Спирализер Spirawlly

Цена: 1.890 ден.
1.290 ден.
Заштеда: 600 ден.


Прашајте нè за овој производ

Во магацин: Обично стигнува за:   24h.gif

Сакате Вие и Вашето семејство да јадете повеќе зеленчук за оптимално здравје?
Неопходен Ви е спирализер!

Зошто овој спирализер е најдобар?

Spirawlly е направен од ABS пластика отпорна на удари и не содржи Бисфенол-А, а сечилата се направени од висококвалитетен не’рѓосувачки челик правејќи го првокласен производ подготвен за долгогодишна употреба без никаков проблем. Спирализерот има четири издржливи ногарки со гумени подлошки и јазичиња за брзо и лесно отпуштање. За да работи не му се потребни батерии или електрична енергија.

Спирализерот е одличен за сите кои се на „жива“ храна, вегетаријанци, вегани, како и за оние кои сакаат да јадат повеќе зеленчук и да практикуваат здрав животен стил.

Претворете го кој бил цврст зеленчук или овошје во шпагети, подебели ленти или неверојатно тенки и долги ленти во вид на панделки. Направете декорации кои изгледаат професионално, шпагети од тиквички и краставици, кругови од кромид, спирали од компири, елегантни салати, исечкан зеленчук за пица и многу повеќе. Зеленчукот, исто така, може да се преобрази во еднакви парчиња, тенки кругчиња, кратки лентички или мали коцки со засекување на зеленчукот пред сечењето. Спирализерот содржи три видови сечила (за тенки шпагети, за дебели шпагети и право сечило). Тој е едноставен за употреба и лесно се чисти (рачно или во машина за садови).

Погледнете го видео материјалот...
Погледнете го видео материјалот...

Карактеристики и опис:

  • Спирализерот содржи три сечила од не’рѓосувачки челик:
    • Сечило од 3мм за тенки спирали со кое можат да се направат навистина долги тенки шпагети.
    • Сечилото од 5мм за дебели спирали со кое можат да се направат долги, но дебели спирални ленти.
    • Рамно сечило од 3мм за широки спирални ленти со кое се добиваат тенки ленти во вид на панделка.
  • Изработен е од АBS пластика, отпорна на удари која не содржи Бисфенол-А
  • Издржливи ногарки со гумена подлога за стабилност и јазичиња за брзо отпуштање
  • Се користи рачно – не работи на батерии или електрична енергија
  • Може да се користи со разновидно овошје и зеленчук вклучувајќи јаболка, тиквички, краставици, моркови, компири и многу повеќе

Едноставен за употреба

Спирализерот е практична направа, едноставна и лесна за користење:

  • Ставете го спирализерот на рамна работна површина притискајќи го на секоја од ногарките за да стои цврсто и стабилно на подлогата. (Забелешка: Ротирачката дршка треба да биде од вашата лева или десна страна)
  • Едната страна од зеленчукот или овошјето поставете ја и зацврстете ја на малиот метален круг на лежиштето кај сечилата, а потоа од другата страна нежно притиснете го со шилците од ротирачката рачка.
  • Потоа, со едната рака туркајте ја малата рачка, истовремено вртејќи ја ротирачката рачка со другата рака.

Овошјето или зеленчукот мора да бидат најмногу до 25 цм. долги и 18 цм. дебели и не помалку од 1.5 цм. во дијаметар. За почеток, препораки за овошје и зеленчук кои можат да се користат се тиквички, моркови, краставици, слатки компири и јаболка. Можете да правите долги лентички од краставица и дајкон за салата, спирали од јаболка, спирали од сладок компир или чипс од сладок или обичен компир!

Лесен за миење и одржување

Спирализерот може лесно да се расклопи и да се измие со топла вода со благ детергент или да се стави на горната полица од машината за садови. Сечилата треба да се отстранат и измијат на истиот начин. Бидете внимателни кога ги миете сечилата бидејќи се многу остри и не треба директно да се допираат. Едно сечило може постојано да стои активно, а останатите две сечила можете да ги сместите во делот за чување.

Наместете го спирализерот на рамна површина и добро притиснете ги ногарките.

Вметнете го сечилото по ваш избор.

Поместете го држачот да се прилагоди соодветно на големината на овошјето или зеленчукот.

Прицврстете го овошјето/зеленчукот на металниот круг и нежно притиснете со шилците од другата страна.

Кратки совети и информации:

  1. Изберете овошје/зеленчук кое има најмалку 1.5 цм. во дијаметар.
  2. Осигурете се дека ногарките се добро прицврстени на работната површина која треба да биде сува.
  3. Изберете овошје/зеленчук кои се релативно прави. Скратете доволно од краевите на овошјето/зеленчукот за да биде добро прицврстен на шилците.
  4. За време на употребата, отстранете ги сечилата од делот за чување затоа што може да се извалкаат од соковите и исечената храна.
  5. Имајте при рака некој долг тенок предмет (како стапчиња) за да ги отстраните преостанатите делови од овошјето/зеленчукот коешто може да се заглави во средината на сечилото.
  6. Димензиите на уредот се: (Д х Ш х В) 30 х 15 х 22 цм.
  7. Гаранција: 1 година.


Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator