Што велат лекарите за колострумот?

Медицинските научници почнале да ги истражуваат феноменалните здравствени придобивки на колострумот во последниве 20 години. Објавени се преку 2000 научни и клинички студии кои ги изработиле некои од светски најпочитуваните лекари и медицински истражувачи. Овде ќе наведеме стручни мислења на некои од нив:

Dr. Staroscik, et al., цитат од: „Molecular Immunology“

„PRP (пептиди богати со пролин) во говедскиот колострум ја имаат истата способност за регулирање на активноста на имунолошкиот состав како хормоните на хипофизата. Тие го активираат недоволно активниот имунолошки систем помагајќи му да дејствува против причинителот на болеста. PRP, исто така е еден вид на сопирачка на прекстивниот имунолошки систем кој често се наоѓа кај автоимуните заболувања. Тој има силно антивоспалително дејство, а изгледа дека дејствува и на создавањето на тромбоцитите.“

Zoltan Rona, MD.: цитат од „Nature's Impact“ - „Говедски колострум и процесот на стареење“

„Сосема здравите луѓе можат да го земаат колострумот за да ја одржат својата виталност и добро здравје. Колострумот ја поттикнува изградбата на мускулните ткива и ја зголемува издржливоста. Исто така, го засилува согорувањето на вишокот телесни маснотии, а може да ги ублажи знаците на стареење.“

Dr. Shortridge, et al. : цитат од „Jurnal of Tropical Pediatrics“

„Колострумот содржи неспецифични инхибитори кои спречуваат и запираат широк спектар на респираторни заболувања, особено вирусен грип. Колострумот е специфичен по својата единствена ефикасност против вирусот од азискиот грип кој настанува со мутација на животински и човечки грип.“

Dr. E.L.Plamer, Студија објавена преку US Center for Disease Control, Atlanta, Georgia/USA

„Денес е добро познато дека во колострумот е присутен широк спектар на антивирусни фактори, кои дејствуваат против вирусните инфекции.“

Dr. Olle Hernell, Универзитет Umeå, Sweden, цитат од „Science“

„Гликопротеините во говедскиот колострум го спречуваат сврзувањето на бактеријата Helicobacter Pylori која може да предизвика чир на желудникот. Колострумот содржи значајна количина на Интерлеукин-10 (силен антивоспалителен агенс), за кој се знае дека го намалува воспалението кај артритичните зглобови и повредените области.“

Dr. L.B. Khazenson, цитат од „Microbial & Epidemial Immunobiology“

„Истражувањата на луѓе покажаа дека заштитата на биолошката активност на IgG (имуноглобулин) во дигестивните сокови кај возрасните луѓе кои орално земале колострум, укажува на пасивна имунизација на цревата, што значи дека колострумот може да се користи за превенција и лекување на акутни цревни заболувања.“

Dr. Michael Julius, Универзитет McGill, Montreal: цитат од „Science News“

„Колострумот (од крави и луѓе) го поттикнува имунолошкиот систем кај новороденчињата затоа што сè уште неидентификуваните протеини од колострумот го забрзуваат зреењето на Б лимфоцитите (тип бели крвни клетки) и ги подготвуваат за создавање на антитела.“

Dr. Nikki-Marie Welch, MD, Sedona, AZ Townsend, цитат од „Писма за лекари и пациенти“

„Колострумот е драгоцен за мене и за мојата пракса. Сметам дека колострумот е важна тераписка помош за сите мои пациенти кои имаат хронични инфекции вклучувајќи бактериски, вирусни и габични. Колострумот е најкорисен за пациенти со синдром на хроничен умор, оние со инфективна дијареа, синуситис и фибромијалгија.“

Daniel S. Bricker, B.S., цитат од статија „Колострум: Ефектите врз забрзување на обновувањето на оштетените мускули и 'рскавица; Спречување на некои патогени заболувања“ во „The American Chiropractor“

„Вистинска возбудлива состојка на колострумот е факторот на раст. Факторите на раст во колструмот се многубројни и имаат својства кои даваат голема надеж на биотехнологијата.“

Цитат од „New England Journal of Medicine“

„Имуноглобулините од говедскиот колострум ефикасно ги намалуваат и спречуваат вирусните и бактериските инфекции кај личностите со намален имунитет, на оние луѓе на кои им е пресадена коскена срж, кај недоносени новороденчиња, СИДА итн.“

Drs. Tokuyama i Tokuyama, Институт за истражување на рак, Универзитет Kanazaw, Јапонија

„Говедскиот колострум содржи TgF-B кој има важен ефект на спречување на цитоксични супстанци (антивоспалителен ефект). Го спречува растот на клетките кај човечката остеосаркома (75%). Помага кај болестите на срцевиот мускул и крвните садови (Roberts et al., 1986), го забрзува зарастувањето на рани (Sporn et al., 1983 ) и формирањето на коски (Centralla et al., 1987).“

Dr. Spron et al., цитат од „Science“

„Факторите на раст во говедскиот колострум се докажано ефикасни во поттикнување на зарастувањето на раните. Колострумот се препорачува кај хируршко и траматолошко лекување. Може да се користи и за надворешна и за внатрешна употреба.“

Drs. Seyedin,Thompson,Bentz,et al., цитат од „Journal of Biological Chemistry“

„Индуцирачки фактор-А кој се содржи во колострумот го поттикнува обновувањето на оштетената ’рскавица.“

Цитат од „Pediatric Research“ (Vol.24, No. 1 , pp. 14-19)

„Утврдено е дека колострумот содржи бројни можни природни антиоксиданти.“

Dr. Bernard Jensen,PhD, во книгата „Првата храна во животот“

„Зошто колострумот е толку важен? Затоа што ги содржи сите материи кои осигуруваат имунитет против болести во периодот додека самиот имунолошки систем на новороденчето не започне да функционира. Тој содржи супстанци кои ги уништуваат вирусите. Ја раздвижува цревната перисталтика, го стимулира физичкиот раст и иницира многу други телесни функции. Еден истражувач проценил дека колострумот иницира најмалку 50 процеси и функции кај новороденчињата кои понекогаш обезбедуваат и доживотни придобивки. И кај возрасните, колострумот има огромно влијание на целокупното подобрување на здравјето.“

Dr.Carl Hawkings, DC, Salt Lake City, UT

„Клиничките испитувања покажуваат дека IgE (имуноглобулин), кој се наоѓа во говедскиот колострум може да ги регулира алерголошките реакции. Моето искуство со говедскиот колострум е навистина феноменално кога се работи за случаеви на фибромијалгија. Потребна е претпазливост кога станува збор за потеклото на колострумот, но ако тој е од вистински извор, претставува вистинска благодет во лекувањето на пациентите кои не реагирале на ништо друго. За време од 2-3 недели нивниот умор, болките во мускулите и зглобовите и другите симптоми исчезнале.“

Dr.Stephen Hynes, ND, San Angelo, TX

„Имам голем број пациенти со артритис. Употребата на говедски колострум за лечење на ревматолошките заболувања и остеоартритис даде зачудувачки добри резултати.“

Zoltan Rona MD: во статијата „Говедски колострум, имунитет и процесот на стареење“, цитат од „Nature's Impact“

„Кога колострумот се зема како додаток во исхраната, кожата изгледа млада, старечките пеги исчезнуваат, коскената маса и густина се зголемува, а сексуалната активност се подобрува и обновува.“

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator