Колострум за спортисти

Истражувањата покажуваат дека колострумот може да помогне кај...

Зголемување на слабата мускулна маса и согорување на мастите

  • Помага во задржувањето и/или растот на мускулите со забрзување на синтезата и забавување на разградувањето на протеините

Балансирање на нивото на шеќер во крвта

  • Ја намалува количината на шеќер во крвта кој телото го складира како маснотија
  • Балансирање на нивото на шеќер во крвта во текот на целиот ден

Ги помага имунолошките функции

  • Го закрепнува имунолошкиот одговор по исцрпеност

Ја помага здравата регенерација на клетките

  • Го потпомага растот на клетките во мускулите, нервите и ’рскавицата
  • Ја зголемува густината на коските
  • Ја враќа еластичноста на кожата

Помага во заздравување од повреди

  • Помага во заштита против инфекции
  • Го намалува воспалението, болката и отокот

Ја зголемува силата и издржливоста

  • Помага во зајакнување на базалниот метаболизам

 

Зајакнете ја природно вашата програма

Моќните фактори на имунитет и раст од колострумот немаат нуспојави и се одлична алтернатива за стотици лекови вклучувајќи и стероиди. Придобивките од колострумот се голема новост за секој, од професионалните спортисти до рекреативците.

 

Истражувања

Најновите клинички студии покажуваат дека колострумот значително ја зголемува мускулната маса. Клиничките тестови исто така покажаа дека колострумот ја зголемува силата и издржливоста кај активните мажи и жени дури и за 20%.
Австралиските олимписки спортисти имале корист од овие истражувања на Олимписките игри во 2000 година, кога покажале подобрени резултати земајќи колострум. Дополнителните придобивки од колострумот се засилен имунитет, природен анаболички ефект на неговите фактори на раст и зголемено искористување на хранливите материи.

 

Athletic Performance

  • Antonio, J., Sanders, M. and Van Gammeren, D. The Effects of Bovine Colostrum Supplementation on Body Composition and Exercise Performance in Active Men and Women. Nutrition 17:243-247, 2001.
    PubMed Reference
  • Berk LS, Nieman DC, Youngberg WS, et al. (1989) The effect of long endurance running on natural killer cells in marathoners. Medicine and Science in Sports and Exercise. 22: 207-212.
    PubMed Reference
    UI: 90286868
  • Buckley JD, et al. Effect of An Oral Bovine Colostrum Supplement Intact on Running Performance.
  • Burke E. (1996) Colostrum as an athletic enhancer and help for AIDS. Nutrition Science News.
  • Clark J. (1996) Uses of creatine phosphate and creatine supplementation for the athlete. Scientific and Clinical Perspective.
  • Mero A, et al. (1997) Effects of bovine colostrum supplementation on serum IGF-1, IgG, hormone, and saliva IgA during training. Journal of Applied Physiology. 83: 1144-1151.
    PubMed Reference
    UI: 97479511
  • Sparling PB, Nieman DC, O'Connor PJ. (1993) Selected scientific aspects of marathon racing : an update on fluid replacement, immune function, psychological factors and the gender difference. Sports Medicine. 15: 116-132.
    PubMed Reference
    UI: 93189945

 

Одлука на IOC (International Olympic Commitie) за колострумот:

„Колострумот нема влијание на факторите на раст ниту на допинг тест“

Kulpers, H.,Verlan, G, & Smeets, R. 2001. Medicine and Science in Sports and Exercize, 33 (5).

Говедскиот колострум е богат со инузлин - сличен на факторот 1 (IGF-1). Тој може да ја стимулира синтезата на протеините. Некои студии сугерираат дека може да ја зајакне издржливоста. Откога IGF-1 не е на листата на IOC за забранети работи, тие студии го проценувале ефектот на колострумот на ниво IGF-1 и да се види дали тој предизвикува позитивен допинг тест. Мажите земале 60 гр. Колострум дневно во време од 4 недели. По земањето, веднаш им е земана крв и 2 часа по конзумирањето на суплементот.
Допинг тестот не покажал ниту еден позитивен резултат. Ниту IGF-1, ниту човечкиот фактор на раст не е променет како резултат од земањето на суплементот.

Заклучок: Колострумот не го менува факторот на раст во крвта и не предизвикува позитивен резултат на допинг тестот.

