисфенол-A и бисфенол-С
  • Не содржат латекс и олово
  • Следете ги упатствата за загревање и не ги прегревајте

Што значи знакот „Без БПА и БПС“ на пакувањето?
Хемикалијата бисфенол-А (БПА) е општо позната по нарушувањето на хормоните. Однесувајќи се како натрпник наместо естрогенот, БПА се поврзува со рак, дијабетес тип 2, депресија, срцеви заболувања и многу други. БПА може посебно да биде опасен за време на бременост, во раното и подоцнежното детство – дотолку што многу влади во светот го забранија БПА во производство на бебешки шишиња (како и на други производи).
Хемикалијата бисфенол-С некои производители ја користат како пластификатор, во многу случаи се користи како замена за бисфенол-А. Бисфенолот-С е, исто така, нарушувач на хормоните, но е дозволен за производство на бебешки шишиња и слични производи.
Бидејќи безбедноста е врвен приоритет за Lansinoh, презедовме содветни мерки за да се осигураме дека нашите шишиња Lansinoh® mOmma® и цуцлите NaturalWave® се без БПА и БПС.
Дополнително, сите наши производи кои можат да дојдат во контакт со мајчиното млеко се без бисфенол-А и бисфенол-С.
Lansinoh® е посветен на обезбедување решенија за доење така што секоја мајка може да дои толку долго колку што ќе избере. Мајките кои користа Lansinoh® производи треба да се чувствуваат сигурни знаејќи дека користат безбедни и ефективни производи за какви било потреби кои можат да ги имат за време на доењето.

Погледнете ги останатите производи на Lansinoh

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator