Што е BIO-lipid™?

BIO-lipid™ е меѓуклеточен липозомски систем на достава составен од истите четири есенцијални фосфолипиди кои ја опкружуваат секоја клетка во нашето тело. Тие се природни компоненти на млечните производи и се делумно одговорни за поврзувањето меѓу водата и мастите во истите. Овие специјални липиди користени за обвивката на колострумот од Symbiotics се унукатни масти растворливи во вода кои значително ја зголемуваат растворливоста и апсорпцијата на која било супстанца која е обвиткана со нив.

Како дејствува?
Агломерација е процесот што Symbiotics го користи за прскање на правот со липиди за да го направи уште порастворлив во водата. Colostrum Plus® од Symbiotics се прска со природна супстанца која се содржи во млечните масти, наречена BIO-lipid™. Оваа ексклузивна обвивка природно ја има кај цицачите, па така е потполно иста со клеточните мембрански липиди кои ја опкружуваат секоја клетка во нашето тело. За разлика од липидите од растително потекло, BIO-lipid™ веднаш се апсорбира во клетката без одбивање или алергиска реакција. Тоа е ефективен меѓуклеточен систем кој ја подобрува апсорпцијата на сите супстанци.

Придобивки
Клиничките тестови докажаа дека BIO-lipid™ обвивката овозможува колострумот да биде и до 8 пати порастворлив од кој било друг колострум на пазарот. Зголемената растворливост овозможува колострумот и другите состојки полесно да се распространат и побрзо да се апсорбираат во дигестивниот тракт.

Компоненти

А. Сфингомиелин (SPM)

Се покажало дека помага во многу клеточни функции, вклучувајќи и клеточен раст и детекција на нездравите клетки. Исто така, може да придонесе во уништувањето на штетните клетки. SPM служи како површински детектор за имуноглобулини и некои бактерии, а е активатор и на епителните рецептори за раст.

Б. Фосфатидил Етаноламин (PE)

Еден од специфичните фосфолипиди кој се наоѓа во клеточните мембрани на многу живи суштества. Вклучен е во потпората на клеточните мембрани и придонесува за флуидната и структурната средина на клетката. РЕ игра значајна улога во миелинската структура на нервните завршетоци во мозокот.

В. Фосфатидил Холин (PC)

Тоа е најизобилната состојка на сите клеточни мембрани и се покажало дека помага во многу значајни телесни функции. Студиите, исто така, докажуваат дека РС има позитивен ефект на меморијата и помага во одржувањето на нивото на холестерол. РС помага во функцијата на црниот дроб со асимилација на нутриентите, балансирање на хормоните и елиминирање на токсините. Исто така, му помага на црниот дроб за ефективно елиминирање на вирусите, загадувачите и фармацевските производи од клетките на телото. РС придонесува и во забавување на стареењето со тоа што ги заштитува клеточните мембрани од оштетување.

Г. Фосфатидил Серин (РЅ)

Се наоѓа на површината на мембраните од мозочните клетки. Го стимулира производството хемикалијата-гласник на мозокот, која помага во регулирањето на меморијата со зголемување на достапноста на гликоза во мозокот. (Гликозата е главно гориво за метаболичките реакции во мозокот.) Се покажало дека РЅ го стимулира производството на допамин и протеинот киназа Ц и штити од промените во однесувањето предизвикани од стресот. Сегашните студии ги испитуваат ефектите врз депресија и другите оштетувања на меморијата поврзани со староста.

biolipid1
Колострум од Symbiotics со BIO-lipid™ обвивка. Слика добиена со електронска микроскопија

biolipid2
Колострум од Symbiotics без обвивка. Слика добиена со електронска микроскопија

Референци:

Amaducci, L. and the SMID Group, 1988, "Phosphatidylserine in the Treatment of Alzheimer’s Disease: Results of a Multicenter Study," Psychopharmacology Bulletin, 24(1): 130-134.
Caffarra, P.; Santamaria, V.; 1987, "The Effects of Phosphatidylserine in Patients with Mild Cognitive Decline: An Open Trial," Clinical Trials Journal, 24(1): 109-114.
Cohen, B.M.; Babb, S.M.; Yurgelun-Todd, D.; 1997, "Brain choline uptake and cognitive function in middle age," Biol. Psych., 41:90S.
Fünfgeld, E.W.; Nedwidek, P.; 1987, "Neurohomologous Phosphatidylserine in Parinsonian Patients with Associated Disorders of Cerebral Metabolism," Clinical Trials Journal, 24(1): 42-61.
Kidd, Parris, M.; 1996, "Phosphatidylserine Offers Nutritional Support For Brain Function," Vitamin Retailer, January issue.
Knapp, H.R.; 1996, "The Effects of Dietary Phospholipids Enriched with Phosphatidylethanolamine on Bile and Red Cell Membrane Lipids in Humans," Lipids, 31(3): 295-303.
Lock, Trevor J.; MSc(Tech), 1999, General Manager, Symbiotics (NZ) Ltd, personal communication
Malmsten, M.; Bergenståhl, B.; Nyberg, L.; Odham, G.; 1994, "Sphingomyelin from Milk-Characterization of Liquid Crystalline, Liposome and Emulsion Properties," JAOCS, 71(9): 1021-1026.
Villardita, C.; Grioli, S.; Salmeri, G.; Nicoletti, F.; Pennisi, G.; 1987, "Multicentre Clinical Trial of Brain Phosphatidylserine in Elderly Patients with Intellectual Deterioration," Clinical Trials Journal, 24(1), 84-93.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator