Разлика од другите видови ланолин
За разлика од другите видови на кремови за брадавици, Lansinoh не содржи:
Алкохол:
Предизвикува сушење и може да дојде до мали пукнатини кои создаваат сигурна подлога за инфекции.
Извор: babyreference.com
http://www.babyreference.com/Igetletters.htm#nipplethrush
Алое вера:
’Алое верата генерално е посочувана како безбедна; иако има некои потенцијално алергенски компоненти во ’свежиот’ лист, тие обично не се присутни во производите достапни за употреба. Крем за брадавици кој содржи алое вера би требало да е во ред, но British Allergy Foundation советува да не се употребува екстракт од свеж лист. Имаше неколку извештаи за контактна алергија од продукти врз база на алое вера, и барем еден случај на анафилакса кај луѓе кои страдале од егзема и кои редовно нанесувале облоги од алое вера. Сепак, генерално, алергијата од алое вера е невообичаена.’
Извор: Џон Колард, British Allergy Foundation
’Додавањето на алое вера како состојка, треба да се гледа како критично, затоа што дополнителните придобивки не се докажани. Како последица на фактот што сѐ досега не се објавени студии во врска со токсикологијата на продуктитие од алое вера, оралното земање на истите од страна на бебињата, треба строго да се избегнува.’
Извор: OKO TEST 2004
Бета глукан:
’Бета глукан, супстанца пронајдена во некои растителни и габични клеточни ѕидови, добро е позната по тоа што има воспалителен ефект (во смисла дека може да го зголеми ефектот на било кое присутно воспаление). Меѓутоа, работите се комплицираат со постоење на докази дека изложувањето на бета глукан во првите години од животот, всушност може да намали одредени симптоми од алергиски тип (ова може да се поврзе со ’хипотезата за хигиена’ - односно со идејата дека изложувањето на новороденчињата на некои компоненти на ’нечистотија’ може да има заштитен ефект и општо, да ги намали алергиите). Општо земено, бета глуканот веројатно не е ’причина’ за алергија, но може да го зголеми воспалението каде што веќе е присутно.
Извор: Џон Колард, British Allergy Foundation
’Жените кои се бремени или дојат, не треба да земаат бета глукан, затоа што има многу малку или скоро никакви информации за неговиот ефект на децата во фаза на раст.’
Извор: Supplement News
http://www.supplementnews.org/beta-glucan/index.htm
BHT (бутилиран хидрокситоулен):
’BHT е познат по тоа што предизвикува реакции на преосетливост (најчесто утрикарија и астма) и контактен дерматитис. Со оглед на широката примена на овој адитив, зачестеноста на тие реакции веројатно е прилично ниска, но сепак најдобро е да се избегнува.’
Извор: Џон Колард, British Allergy Foundation
Невен (календула официналис):
Познато е дека има антисекреторни ефекти кои влијаат на гастроинтестиналниот тракт. Се советува да се внимава, ако се става на брадавица.
Извор: Д-р Томас В. Хејл, Breastfeeding Pharmacology
http://66.230.33.248/discus/messages/59/12598.html?1152539119
Камилица:
’Камилицата ја има во неколку варијанти со различни карактеристики. Дивата камилица со непријатен мирис, предизвикува надразнување и пречувствителност, и иако обично не се користи, постојат некои непотврдени извештаи за нејзината употреба, случајно или веројатно во помалку познати производи. ’Вистинската’ камилица (германска камилица) нашироко се применува и иако содржи бројни соединенија кои можат да предизвикат чувствителност, во практиката појавата на контактна алергија е невообичаена. Има повремени извештаи на анафилкса и општи алергиски реакции (астма, носни симптоми) од употребата на производи со вистинска камилица, но тие се ретки. Римската камилица содржи повисок број на потенцијално алергенски компоненти, а има и извештаи за алергиски реакции на масти кои содржат римска камилица, а не германска.’
Извор: Џон Колард, British Allergy Foundation
Декспантенол:
Точниот начин за тоа како дејствува декспантенол кремата е непознат, и истиот е само за надворешна употреба. Препораките се да се избегнува каква било можност, декспантенол кремата да дојде во допир со очите и устата, и не се препорачува за употреба кај деца, затоа што не се потврдени нејзината безбедност и ефективност.
