CoQ10 Plus 100mg w/Flaxseed&CLA

Цена: 1.570 ден.


Прашајте нè за овој производ

Овој производ во моментов не е достапен.
Обично стигнува за:   not_available.png

Што е Q-Best®

Коензимот CoQ10 PLUS на Naturade содржи Q-Best®, последната генерација од формулите CoQ10. Q-Best® е формулација која е патентирана и клинички е докажана дека се карактеризира со супериорна апсорпција и биодостапност во организмот.  Q-Best® во овој поглед е супериорен во однос на сите останати досега познати форми на CoQ10.

Коензимот CoQ10 PLUS на Naturade исто така дополнително содржи конјугирана линолеична киселина (CLA) и масло од ленено семе за дополнителна потркрепа на срцевото здравје и клеточната функција.

Во регистрирана клиничка студија на луѓе, Q-Best® покажа 800% подобра апсорпција од CoQ10 во прав и 440% поголема биодостапност од CoQ10 во прав!

Некои карактеристики кои го прават Q-Best® различен од другите:

  • Без кристали и без употреба на растворувачи
  • Мешавината од три вида на липиди ја спречува кристализацијата и ја максимизира абсорпцијата
  • Без хемиски адитиви
  • Потполно природен

Коензимот CoQ10 е клучен фактор во производството на биохемиска клеточна енергија која е одговорна за 95% од сета произведена енергија која ја користат клетките. Q-Best® помага во дополнувањето на нивоата на коензимот CoQ10, обновувајќи ја енергијата и поткрепувајќи го срцевото и мусклулното здравје.

Што е коензим CoQ10?

Коензимот  CoQ10 е моќен антиоксидант кој игра витална улога во продукцијата на биохемиска енергија во митохондриите - „електричните централи“ на клетката. Тој е есенцијален елемент во производството на енергија, трансферот на електрони, производството на аденозин трифосфат (АТП) и контрола на оксидативните реакции. Како антиоксидант,  CoQ10 ги заштитува мембраните на митохондриите и холестеролот од оксидација.  CoQ10 се произведува во телото и служи како ко-фактор во оксидативното дишење за Кребсовиот циклус и во синџирот за пренос на електрони. Производството на коензимот CoQ10 се намалува со текот на годините, а исто така и заради терапиите со лекови, како и заради разноразните болести. Се покажало дека употребата на статинските лекови за намалување на холестеролот, значително ги намалуваат нивоата на коензим CoQ10 во организмот.

Многу производи со коензим CoQ10 не се апсорбираат добро бидејќи не е важна внесената количина, туку клучна е апсорбираната количина. При производството и формулацијата на Q-Best® CoQ10 се користи напредна технологија, природен процес и сосема природни нутриенти за да се максимизира абсорпцијата.

Упатство: За возрасни - една капсула на ден со оброк и чаша чиста вода.

Предупредување: Ако сте бремени, доите или примате некои лекови, консултирајте се со вашиот лекар пред да го земете овој продукт. Ако искусите некои негативни реакции, прекинете ја употребата и консултирајте се со лекар. Ако заштитната обвивка под капачето е искината или недостасува, не користете го производот. Затворете го добро шишето и чувајте го на темно и суво место на собна температура.  
ЧУВАЈТЕ ГО ВОН ДОФАТ НА ДЕЦА.

supplement-facts-co-q10

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator