Црна хималајска сол – Кала Намак, ситна, 1000 гр.

Цена: 220 ден.


Прашајте нè за овој производ


Црната сол – Кала Намак е посебен вид минерална сол која се користи со векови во индиската кујна за готвење или како зачин. Има многу необична арома која потсетува на варени јајца. Кога се меле на мали кристалчиња, всушност ја менува бојата до розево-сива. Освен специфичниот вкус, таа е позната и по исклучителните здравствени придобивки. Во Индија, црната сол се препорачува за луѓето со висок крвен притисок и оние кои се на исхрана со ограничено внесување на натриум затоа што содржи помалку натриум и не ја зголемува неговата количина во крвта. Исто така, помага во надминувањето на проблеми со гасови во стомакот, киселини во желудникот и слаба дигестија.
Нејзиниот карактеристичен вкус и мирис се должи на присуството на сулфур.
Сулфурот е еден од најважните елементи за нашето здравје и долговечност. Игра клучна улога во многу ензимски реакции, во структурната јачина на косата, кожата, вилиците и зглобовите, како и во процесите на клеточно регенерирање. Овозможува детоксификација на црниот дроб и ткивата, неопходна за преживување на нашите клетки и органи. Сулфурните соединенија помагаат да се намалат штетните ефекти од отровите, тешките метали и други штетни хемикалии! Зголемените нивоа на отрови во нашата храна, вода и воздух, во комбинација со недоволно квалитетната исхрана, предизвикуваат осиромашување на сулфурните резерви – со што се компромитира здравјето и се забрзуваат дегенерацијата и воспалителните процеси во организмот. Црната хималајска сол, покрај високите нивоа на сулфур содржи и цела палета од минерали во трагови - вистински дар од природата.

Неколку придобивки благодарение на Кала Намак се:

  • го подобрува слабото варење
  • го исфрла вишокот вода во телото
  • ги намалува гасовите во стомак и киселините во желудник
  • го регулира крвниот притисок
  • овозможува оптимален баланс на електролитите во организмот

Црната хималајска сол е одличен зачин за многу јадења и може да се употребува:

  • во салати
  • во супи
  • со овошје
  • со месо и риба