Извор: Source: Drugs.com
http://www.drugs.com/cdi/dexpanthenol-cream.html
Високи нивоа на слободни ланолински алкохоли:
Иако е ретка, алергијата на ланолин навистина постои. Алергенот одговорен за осетливоста на ланолин е присутен во делот на слободните алкохоли од ланолинот. Уникатниот процес на Lansinoh ја намалува содржината на слободни ланолински алкохоли во Lansinoh ланолинот на ниво под 1.5%, со цел да се елиминира ризикот од реакции. Со рафинирање до тоа ниво, лекарите не можеа да предизикаат ниту една алергиска реакција кај пациентите осетливи на ланолин (Clarke i sur. Contact Dermatitis 1981: 80-83). Другите видови медицински ланолин, можат само да ја гарантираат содржината на слободни ланолински алкохоли под 6%.
Масла од јатки:
’Маслата од јатки, вообичаено се сметаат дека се помалку алергенски од самите јатки, особено ако маслото е прочистено и термички обработено. Сепак, има некои извештаи за алергија на прочистените масла, а термичката обработка не ги уништува сите алергенски компоненти на маслото, особено во одредени јатки како што се бразилските ореви. Иако долго време се сметаше дека употребата на масло од јатки (особено на масло од кикиритки – иако не е јатка) во кремите за брадавици може да биде причина за зголемување на алергиите од јатки, ова гледиште сега е помалку популарно. Има противречни докази за тоа дали изложеноста на масла од јатки во детството го зголемува или го намалува ризикот од развој на алергии во подоцнежниот живот. Истражувањата покажаа дека децата алергични на јатки, во првата година од животот, можеле да развијат алергии на повеќе видови јаткасто овошје, и дека тие можат да покажат алергиски симптоми на нивната прва изложеност на јатки. Тоа сугерира дека тие биле отливи на јатки уште пред да ги изедат и ова мора да создаде индекс на сомневање за мастите и кремовите кои содржат масла од јатки. Додека не се реши ова прашање, избегнувањето на маслата од јатки во кремовите за брадавици е разумно решение.’
Извор: Џон Колард, British Allergy Foundation
Палмино масло:
Опасно во случај на голтање.
Извор: Material Safety Data Sheet
http://www.sciencelab.com/xMSDS-Palm_oil-9926383
Парафини:
Широко е познато да парафините не се погодни за ингестија (голтање). Студиите за токсичното хранење кај Fisher 344 глувци, покажува дека минералните масла, посебно оние со средна и ниска вискозност (C10-C25), предизвикуваат одредени нуспојави, како што се грануломи на црниот дроб и рани во мезентериските лимфни јазли (хистиоцистоза) (Baldwin et al.,1992; Smith et al., 1996). Врз основа на овие пронајдоци, Научниот одбор за храна (SCF) на Европската унија (EU), како и Здружениот FAO / WHO Стручен одбор за адитиви во храна (JECFA), воспоставија прифатлива количина на дневно внесување (ADI) за различни класи на минерални масла и восоци. Неодамнешна швајцарска студија (Notes, Grob, Biedermann,Deiss, Bruschweiler, 2003) покажа дека доењето може да го изложи бебето на секојдневно внесување од 1 мг/кг од минералните парафини и дека доколку мајката користи мевлем (на пр. вазелин) како производ за нега на дојките, дневната доза на внесување кај бебето, може да достигне до 40мг/кг. Студијата заклучила дека составот на минерални парафини во мајчиното млеко, заедно со тие во вазелинот, е во ранг што SCF го сметаат како непогоден за човечка употреба.
Перуански балсам:
Перуанскиот балсам е контактен алерген и често доаѓа до контактен дерматитис со овој производ. Опишана е системската токсичност по примената на брадавиците на мајките кои дојат. Не постојат скорешни, доброконтролирани клинички студии, за да го поддржат соодветното дозирање и недостасуваат информации во врска со безбедноста и ефикасноста за време на бременост и лактација.
Извор: Source: Drugs.com
http://www.drugs.com/npp/peru-balsam.html
Витамин Е:
Направен е од масло од пченични никулци (потенцијален алерген, исто така и токсичен во големи количини). Предизвикува осетливост и може да поттикне одложен контактен дерматитис и моментална алергиска уртикарија. (Fisher, 1986; Menz 1994).
Вода:
Кога водата ќе се додаде во било која формулација, јасно е дека се потребни конзерванси. Освен тоа, кога водата ќе испари, кожата уште повеќе се суши.