 

Сведоштво на Расел Вилијамс, англиски вилосипедски шампион

Расел Вилијамс последен пат ја освоил националната велосипедска титула во 1996 година и на возраст од 41 години почувствувал дека веќе не е во состојба да се натпреварува со помладите спортисти. Тогаш одлучил да проба со колострум.
Расел земал 10 гр. Колострум секој ден, 3 месеца пред Британските велосипедски првенства и 2002 година ја освоил националната титула на натпреварувањето на 30 км во Дернеј победувајќи ги двојно помладите спортисти. Го освоил Националното мајсторско првенство и освоил сребро на Светското мајсторско првенство. Имал преку 30 победи во таа сезона што му бил најдобар резултат во последните 10 години. Расел почувствувал дека колострумот му помогнал да биде во кондиција потребна да го издржи тренингот неопходен за освојување на националната титула.
„Тренингот и трката се најлесниот дел“ – вели Расел. „Најтешко е во врвен спорт да се остане здрав и без повреди. Колострумот ми помогна да го постигнам токму тоа. Се тркам преку 30 години... бев во финалето на националното првенство... човекот кој го победив на второто место беше, слушнете добро, 20 години, значи двојно помлад од мене, а ја заврши трката 400 м по мене што е малку помалку од еден круг.
Причината за мојот успех оваа година ја припишувам само на едно нешто, а тоа е колострумот. Таа мала лажичка наутро со овошен сок е мојата голема тајна. Како и повеќето врвни спортисти јас водам дневник. Го прегледав тој дневник и единствено што се разликуваше од останатото е земањето на колострум. Јас сум тренер со полно работно време, а работам и како коментатор на Eurosport, што е навистина напорно. Меѓутоа, оваа година не бев воопшто болен, немав ни грип и се чувствувам здраво. Имам 41 година и станав шампион со помош на колострумот.“

(Атлетичарите во Австралија и Нов Зеланд веќе го користат колострумот да одржат кондиција, а преку 300 тона колострум се продадени во САД минатата година).

 

Ефектите од земање на говедски колострум врз телесниот систем и резултати од вежбање кај активни мажи и жени:

Antonio J. Sanders MS, Van Ganinieren D.
Универзитет Delavare, Лабораторија за спортска наука, Newark, Delaware 19176, USA

Целта на оваа студија е да ги утврди ефектите од земање на колострум во време од осум недели врз телесниот систем и резултатите од вежбање кај активни мажи и жени.
Учесниците се поделени по случаен избор во плацебо (протеини од сурутка) и Колострум група (20 гр./д во форма на прав). Секој учесник учествувал во аеробно и напорно тренирање најмалку три пати неделно. Телесниот состав е одреден со анализа на двократна рентгенска апсорпциометрија.
Утврдено е времето до исцрпеност, едно повторување со максимална сила (притисок на клупа) и вкупен број на повторување до исцрпеност кај подмаксимално оптоварување (50% и 100% од телесна тежина кај жени односно мажи).
Групата која земала протеини од сурутка покажала значително зголемување (P< 0,05) на телесната тежина (просечно зголемување 2,11 кг), додека групата која земала колострум имала значително зголемување на телесната маса која нема коски ни сало (просечно зголемување 1,49 кг). Немало никакви промени кај другите мерни параметри.
Значи, земањето на 120 гр. говедски колострум секој ден во комбинација со вежбање во време од 8 недели, може да ја зголеми телесната маса, без сало и коски, кај физички активните жени и мажи.

 

Земањето на говедски колострум ги подобрува резултатите кај максимално напорно тренирање:

J. Lappaluto,S. Rasi, V. Martikkela, Z.M. Paulka
Оддел физиологија, Универзитет Oulu, Оддел за спортска медицина,
Deacouess - Институт и лабораторија на универзитетската болница Oulu, Finska

Ние ги проучувавме ефектите на земање храна направена од говедски колострум на максимален внес на кислород и прелетното време на скок кај десетина млади спортисти – 7 жени и 3 мажи, избрани и распоредени по случаен избор.
Добивале обезмастен и деказеиниран говедски колострум (400 мл дневно) или пак плацебо производ во време од 12 дена.
Најмногу скокови и ергоспирометрија се изведени единаесетиот и дванаестиот ден. Кај групата која добивала плацебо, максималниот внес на кислород во 12-иот ден бил за 7% помал од 11-иот ден, додека кај групата која земала колострум внесот на кислород не се менувал.
Исто така, кај плацебо групата средното прелетно време кај скок со одскок било 9 мс, а кај скок од клечење 10 мс пократко на 12-иот отколку на 11-иот ден.
Кај групата која земала колострум, прелетното време кај скок со одскок било 4 мс, а кај скок од клечење 10 мс подолго на 12-иот ден отколку на 11-иот ден.
Колострумот, значи, значително го зголемил внесот на кислород (P < 0,01) и прелетното време време (P < 0,05) кај скоковите изведени еден ден подоцна. Немало значајни промени во серумската концентрација IGF-1, хормонот на раст, тестостеронот, вкупниот LDL и HDL холестерол, ALAT, ASAT, креатин киназа, карбоанхидраза III, миоглобин, интерлеукин 6 или крвните клетки, измерени дванаесетиот ден кај двете групи.
Овие резултати покажуваат дека земањето на колострум кај младите спортисти ги подобрува резултатите на трчање и скокови по исцрпување со напорен тренинг.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator