Vitamix Pro 500

Цена: 46.200 ден.
41.580 ден.
Заштеда: 10%


Прашајте нè за овој производ

Во магацин: Обично стигнува за:   24h.gif

Еден од најдокажаните брендови од уредите за првокласно блендирање, Витамикс овозможува ненадминливи перформанси за домашни готвачи и професионалци од 1937 година па сè до денес.

Направете ги вашите омилени рецепти со професионална прецизност и ослободете го потенцијалот од секоја состојка со неверојатна брзина.

  • Направете вкусен и здрав сладолед за само 30 секунди.
  • Згответе топла супа од свеж зеленчук за помалку од 5 минути.
  • Изблендирајте свежо овошје и зеленчук за вкусни, густи сокови (смути) богати со растителни влакна за 1 минута.
  • Сечкајте или блендирајте состојки за да добиете вкусни макала, сосови, песта и салци без конзерванси.
  • Смелете интегрални житарки за хранливо брашно за само неколку минути.

Трите програмирани поставки ви овозможуваат да направите стотици рецепти со единствено вклучување на копчето, додека копчето за менлива брзина и функцијата за пулсирање овозможуваат флексибилност и креативност.

Овој блендер, исто така, е многу моќен – врвовите на сечилата достигнуваат брзина и до 386 километри на час - па дури и најжилавите состојки ќе бидат беспрекорно изблендирани! Плус, ако ја користите уникатната мешалка за да ги обработите густите смеси и состојки, ќе спречите формирање на воздушни празнини.

Изработката од нерѓосувачки челик овозможува овој блендер да изгледа одлично на вашата работна површина, а поврзувањето метал со метал меѓу садот и основата осигурува максимална издржливост и долготрајност.

Садот од 2 литри, отпорен на кршење, е посебно дизајниран да создаде моќен вртлог за темелна обработка на состојките. Лесно може да додавате состојки додека блендирате благодарение на помошното капаче.

Овој блендер е ергономски дизајниран за удобност и контрола со мека дршка и контролни копчиња, лесни на допир. Светлото на индикаторот ви овозможува да знаете кога програмираниот циклус е при крај. На крај, со почетното ДВД и книгата со рецепти ќе добиете пристап до 300 единствени рецепти од врвни готвачи – за да можете веднаш да започнете!

Опис на производот:

Три програмирани функции:

  • смути
  • замрзнати десерти
  • топли супи

  • Обединува функции на 10 кујнски уреди
  • Квалитетен издржлив контејнер од 2.0 л. направен од Eastman Tritan™ кополиестер
  • Уникатна рачка за екстремно моќна обработка
  • Hammermill сечила од не’рѓосувачки челик
  • Регулатор на број на вртежи од 1000 до 37000, со турбо брзината
  • Менлива брзина на сечилата од 18 до 386 km/h
  • Доверлив уред со голема сила и професионален квалитет
  • Мотор: 2 коњски сили, 220-240 V, 50 Hz, 1.200 W
  • Тешка основа, речиси неуништива
  • 7 години гаранција
  • Повеќе од 80 години традиција
  • Произведен во САД


Димензии на уредот:

  • Висина: 51 cm. (комплет со садот од 2.0L.)
  • Длабочина: 21 cm.
  • Ширина: 18,5 cm.
  • Тежина: 5 kg.


Пакетот содржи:

  • Vitamix Pro 500
  • Сад за влажна обработка 2.0L
  • Уникатна рачка за екстремно моќна обработка
  • Книга „Креирајте“
  • ДВД со рецепти и лекции за готвење

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator