Можете да ја видите и да ја вкусите разликата!

Што е бавен соковник?Hurom бавниот соковник користи патентиран систем на технологија за цедење сокови со мал број вртежи (LSTS). Се нарекува „бавен соковник“ бидејќи работи со само 80 RPM (вртежи на минута) и користи енергија од само 150 вати, наместо 1,000-24,000 RPM или до 1,500 вати енергија како типичен центрифугален соковник со голема брзина. Но, нека не ве залажува името. Бавниот соковник, всушност работи побрзо од повеќето вообичаени соковници, цеди повеќе сок, а исфрла многу посува пулпа, со што има многу поголема продуктивност споредено со центрифугалните соковници. Начинот на екстракција е со изџвакување и притискање, користејќи сврдел во вид на завртка, односно работи како аван и толчник. Со оваа постапка се притиска и раскинува структурата на храната, притоа ослободувајќи ги длабокоскриените хранливи материи, ензими и антиоксиданси. Исто така, ослободува поголем дел од фитонутриентите, резултирајќи во сок со природна боја во кој се останати повеќе витамини и минерали. Малиот број на вртежи во минута осигурува дека не е нарушена природната структура на овошјето и зеленчукот, оневозмужувајќи ја оксидацијата и одделувањето на сокот во чашата. Оттука, се зачувуваат скапоцените ензими и нутриенти кои се најблизу до својата природна органска форма.

Совршена комбинација од иновативна технологија:

ПресаСистем на технологија со мал број на вртежи (LSTS)

Преса2Hurom Slow Juicer е првиот патентиран соковник во светот кој користи систем на технологија со мал број на вртежи (LSTS). Со овој метод се екстрахира максимална количина од нутриентите, ензимите, антиоксидантите, минералите, витамините и вкусот, а сето тоа од минимална количина на храна како овошје, зеленчук, зеленолисни растенија, пченична трева, јаткасто овошје, па дури и соја во зрно.

Прочитајте повеќе...