Lansinoh шишенца (160ml) за чување млеко (4 парчиња)

Цена: 950 ден.
660 ден.
Заштеда: 290 ден.


Прашајте нè за овој производ

Во магацин: Обично стигнува за:   24h.gif

Знаеме дека работевте напорно за вашето ценето мајчино млеко и ви е потребно безбедно чување. Токму затоа нашите шишиња за чување имаа посебно дизајнирани дискови кои спречуваат истекување.
Шишињата за чување на млеко на Lansinoh® се ексклузивно дизајнирани за подолго и побезбедно чување на мајчиното млеко.
Еве го нашето решение за да го олесниме пумпањето. Нашиот нов систем пумпај-зачувај-нахрани овозможува да испумпувате директно во шишињата, да ја прикачите цуцлата во приородна форма NaturalWave™ за моментална употреба или да се затвори за подоцнежна употреба.
Исто така, пробајте ги нашите ќеси за чување млеко кои не протечуваат за подолго чување или замрзнување.

Карактеристики за производот:

  • Одговара со рачната и електричните пумпи на Lansinoh®
  • Одговара со повеќето други стандардни пумпи за млеко
  • Можат да се мијат во машина за садови и да се замрзнуваат
  • Без бисфенол-а и бисфенол-С

Што значи знакот „Без БПА и БПС“ на пакувањето?
Хемикалијата бисфенол-А (БПА) е општо позната по нарушувањето на хормоните. Однесувајќи се како натрпник наместо естрогенот, БПА се поврзува со рак, дијабетес тип 2, депресија, срцеви заболувања и многу други. БПА може посебно да биде опасен за време на бременост, во раното и подоцнежното детство – дотолку што многу влади во светот го забранија БПА во производство на бебешки шишиња (како и на други производи).
Хемикалијата бисфенол-С некои производители ја користат како пластификатор, во многу случаи се користи како замена за бисфенол-А. Бисфенолот-С е, исто така, нарушувач на хормоните, но е дозволен за производство на бебешки шишиња и слични производи.
Бидејќи безбедноста е врвен приоритет за Lansinoh, презедовме содветни мерки за да се осигураме дека нашите шишиња Lansinoh® mOmma® и цуцлите NaturalWave® се без БПА и БПС.
Дополнително, сите наши производи кои можат да дојдат во контакт со мајчиното млеко се без бисфенол-А и бисфенол-С.
Lansinoh® е посветен на обезбедување решенија за доење така што секоја мајка може да дои толку долго колку што ќе избере. Мајките кои користа Lansinoh® производи треба да се чувствуваат сигурни знаејќи дека користат безбедни и ефективни производи за какви било потреби кои можат да ги имат за време на доењето.

Погледнете ги останатите производи на Lansinoh

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator