Complete Cleanse, каспули, 2х60х500мг

Цена: 1.680 ден.


Прашајте нè за овој производ

Овој производ во моментов не е достапен.
Обично стигнува за:   not_available.png

Прочистете  го  и  подмладете  го  вашето  тело
Чувствувајте се одлично во текот на целиот ден


Секој ден, вашето тело е изложено на штетни токсини од околината, хемикалии и загадувачи кои можат да се наталожат во вашиот дигестивен тракт. Лошите прехранбени навики, рафинираната и преработена храна можат да доведат до слаба дигестија која резултира со намалена енергија, подуеност, раздразливост, наталожување на масни наслаги и вишок килограми. Прочистувањето никогаш не било поважно!

Complete Cleanse системот за прочистување и подмладување, е научно усовршен за да го поттикне отстранувањето на штетните токсини. Нашите безбедни хербални и биоактивни вегетаријански капсули не содржат глина, дејствуваат синергетски, користејќи безбедни, потполно природни нутритиенти за внатрешно прочистување на  натрупаните масни наслаги, токсини и несакани материи во дебелото црево.

Complete Cleanse е единствена патентирана мешавина од висококвалитетни ботанички состојки спакувани во вегетаријански капсули, кои се лесни за голтање, специјално усовршени за поефективна биолошка апсорбција.

  • Прочистува, ревитализира, подмладува и енергизира;
  • 15-дневен третман за елиминирање на штетните токсини;
  • Безбедни, патентирана ботаничка формула, без глина;
  • Помага во дигестијата и нежно ја поттикнува редовноста на столицата;
  • 100% природни, вегетаријански капсули, кои се лесни за голтање.

На моќен, а сепак на доста нежен начин Complete Cleanse ја поттикнува нормалната детоксификација на интестиналниот тракт и овозможува здрава дигестија, без грчеви и оптимална апсорбција на нутритиентите. Complete Cleanse, може да ја подобри исхраната и резултатите на тренинг-програмите за победување на уморот, да помогне во намалување на вишокот килограми како и да го редуцира непријатниот „подуен стомак“ предизвикан од гасови во цревата.

Чекор 1: Детоксифицира и  подмладува
Хербални капсули за моќна, потполно природна, хербална детоксификација на виталните органи во човековиот организам. Оваа патентирана формула ги интегрира енергизирачките хербални екстракти за да ја стимулира здравата функција на интестиналниот тракт и да го врати природниот баланс на вашето тело.

Чекор 2: Прочистува и заштитува
Капсулите со растителни влакна се наменети за внатрешно прочистување на дебелото црево и за поттикнување на создавањето, растот и развојот на здрави пробиотици (корисни бактерии) во цревата. Патентираната мешавина од моќни, а сепак нежни биоактивни растителни влакна, е направена да ги апсорбира и да ги отстрани токсините и несаканите материи од дигестивниот тракт и цревата.

Упатство за употреба: во период од 15 дена, секое утро и секоја вечер, земете 2 хербални капсули и 2 капсули со растителни влакна, со 250 мл. вода.

Ви го претставуваме
Complete Cleanse™
Програма од 15 дена за здрав почеток!
Потполно природна
Без вештачки бои или состојки
Без ГМО
Вегетаријанска формула
Без глутен

Supplement-facts_CompleteCleanse

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator